логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 …И на сите да им откријам во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сè преку Исуса Христа, та многуразличната премудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на началствата и властите небесни, според предвечното определение, кое Он го изврши во Христа Исус нашиот Господ, во Кого, преку верата во Него, имаме слобода да се доближуваме до Бога со доверба (Ефес. 3, 9-12).

Целата икономија и сето она што Бог го изврши за да го спаси човекот, било тајна сокриена во Него. Божјата промисла за човекот била тој да не пребива во падот, да се ослободи од пленството на сатаната; Господ направил една поголема мрежа, во која го уловил дури и самиот сатана, којшто го сметал за свој триумф тоа што успеал да го порази образот Божји, неговата најубава творба. Господ им дал на луѓето можност – се разбира по слободна волја – да се вратат не само таму во почетокот, какви што биле создадени од Бога, туку и да стигнат и многу подалеку, да станат вистински чеда Божји. Творецот има сѐ во Својот ум, бидејќи не сака човекот да загине. Он не го љуби твојот порок, не го сака гревот, не ти ја сака погибелта. Он е Бог и прави сѐ за да го спаси човекот. Замислете си што значи тоа Семоќниот Бог да прави сѐ само за да го спаси човекот! Единственото што не го прави, не затоа што не може, туку затоа што не сака, е да му ја одземе слободата на човекот. Никогаш не ни ја одзема слободата.


Бог ни испраќа покани да Му се приближиме. Не нѐ принудува на сила да Му пристапиме, туку ни дава многу причини за да Го љубиме. Да си помислиме само дека пред сите векови, пред да се создаде светот, уште тогаш Бог нѐ имал во Својот ум, го знаел секој еден од нас, ја имал таа љубов кон нас, за наше спасение. Он ја имал намерата да не погинеме, да не пропаднеме далеку од Неговото лице. Само тоа да го помислиме и доволно е, бидејќи е навистина силно доживување и веднаш ќе почнеме да се топиме од бескрајна благодарност кон Бога. Од една страна ја гледаме бескрајната љубов Божја, а од друга, за жал, нашата извалканост, гревовите и страстите, ништо друго освен безумни постапки со кои ѝ пречиме или ја спречуваме Божјата промисла за нас и нашето спасение. Бидејќи гревот несомнено не е ништо друго, освен нашето сопствено искуство, нашата согласност со сатаната за да се попречи Божјата волја за нашето спасение.

И така, Божјата љубов, мудрост и промисла им станале познати на целата твар, на ангелите, на началствата и властите, на сите небесни чинови. Но дури и ангелите не знаеле како Бог ќе го спаси човекот. Затоа, се вели: Тајната сокриена од памтивек и непозната за ангелите. Тие ја гледале и чувствувале Божјата љубов, но не го знаеле она кое што се открило преку Пресвета Богородица, преку Овоплотувањето на Бога Словото, Кој стана Човек заради нас. Токму во таа тајна, вели апостол Павле, се открива многуобразната мудрост Божја, која е толку разнолика, толку богата, толку многустрана. Бог не е нешто еднострано. Од каде и да Го погледнеш Он е совршен, Божјата мудрост е совршена. Навистина, ако човек има барем малку чист ум и духовен мир и се обиде да сфати како Бог управува со сета твар, со сиот наш живот кога потполно ќе му Го довериме и кога сѐ ќе си е на место, без да Му се мешаме во Неговата промисла, тогаш не може, а да не се восхити од мудроста Божја.

(Продолжува…)

30ти април 2020 лето Господово

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/go-ljubime-li-boga-part-1/?fbclid=IwAR1_dmiZFAp8Ojj6Jg8Lr6SDvMYwgnTx3b4XrG-G7KtcdJTfq5qZzrWT0I

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1922
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1722
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…