логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba 
 Н. Е. Џанг Ѕуо,
Амбасадор на Народна Република Кина

  3.angeli.so.truba

Значењето на хармоничниот соживот на

верскиот плурализам во Кина

2 дел

 

3.angeli.so.truba


 Комбинирањето е основа на хармоничниот соживот на верскиот плурализам


Кинеската конфучијанска цивилизација се залага за идеологијата „Слушнав само за луѓе што дојдоа да студираат, никогаш не сум слушнал да се бара од другите да бидат поучени“. Затоа Кина не се залага со сила да ги распространува конфучиските идеи во други земји и затоа не постои институционализиран трибунал во Кина. Не само што немало религиозни војни заради различните доктрини, туку напротив, се појавил комбиниран начин во развојот, и на крајот е оформена локализација на разните религии.


Во античка Кина, врз основа на митовите за „трите императори и петте цара” е формирана основата на традиционалната култура, која што е со голема почит кон предците и кон небесата. На пример, Конфучијанизмот е за идеологијата „Добротворната личност ги сака другите“, Даоизамот е за „учење од природата” и „управување со ништо“, а Будизмот верува „Бидете добра личност, не правете зло и правете само добри дела“. Трите религии реализираат општ личен развој. Главниот е Конфучијанизмот, со соживот на Таоизмот и Будизмот. Ниту една од нив не е на државно ниво, и само се вкоренети во народот. Во средината на VII век, откако Исламот беше воведен во Кина, исламската цивилизација и Конфучијанизмот беа комбинирани преку двонасочна и меѓусебна интерпретација, преку начините „толкување на Куранот со конфучијанизмот“ и „толкување на Конфучијанството со Куранот“. Потоа, Исламот стана религија на повеќе од 10 етнички групи, како на Хуите, Ујгурите, Казахстанните и др. Исламската цивилизација се прилагодува на развојот на кинеското општество, станува органски дел од кинеската култура, и игра активна улога во соживотот на сите религии.

 

3.angeli.so.truba
По Исламот во Кина било воведено Христијанството, во време на династиите Танг и Јуан, но на почетокот не било успешно. За време на династијата Минг и Чинг, Христијанството по трет пат доаѓа во Кина и започнува да прави одреден напредок во изградбата на цркви и своето ширење, и полека влегува во горната класа на кинеското општество. Сепак, во периодот од 17-ти до 18-ти век, западните мисионери дебатираа за кинеската традиција и ритуали. Во врска со прашањето дали кинеските обожаватели можат да го обожаваат Конфучие и да ги обожаваат кинеските предци, и небото и земјата, папата од Рим одлучи да им забрани, што директно доведе до 100 годишна забрана за ширење на христијанството во Кина. Како резултат на тоа, властите од династијата Чинг се спротиставија на оваа одлука, и строго ги стопираа мисионерските активности на Христијанството, што доведе до уште еден прекин на ширењето на Христијанството во Кина. Четвртата посета на Христијанството во Кина беше придружена со империјалистичката флота и пушки. По потпишувањето на неправедните договори по Опиумската војна, Христијанството ги користи своите привилегии во мисионерските активности и ги прошири црковните сили во Кина. Од крајот на 19 век до почетокот на 20 век, во борбата за националната независност и социјалниот напредок, кинескиот народ започна движење за самостоен развој. Како резултат на тоа, христијанската култура и традиционалната кинеска култура постепено се спојуваа сред конфликтите.


По основањето на Народна Република Кина, религиите се залагаа за развојот кон кинезација. Извршуваа реформи односно религиозните системи, кои не ги исполнуваа барањата за општествените промени. Будистичките, таоистичките и исламските верници спроведоа демократски реформи, ги укинаа феудалната хиерархија и системите на угнетување и експлоатација, исто така се ослободија од контролата и злоупотребата на реакционерната владеачка класа. Со воведувањето на антиимперијалистички патриотски движења, католицизмот и христијанството тргнаа на патот на функционирање на независни цркви, ослободени од контролата и употребата од империјализмот и странските сили. Религискиот развој со кинеските карактеристики му дава на светот пример за хармонични религиозни односи и важна демонстрација за заштита на мирот и дијалогот помеѓу луѓето во целиот свет.

