Великопосен концерт (25.03.2015)

На 21. 03. 2015 година, во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес се одржа Великопосен концерт на црковниот младински хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, со кој раководи диригентката Веселинска Маџарова - Андова. Овој концерт се одржува втора година по ред во чест на најторжествениот настан во животот на Мајката Црква, а тоа е Воскресението Христово.







Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, на 28 спроти 29 март 2015 лето Господово, во храмот "Рождество на Пресвета Богородица" во Скопје, ќе се служи сеноќно бдение, со почеток во 22.00 часот.









































