Митрополит Струмички Наум - Светов го опфаќа една нова заразна болест...
“Светов го опфаќа една нова заразна болест - бесчуствителност кон оние што страдаат. Ај кај светските моќници, но кај обичните луѓе?
Се' повеќе сум убеден дека ако не научиме да сочувствуваме, на дело, во страдањата на другите, тогаш ќе научиме од сопствените страдања.“






Некој богат човек имал ќерка, по име Ефимија, која била толку побожна и живеела така богоугодно што уште како дете отишла в манастир и никојпат не изостанувала од црковните богослужби; била и многу убава. Колку повеќе растела, толку поубава станувала, а заедно со телесната снага растела и нејзината духовна сила, па сите се чуделе на нејзината светост.
Во поттекстот на сите тие поплаки за отсуство на свеста стои едно убедување дека мислењето е предуслов за свеста. Се смета дека свеста е логична последица на мислењето. Затоа и се верува дека со покачување на степенот на образованието (просветата) ќе се стекне таа толку посакувана човечка свест. За жал, работите, како и многупати досега, се поставени на глава наместо на нозе. Никакво образование, никаква просвета не гарантира свест.
По повод случувањата во последните денови – прекин на светите богослужби поради новопојавениот вирус, би сакале смирено да го изложиме ставот на Светата Црква за тоа дали се пренесуваат болести преку Светите Тајни или преку нејзините средства за осветување - поклонувањето на светите икони, целивањето на раката на свештениците, како и посетувањето на светите храмови.
Ако целиот се облечеш во кроткост и не се гневиш, нема уште многу да се помачиш за својот ум да го ослободиш од ропството. Додека не ја здобиеме вистинската молитва, ние личиме на оние кои децата ги учат да одат (односно треба нашиот ум да го исправаме и подигаме во молитвата, кога тој се двои од Бог, сѐ додека не се зацврсти). Бори се да ја врзеш својата мисла со зборовите на молитвата, или подобро – да ја заклучиш во нив.
Значи, треба да се стремиме кон почесто причестување, но подготвени. Рековме, целиот наш живот треба да биде подготовка за тоа. Оние што живеат под духовно раководство: се трудат да живеат според Божјите заповеди, ги пазат постите, го исполнуваат молитвеното правило, го читаат редовно Светото писмо, се исповедаат и имаат благослов од духовникот, можат редовно да пристапуваат кон Причеста. И причестувањето да биде дел од еден нормален животен ритам.
Животот се случува во меѓувреме... кога отсуството на црква е Црква Света, а братот за кого си слуга е идниот непријател. Нека ме отфрли сè, ама јас, Оној што е животот во мене – ќе си игра согорување, милување. Ќе ги измијам нозете, чиниите, ќе напишам уште збор-два, час-два не ќе правам ништо. Меѓувреме е време на сознание. Меѓувреме е сонот кој треба да буди.
Од античко време во Кина има идеологија - „Интеграција на човекот во природата и природа во интеграцијата на човекот“, која покажува, дека барањето за единство меѓу идеологијата и законот има долга историја. Легалистот Хан Феизи предложи дека „Работите може да се завршуваат од помошниците, но главните права мора да бидат во рацете на државен раководител.
Нашиот Старец еднаш рече дека за да ја познаеме болката на другите и да им донесеме утеха, треба и ние претходно да имаме поминато низ истото искушение. Во моментите кога ќе се помолиме за болни или хендикепирани луѓе, кога ќе се обидеме да ја разбереме нивната болка, а и да посакаме да пробаме да сострадуваме со нив, неминовно и одненадеж се појавува прашањето: можеш ли на себе да ја преземеш таа болест?
Кога стапил на цариградскиот престол Лав Исавријанец, беше кренал гонење против иконите, мислејќи дека нивното почитување е идолопоклонство. Во тоа време многу православни владици и христијани пострадале од него затоа што му се противеле.
Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.
Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост, 27 март 2020 г., во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На 27.03.2020 Во храмот Пресвета Богородица-Гостивар ,Повечерие со 4 Акатист на Пресвета Богородица богослужеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф со свештеници на Гостиварското намесништво.
Подоцна, кога пак завладеало православно христијанство, истиот човек одново ја украсил својата црква со свети икони и со други украси и направил бања при црквата. Додека бил жив тој човек, ја чувал и ја украсувал црквата, а особено бањата што покажувала лековито дејство на оние што се миеле со чиста и цврста вера. Но кога умрел Антониј, бањата запустела и многу од мермерните плочи се разнесле, немајќи кој да се грижи за неа. Црквата му била доверена на еден свештеник да ја чува.
Како да се развие слух на сочувствителност, срдечност, искреност? Задачата е каде-каде посложена од просто совладување на зборовите: „благодарам“, „повелете“ или „молам“. Внимателност кон другиот, чувството за другиот – тоа е вистински услов за развивање на слух за сочувствителност, срдечност, искреност...
Ова е предизвикувачко време за нови искуства, би се рекло една можност за рестартирање на нашиот навидум „застарен“ софтвер преземен од лукав и силен „соперник“ (читај: систем), којшто често со себе носи голема моќ и контрола; којшто, впрочем, откако го беше оддалечил човештвото од правилниот курс на пловење, ни го одзел милиот човек од себеси. Го одделил детето од мајка си. Денес сме сведоци на тоа дека човештвото „појде во барата“, а човекот длабоко завлегол во еден навидум
И ете, на крај, ако Господ Нашиот Создател ја почитува нашата слободна воља ќе може ли да ве замолам да не ја злоупотребуваме ние нашата и да ја почитуваме вољата на другиот. Во овие моменти барем да ја почитуваме вољата за живот на сите оние кои се плашат од пандемијава?
Кинеската конфучијанска цивилизација се залага за идеологијата „Слушнав само за луѓе што дојдоа да студираат, никогаш не сум слушнал да се бара од другите да бидат поучени“. Затоа Кина не се залага со сила да ги распространува конфучиските идеи во други земји и затоа не постои институционализиран трибунал во Кина. Не само што немало религиозни војни заради различните доктрини, туку напротив, се појавил комбиниран начин во развојот, и на крајот е оформена локализација на разните религии.
