 3.angeli.so.truba


(3)    Управувањето според законите е рецепт за хармоничен соживот на повеќе религии во Кина


Застапниците на кинескиот конфучијанизам велат „работите што ние не ги сакаме, не е во ред да  бараме од другите да ги прифатат“. Таа идеологија стана норма за справување со политичките односи и начинот на коегзистенција на различните цивилизации во Кина. Централните власти од сите династии се фокусирале на управувањето на верските организации и религиозните активности, врз основа на усовршени правни системи за верско управување.


По обединувањето на Кина за време на династија Чин, се појави „Си Луи„- одговарајки верски ритуали, и е важно одделение во компонента на „законот на династијата Чин“.  Во ова оделение, има разни функции за управување на религиозната етика, на пример, функцијата Тајпу - за прогноза, Фенчанг - за ритуалите во храмовите, Џиаосе - за ритуалите на периферијата. Традицијата продолжува и во подоцнежните династии. Врз основа на династијата Чин, династиите Северен и Источен Хан изработиле официјален закон за националните ритуални активности. Потоа, по проширувањето на будистичката моќ, правните норми, поврзани со религијата станаа се побогати и систематизирани. Дури и за управувањето на монасите има специфичен закон и државни организации. Првиот религиозен закон во историјата е изработен во текот на династија Суи (581г.-619г. ) и се вика „Џонгчин Фаши„- ги означува законските правила за развојот на Будизмот.


 За време на династијата Танг исто има специфичен државен закон за управување на религиозните активности, организациите и др. Во текот на наредните династии, како на Сунг, Иуан, Минг и Чинг, воспоставен е, и усовршуван и монашки службен систем за зајакнување на управувањето со монасите и монахињите. Во врска со искуството за управување со будизмот, владата основала институции за управување со таоизмот, христијанството и исламот, со цел строго управување на активностите на верските организации, како што се оддобрување на изградбата на храмови, издавање на уверение за монах или монаниња... Според законите, забранувани се верските собранија со голем број на луѓе. Во врска со деталите за некои верски работи, монасите се управуваат себе си.


За време на династиите Јуан и Чинг  големо значење и беше дадено на сплотеноста со верските водачи. Формирани се институции за управување со верските работи на етничките малцинства.  Со оглед на посебниот статус на живиот Буда во тибетскиот будизам, реинкарнацијата на живиот Буда постепено беше вклучена во опфатот на управувањето од централната власт и државните закони. Во 1792 година, владата на Чинг издаде декрет дека „Декларациите за златното шише“, спроведени за избирање на Големиот жив Буда, пребарување и одлучување на „духовно момче“ , сите ритуали мора да бидат оддобрени од централната власт и потоа ќе имаат валидност. Начинот на управувањето со „Златната ждрепка од златни шишиња“ не само што ја поддржа врховната власт на централната власт и го заштити суверенитетот на земјата, туку и религиозно ја отелотвори „правната пресуда“ на Шакијамуни.


По завршувањето на Студената војна, се појавуват постојани противречности и конфликти меѓу различните религии и религиозни правци во светот, кои станаа тешки проблеми за глобалното социјално управување. Кинеските комунисти инсистираа да ги третираат религиозните проблеми како главно прашање при управувањето со земјата. Управувањето мора да биде според закони и регулативи, затоа донесоа „Правила за религиозни работи“ и „Административни мерки за реинкарнација на жив Буда во тибетски будизам“ и сл., кои  што создадоа нов пример за глобалното верско управување.

 3.angeli.so.truba

 

Продолжува...

 

Скопје, 26ти март 2020 год.

 

 

 Друго:

3.angeli.so.truba

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 232
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 679
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 897
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »