Чудото на св. вмч. Георгиј со аждајата!
Тогаш царот ја повика својата ќерка и нареди да ја накитат многу убаво. Жалеше и плачеше по неа заедно со домашните, но не можеше да ја погази одлуката, божем божествена, а всушност де-
монска, за принесување на децата како жртва. И тој ја даде својата ќерка како жртва на богот на адската бездна, а самиот набљудуваше сѐ од палатата. И ја одведоа девојката на одреденото место на брегот на езерото.






– Зошто тогаш се случуваат толку несреќи? Нели Бог промислува за сите?
Вознемирен сум од владеачката тишина. Нешто се подготвува. Уште не сме сватиле како треба, ниту во какво време да живееме, ни тоа дека ќе умреме.Што од тоа ќе призлезе, незнам, ситуацијата е многу тешка. Судбината на светот зависи од неколку луѓе, но Бог сепак уште ја држи сопирачката. Потребно е многу и со болка да се молиме, за Бог да се замеша во она што се случува ..
Ново сонце ќе засветли над упокоените, и од гробовите свои на Христос пофалба ќе Му принесат.
Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма,
Оние коишто се брзаат да станат духовни отци, а сè уште имаат духовни отрови, наликуваат на зелени дуњи, та колку шеќер и да им ставиме, нема да направиме вкусно слатко, а и да го зготвиме брзо ќе се скисели. Пофалните зборови и големите вистини имаат вредност само кога се изречени од вистинска уста, а ги восприемаат само добронамерните души и големите луѓе што имаат чист ум.
Рамнодушноста кон Бога, носи рамнодушност кон сè друго; носи морална дегенерација. Верата во Бога е голема работа. Кога човекот верува во Бога, тогаш ги сака и своите родители, своето огниште, своите роднини, својата работа, своето село, општината, својата држава и татковина. А, некој што не Го сака Бога и своето семејство – не сака ништо, затоа што и татковината е едно големо семејство...
Архиепископот Пимен, уважениот и возљубен наш епископ, на 90-годишна возраст, неодамна се зарази со коронавирусот. Во понеделник вечерта беше однесен во болницата Матеј Балш, во Букурешт, Романија. Чудесно е тоа што тој служеше во соборниот храм на Митрополијата, но никој од свештениците кои се причестиле од истиот путир не е заразен!
Со благослов на Корејскиот митрополит Амвросиј, во Чонџу беше поставен камен темелник за идниот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица. Поради пандемијата на церемонијата присуствуваа само неколку верни од оваа парохија.
Еве еден знак:
Значи, целта на досега напишаното е една: да ја загреам вашата душа, да ве поттикнам на ревност и да ви побудам желба за најслаткиот наш Исус, како што во војската генералите им раскажуваат за подвизите на храбрите војници така што ги поттикнуваат да се борат бестрашно. Но, и тие што пишуваа за животот на Светиите и ги објавија нивните слова, го сторија тоа со таа цел.
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение.
Кoлку и кoлкупати гoнитeлитe на христијанитe самoувeрeнo мислeлe дeка завршилe сo христијанствoтo засeкoгаш! Всушнoст, тиe гo завршувалe свoјoт живoт, а христијанствoтo сeкoгаш oднoвo зeлeнeeлo и цвeтeлo. Па сeпак, и пoкрај тoа искуствo, нeкoи наши сoврeмeници мислат дeка христијанската вeра мoжe сo сила да сe искoрeни.
Бог ни испраќа покани да Му се приближиме. Не нѐ принудува на сила да Му пристапиме, туку ни дава многу причини за да Го љубиме. Да си помислиме само дека пред сите векови, пред да се создаде светот, уште тогаш Бог нѐ имал во Својот ум, го знаел секој еден од нас, ја имал таа љубов кон нас, за наше спасение. Он ја имал намерата да не погинеме, да не пропаднеме далеку од Неговото лице.
Во местото Нарна тече голема река. Таму во едно село имало еден богат човек со многу слуги, меѓу кои и еден Арап, кој долго време му служел верно и затоа многу го сакал. Неговата жена била чесна и чиста, не гледала во други мажи и имала голема љубов кон света Богородица, па затоа и света Богородица ја возљубила и покажала милост кон неа. Т
Кој е ава Доротеј? Ава Доротеј од Газа живеел кон крајот на шестиот и почетокот на седмиот век. Уште од рана младост започнал со изучување на светските науки, особено ја сакал реториката. Откако го оставил земното благо, се замонашил во манастир помеѓу Аскалон и Газа, во Палестина, и останал некое време кај познатите старци Варсануфиј и Јован.
И да запаметиме: Бог е толку добар, што сите ние, и свештеници и лаици, и верници и неверници, имаме многу повеќе дарови Божји одошто „заслужуваме“, и во „квантитет“ и во „квалитет“; за да може овој свет, колку-толку, нормално да живее. Тешко нам, ако Бог ни судеше според нашите дела. И жално, што ова не можеме да го видиме, а истовремено и не веруваме.
Овој татковски став на старецот, беше погрешно сфатен од некои конзервативни пуританци, кои жалеа, и некои неодговорни прогресивци, кои славеа, поради истата причина: затоа што старецот наводно ги „толерира“ плотските гревови. Не разбираа дека гревот не се победува, ниту со нетрпеливо осудување на грешникот, ниту со задолжително легализирање на падот во грев. Старецот се бореше ефикасно со гревот, љубејќи го грешникот
А потем сите го виделе Господа, како се вознесува на небо... А на Арсениј Му се обратил со зборовите:" Арсeниј! Јас тебе нема да те заборавам!" Такво јавление се случило.
























