Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Голема бариера во црквата сме и ние, самите свештенослужители, кога немаме срдечност, кога повеќе покажуваме двоен и лажен морал, отколку духовен живот. Кога во црквата се создава осудувачки дух, кога верниците помеѓу себе се оговараат, се осудуваат, кога свештеникот ги суди оние кои доаѓаат со многу гревови, кога во црквата владее моралистичко и стерилно студенило,
Покајанието е прв степен кон осветувањето.
Најпрво, оној кој се подготвува за исповед треба да го испита своето срце. За тоа е потребно човекот да се подготвува неколку дена – да пости, да чита духовна литература, поинтензивно да се моли, да чита совети и поуки за светата Тајна Покајание, да се потсети на своите гревови и да ги запише.
Христос влезе во Ерусалим и излезе на доброволни страдања за нас кои се именуваме со Неговото име.
А ние? Ќе го сведочиме подражавајќи го Неговиот живот или ќе ни биде само декор во нашите животи и ќе го бараме само кога ни е тешко?
"Затоа ви велам дека оној што не ја разбира Светата Литургија и ја релативизира на каков било начин, тој ниту ја разбира Црквата, ниту има претстава што направил Христос за него; за жал, токму во овие тешки услови за сите нас и се уверивме во тоа.
Држете се за Светата Литургија по секоја цена, бидејќи надвор од Светата Литургија нема познание на Бог,
Просфората e ранохристијанска традиција која потекнува од првиот век. Таа е специјален леб кој е печен и принесен на Црквата и се подготвува зa светото заедничарење(причестување). Зборот просфора значи нешто што се принесува, или бескрвна жртва која ја симболизира Крсната жртва на нашиот Господ Исус Христос.
Секој влегува во овој живот низ мајкината утроба, секој заминува од овој живот низ смрт и гроб. Тоа е правило. Само што за нас кои веруваме во Христа смртта повеќе не претставува мрачна бездна, туку раѓање за нов живот и враќање во својот дом. Гробот за нас повеќе не е вечен мрак, туку само една врата на која нè чекаат сјајни ангели Божји.
Да се знае дека Христос умре - е историја.
Да се верува дека Тој умре за мене - тоа e Спасение.
-Свети Теофан Затворник.
Кога дојдоа луѓе кај старец Кирил Павлов и почнаа да зборуваат дека сега има многу луѓе во црквите и дека може да се надеваме дека верата кај луѓето почнала да се зацврстува, отец Кирил рече да наполнат полна кофа вода.
Кога го повикаа, тој рече: „Ова е бројот на луѓе кои сега одат во храмовите“. Потоа рече да се истури оваа вода.
Во таква состојба маловерниот не го отфрла свесно постоењето Божјо, но се сомнева во Неговата семожност, милосрдие или Промисла. Со своите постапки, приврзаности, со сета устроеност на својот живот тој ѝ противречи на верата која ја исповеда со зборови. Таквиот човек никогаш не се задлабочува дури ни во најпростите догматски прашања, плашејќи се да не ги изгуби наивните претстави за христијанството, често пати неточни и
Оваа година ќе претставиме три нови изданија од нашата издавачка дејност, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Старец Тадеј“, „Ти си ми сѐ“ и „Проповеди на големите христијански празници“.
На 19.4.2023 година, во Господа се упокои ставрофорниот протојереј Јован Таковски – најплодниот црковен деец и ерудит од поновата историја на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.Со својот беспрекорен интелект, учителствување, беседништво и
На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство.
Икона Божией Матери, прославившаяся чудесами в уделах Богородицы – на Афоне, в Иверии (Грузии) и в России – названа по имени Иверского монастыря на Святой горе Афон.
Первое известие о ней относится к IX веку – временам иконоборчества, когда по приказу еретической власти в домах и храмах уничтожали и предавали поруганию святые иконы.
Во издание на Управниот одбор при МПЦО „Св. Јован Крстител“, Капиштец, Скопје излезе од печат Монографија за храмот „Св. Јован Крстител“, Капиштец од проф. д-р Ацо Гиревски, протопрезвитер
Често размислувајте за смртта и за се што ја следи и што ќе дојде по неа, па од се извлечете за себе поуки, потхранувајте ја својата срдечна придобивка на Божјата волја.
Притоа, со сите сили настојувајте во вообичаениот тек на вашите работи секогаш да правите дела според заповедите Божји