Псалм 50 - Покајничка молитва

1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја
добрина избриши ги беззаконијата мои.
2 Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја
добрина избриши ги беззаконијата мои.
2 Измиј ме темелно од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев
Икона на Мајката Божја која што се наоѓа во келијата на Свети Нектариј Егински на островт Егина во Грција, и која е направена на Света Гора специјално за него по Божјо видение.За ова икона тој ја напишал химната за Богородица "Света Дево, Владичице, Нескверна Богородице Радуј се Невесто Неневесна .... ".Од иконата се шири огромна благодат и благоухание,
Овде лежи тајната на божествениот начин на живот, кој е самиот живот на Христос – смирението, што сесрдно го подражаваше и Старец Софрониј во текот на целиот свој живот. „Смирението на аскетско ниво – објаснува Старец Софрониј – се пројавува кога човек се смета за најлош од сите грешници, додека пак, на ниво на обожение, смирението се открива како љубов, која се дава слободно и целосно“.
Еднаш се потопи еден брод. Се спаси само еден бродоломник, којшто успеа да стигне до едно пусто островче. Се обидуваше да преживее, постојано надевајќи се дека еден ден ќе помине брод да го земе. Поминуваа денови, седмици, месеци и ништо…
Тогаш не само што нема да грешат јавно и нема да им се предаваат на телесните излишности, туку и одвнатре, во движењето на срцето, не би допуштале ништо што на Бога не Му е угодно. Тогаш созданието би стоело како што на бојно поле стои војникот пред царот, со сето внимание и строгост кон себе, за да не испадне дека не си ја знае должноста, та да не падне под гневот и казната царева.
Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле ќе станат погласни од нашите молитви.
На 27ми окромври 2019 година, кога Македонската Православна црква-Охридска епархија молитвено го прослави споменот на преподобна Параскева (Петка), во храм кој го носи нејзиното име, во скопската населба Црниче, Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на свештенството од Скопската епархија и ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Архиерејска Божесвена Литургија.
Ако си направил грешка, сега имаш можност да ја претвориш во златна прилика. И таа можност постои во секој миг. Дури и нашите гревови и нашите страшни падови, кои за жал ги имаме, ако ги исползуваме, стануваат големи благодејанија. Ако пристапиме кон раната со смирение и покајание, тогаш таа навистина се исцелува. Станува извор на смирение и покајание, на голема скрушеност и благодат кај човекот. Не зборувам за самиот грев, туку за правилниот однос кон искушението.
Нeма ништo пoбeднo oд чoвeк кoј вo часoт на бeдата ќe гo напушти надeжта вo Бoга и прибeгнува кoн срeдства за спасувањe спрoтивни на закoнoт Бoжји. Таквиoт чoвeк нe самo штo нe успeва да сe спаси и да ја пoправи свoјата надвoрeшна пoлoжба, туку уштe ја губи и душата.
Какo штo сo Бoжјата прoмисла сe дава исцeлитeлна и чудoтвoрна сила на oсвeтeната вoдица или на oсвeтeниoт eлeј, истo така, таква сила сe дава и на икoнитe. Eдeн чудeн примeр на чудoтвoрна сила на свeтитe икoни спoмeнува св. Атанасиј Вeлики. Вo градoт Вирит живeeл нeкoј христијанин пoд кирија вo нeкoја куќа.
Со овие прекрасни и силни зборови на јеромонахот Кирил Пеј-чиновиќ, нашиот мудар преродбеник и игумен на Лешочкиот манастир, го започнувам овогодинешното поздравно слово упатено до сите Вас, почитувани читатели на новиот двоброј 12/13 на епархиското списание „Огледало“. И навистина нема подобри зборови од Кириловите со кои можам да Ве поздравам, а истовремено и да Ве посоветувам...- Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф
Благоразумниот, бидејќи ја разбрал исцелителноста на Божествените судови, со благодарност ги поднесува сите казни коишто според нив го снаоѓаат, не сметајќи никого друг за нивен предизвикувач освен своите гревови. А неразумниот, што не ја познал премудроста на Промислата Божја, грешејќи и бивајќи укоруван, гледа на Бога, или на ближните, како на причина за своите неволји.
Петар му рече на Господовиот ученик и големиот тајнопроповедник, богоглаголивиот Тома:Го видовме Господа! А тој рече: Ако не ги видам раните од рацете Негови, нема да поверувам, викаше Близнакот. Тогаш Господ , Кој како слуга дојде сакајќи да ги спаси сите, му рече на Тома:Допри ги рацете Мои и ребрата, и не биди неверен, бидејќи Јас сум твојот Бог и Господ. А тој со покајание повика:Ти си мојот Бог и Господ.
Оној којшто својата совест ја смирил преку покорност кон духовниот отец до најголема мера, тој секојдневно ја исчекува смртта како сон, или подобро кажано како живот, и не се плаши, бидејќи сигурно знае дека не од него туку од неговиот духовен отец ќе се бара да положи сметка за него во часот на неговото заминување од овој свет.
Обично се жалиме, аргументирајќи дека на нашиот пат кон спасението се чувствуваме неудобно поради оние кои нé опкружуваат и поради неповолните околности со кои мораме да се соочиме, закучувајќи дека е невозможно да се најде некое тивко место за да се скриеме од празнината што ја има насекаде. Во такви ситуации забораваме дека во нас постои ‘‘едно скриено и мирно катче во срцето’’ (1. Петар 3:4). Забораваме дека е
„Старец Јосиф беше духовен генерал и учител на умно-срдечната молитва, поучен од Бог. Имаше недостижна љубов кон Пресвета Богородица. Заради Неа сè поднесуваше со трпение, и од Неа го доби великиот дар на молитвата на срцето. Се удостои многупати да Ја види во неговиот краток, но ангелски живот. Каде има денес луѓе како него да изречат благодатни зборови? Неговото чисто срце непрестајно ја кажуваше молитвата: ’Господи Исусе Христе, помилуј ме‘, и во него пребиваше Светиот Дух“.
Оваа танатофобија, оваа длабоко вкоренета патологија во човекот, произлегува од недоволна вера во животот вечен. Не сме Го спознале Христа како што треба. А Он секогаш ни вели: „Не плачи, не се плаши, стани, разбуди се, излези од материјалниот свет“. Да Го послушаме и да излеземе, се разбира, мисловно и во духовна смисла,
Уметноста и начинот на кој ја доживуваме се манифестираат на најразлични начини: моќна емоција, провокација за размислување, хумор, а честопати и чувство на здодевност. Некои луѓе сакаат да ја доживеат во тишина, други, пак, имаат потреба динамично и гласно да ја коментираат. Многумина ќе посакаат да направат фотографии и да ги објават на социјалните медиуми. Она што е важно за уметноста е само дека ја доживувате, а не е важно како го правите тоа.
Пoтoа св. Андрeј oпишува какo Гo видeл Христа Гoспoда: “И кoга нeкoја oгнeна рака ја пoвлeчe завeсата, Гo видoв мoјoт Гoспoд какo нeкoгаш прoрoк Исаија, какo сeди на вoзвишeниoт и прeвoзвишeн прeстoл и сeрафими стoeја наoкoлу. Бeшe oблeчeн вo црвeна кoшула, сo прeсвeтлo лицe, а Нeгoвитe oчи прeљубeзнo глeдаа вo мeнe. Кoга Гo видoв, паднав ничкум прeд Нeгo пoклoнувајќи сe на сјајниoт и страшниoт прeстoл на Нeгoвата слава.
Добрите луѓе се како свеќа. Ќе се изгорат себеси за да им дадат светло на другите.
Затоа подобро човек да е сиромашен со добро срце, отколку богат со лоши намери.
Зашто на крајот од денот нема да се сеќаваме на луѓето со прекрасно лице.
Ќе се сеќаваме на оние со прекрасно срце и душа.