Схиархимандрит Инокентиj: "Нека ви биде според вашата вера"
А потем сите го виделе Господа, како се вознесува на небо... А на Арсениј Му се обратил со зборовите:" Арсeниј! Јас тебе нема да те заборавам!" Такво јавление се случило.
Јас вe призивам кон тоа, вие да бдеете овие 40 дена ( после Воскресението Христово) и да ја золемите благотворителната дејност. Оти може да се случи некој да го сретне Господа.






Не остави штурци да шепотат
Во светот во кој живееме заборавивме да помислиме на било кој друг, освен на себе. Нашата генерација заборави да се грижи за другите, опседнати сме со самите себе, до таа мера што не ни е грижа за она низ коешто поминуваат другите. Ова е вистината со која секојдневно живееме. Заборавивме и како, воопшто, да не знаeме како
Секој еден христијанин кој ќе ја дознае и разбере класификацијата на душевните разболувања според нивните степени, како и класификацијата на степените на духовниот развој; и кој ќе ги разликува, барем теоретски, одредниците на границите меѓу степените на душевното разболување, како и меѓу степените на духовниот развој; таквиот, не може а да не сфати, колку е битно да си ја знае состојбата и колку е битен подвигот на восогласување
Послушанието во себе содржи се. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.
Сепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште не се скаменети. Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на Отците да ја испразниш во нивните уши, и чуда пред нивните очи да направиш, дури и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка корист нема да добијат.
Оттука во неговата состојба после падот човекот повеќе не ужива во состојба на единствено ментално здравје; сите ние сме болни до различни степени на скалила помеѓу болеста и здравјето. Како заштитна мерка за себе вообичаено е да се направи остра и понекогаш арбитражна разлика помеѓу она што се мисли за здраво и не здраво, обично на сметка на оние помеѓу нас кои што се поболни и поранливи. Ние сите се движиме ранети.
Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите.
Многубројните деструктивни поделби меѓу православните, во рамките на една и иста Православна Црква, се индикатор на различни психопатолошки состојби. Поделбите се, самите по себе, дијагноза. Исто така, и социјалните мрежи се идеална платформа за експлицитно
Пред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет...
Воскреснатиот Христос не е само човек кој некогаш живеел, туку е Богочовек Кој е секогаш со нас. Воскресението Христово не е некој настан од минатото, туку тоа живее во црковниот живот. Ние не сме некои луѓе што теоретски веруваат во Бога, туку сме членови на Неговото воскреснато Тело. Христос нѐ повикува да Го допреме,
Вистината е она што го вкусуваме во литургиското искуство и заедничарење. Ја вкусуваме со душата и телото. Вистината е Господ Кој се прекршува а не се разделува, Кого секогаш Го јадат а никогаш не исчезнува по осветувањето на оние што се причестуваат. Кој е „Лебот Небесен, што го храни сиот свет“. Кој е единствената надеж што го спасува севкупниот човек.
“Нeма пoкoј на зeмјата за oниe кoи сакаат спасeниe”, гoвoри св. Eфрeм Сирин. Бoрбата e нeпрeстајна, билo да e надвoрeшна или внатрeшна. Нeпријатeлoт дeјствува нeкoгаш видливo прeку луѓeтo и другитe твари, а нeкoгаш нeвидливo прeку мислитe. Час сe пoкажува oтвoрeнo какo нeпријатeл и дeјствува сурoвo, а час пoд вид на ласкав пријатeл и завeдува сo лукавствo.
Таа, Родителката на Божјата Премудрост, ги потврди Божјите зборови, искажани преку мудриот Соломон: слушајте, цареви и разберете, поучете се, судии, од краиштата на земјата. Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите со бројноста на вашите народи! Господ е Оној, Кој ви ја подари власта, а силата е од Севишниот; Тој ги проучува вашите дела и ги проверува вашите намери… (Мудр. 6,1-3).
Во нас има два живота: телесен и духовен. Духот наш како да е погребен во телото. Кога ќе почне да воскреснува, оживeан со благодатта Божја, тој излегува од скриеноста под телото и дел по дел се појавува во својата духовна чистота. Кога целиот ќе излезе од оваа заробеност како од гроб, излегува во обновен живот и станува жив и делателен сам по себе.
Патека не ни посла
Дошол млад човек кај духовникот со прашање:
Излезе од печат 53-от број на „Православна светлина“. Во овој број, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.
Радувај се, Живоносен Извору, кој вечно испушташ благодат, од кого се излеваат исцеленија, и кој ја уништуваш силата на секоја зла болест! Прогледување на слепите, божествено очистување на лепрозните! Од тебе тече секое лекарство за болестите, за сите оние што приоѓаат кон твојот храм со вера; голема и општа лекарко, бесплатна и навистина брза, Мајко на Словото Христа, Кој на светот му точи милост голема.
























