логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT653

Во издание на библиотеката Небесни цветови при Манастирот св Атанасиј Велики Журче нова книга, за прв пат на македонски јазик

*Десетгласна духодвижна труба на старецот
*Овој живот - арена за борба

„ПРЕПОДОБЕН ЈОСИФ ИСИХАСТ“ - МОНАХ ЈОСИФ,
Превод Сестринството на Слепченскиот Манастир Св Јован Претеча

 

 

Книгата може да ја нарачате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на https://www.facebook.com/svjovanpretecha?mibextid=ZbWKwL

 TVIT654

Предговор:
Брате во Господа и мој драг читателу!
            Бидејќи гледам дека жеднееш како елен и дека, не само што се стремиш кон изворите на небесните води од Божествена благодат, туку и со огнена Љубов ги посакуваш, така и јас, поттикнат од Божествениот Дух, по словото Господово, го поставувам на светилникот на светлината она што го преполнува моето срце (Мт. 5, 15), опојасувајќи се, да не бидам осуден заедно со оној лукав и неблагодарен слуга, кој го сокрил талантот на дарот Божји.

Ако и ми недостига ученост, сепак јас, вооружувајќи се со божествена смелост, се зафаќам за овој труд и, заборавајќи ја мерата на својата неспособност и незнаење, се потпирам на молитвите на светите Отци наши, со помош Божја и со содејство на вашите молитви започнувам да го откривам особеното и делумно простото монашко и подвижничко житие и тоа на каков начин се добива посакуваното за оној кој се стреми да го добие Небесното Царство и да стане причесник на вечните блага по благодатта и човекољубието Божјо.

Ти возљубен не се оптеретувај со изучување на моите зборови, но читај ги почесто, додека тие не се запечатат во длабочината на твојата душа, и тогаш таа, зачната, ќе донесе обилни и добри плодови, а ти ќе ми оддадеш голема благодарност за добиената полза. И не обраќај внимание на моите зборови ако ти се чинат прости и бесполезни, затоа што тие се подвижнички слова на Отците, просветлени од Благодатта Божја, од кои јас се научив и од чии плодови според мојата мера вкусив, и затоа што јас како необразован, вложив многу труд за да го напишам ова. А сега готови ги поставувам пред очите твои, буквално како трпеза со разновидна храна или како рај од сладости, исполнет со различни плодоносни дрвја.
             И така, ако сакаш да стекнеш полза, не одлагај, но кинејќи плодови, непрестајно вкусувај ги и помазувај ги своите рани со целебниот балзам, исцелувај ја својата душа, за да го достигнеш Вечниот Живот и да ги избегнеш прелестите на древниот непријател, кој неотстапно владее со нас, лишувајќи нѐ од спасението. Да биде така Господи, да се избавиме од лукавиот и со Тебе, Најслаткиот Бог наш, да се просветлиме од Вистината „Јас сум Патот, Вистината и Животот“ (Јн. 14, 6), во Која е Твојата слава и великата милост. Амин.

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и...

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Митрополит Струмички г. Наум: Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Но, оној што ќе го стави својот ум во процес на исцеление - преку послушание кон духовниот отец, и кој правилно чекори по патот на очистување на своето срце од...

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

« »

Православен календар

 

10/12/2025 -среда

Божикен пост; (строг пост)

Св. маченик Јаков Персијанец; Седумнаесет Индиски преподобни маченици; Преп. Роман Чудотворец; Преп. Пинуфриј; Преп. Натанаил;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември  2025

Тропар на светиот Христов вмч. Јаков Персијанец 10 декември/27 ноември 2025

Сите се восхитија на доблесното трпение, кое ти многустрадален го покажа во неискажливите страдања: прекрасни благодарствени молитви вознесуваше кон Господа,

Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември  2025

Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември 2025

Столб на трпение стана, кога преподобно ревнуваше како праотците,Јов во маките, Јосиф во искушенијата,и живот на бесплотните во тело.

Тропар на светиот Климент Охридски 8 декември/25 ноември  2025

Тропар на светиот Климент Охридски 8 декември/25 ноември 2025

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,со делата си се издигнал преблажен,кон божествен и блажен живот.Со чудеса си...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная