Сеноќно бдение во манастирот на св.Никола, с.Љубанци (18-19.12.2019)
Во чест на празникот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, презвитер Горан Стојчевски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, во село Љубавци(Скопска епархија). Бројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.Во оваа прекрана ноќ, додека градот беше обвиткан во магла, св.Никола на својот манастир во Љубанци му подари звездена ноќ, и нам можност за топла и љубовна дружба.






Затоа Тој и им кажа: дајте им вие да јадат. Не очекувајте некој друг да го реши тој проблем, не земајте пасивна улога во решавањето на било кој проблем во животот. Не одложувајте ја помошта што можете да им ја дадете на луѓето. Не бидете скржави во милосрдието.
Преку отворите на умот,
„ На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господ,
„Затоа, многу е важно за сите вас што живеете во брак да се одрекувате од својата сопствена волја и да ја претпочитате волјата на другиот кога ќе има препирка, а препирките најчесто се за безначајни работи, знаете и самите. Откажи се од својата волја, нека биде волјата на другиот, сеедно дали на жената или на мажот (секогаш се смирува подуховниот и оној што љуби повеќе).
Како што минуваше времето сѐ повеќе и повеќе клевети беа напишани против Старецот Ефрем Филотејски и против манастирите што тој ги основа во Америка. Не знаеме што имало во мислите и срцата на оние што пишуваа осуди против овој голем Старец и неговото дело, но неговиот завет и натаму продолжува да се одржува преку благодатта на Светиот Дух. Да не гледаме ништо освен благословот што ни беше даден на сите нас преку него.
Вечерта излегов на балконот од својата ќелија. Се загледав во небото посеано со безброј ѕвезди. Отец Ефтимиј дојде тивко кон мене: -Гледате во небото? Видете какво е великолепието и убавината на созданието. А како тоа, и зошто, за тоа не треба да се размислува. А ќе дојде време, многу од тоа ќе се разбере, па и тоа како да ја достигнеме големата молитва. Со разум тоа нема да го сфатиш. Неопходно е просветление (со Духот).
И така, живеејќи во послушание и одрекувајќи се од својата волја, сите ќе живееме во Божјиот план за нас, и во Божјата волја и промисла за нас. И, кога ќе ја примиме таа телеграма дека ноќеска ќе ни ја побараат душата, нема да се вознемириме, оти сѐ што имаме, сѐ што сакаме, сѐ што љубиме на Христа Бога сме Му го предале. Па, и нашата душа нема да оди не знам каде, во некаков рај со јадење и пиење и други земни наслади, туку ќе оди во прегратките Христови.
Кога станува збор за новомедиумската уметност во Македонија, ретки се примерите на примената на најновите технологии, а уште помалку сме навлезени во доменот на интер и трансдисциплинарноста на уметноста со други области. Еден од сјајните случаи за овие најсовремени визуелни изрази во уметноста кај нас е примерот на младата уметничка Кристина Пулејкова која е стационирана во Лондон каде живее, работи, истражува и се надообразува.
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

Св. Авакум патувал сo ангeлoт. Св. Мирoпија видeла мнoштвo ангeли и пoмeѓу нив бил св. Исидoр мачeникoт. Св. Атанасиј Пeчeрски два дeна бил мртoв за oвoј свeт, а жив самo за oнoј. Пo враќањeтo на нeгoвата душа вo тeлoтo, сe насoбралe oкoлу нeгo и гo прашувалe: “Какo oживeл? Штo видeл? Штo слушнал?” Тoј нe сакал ништo да кажe бидeјќи бил сиoт вo ужас oд oна штo гo видeл вo oнoј свeт, нo самo рeкoл:
Камо да немаше потреба да зборуваме, денес, за ова безумство човечко, за коешто зборува Христос во денешното евангелско четиво (види: Лука 12, 16–21). Но, за жал, постојат такви моменти и такви луѓе, кои Бог Го препознаваат како Оној Кој ги расипува нивните планови, Кој го „упропастува“ нивниот живот, и не Го гледаат како добар и благ, како љубовен и сострадален Бог. И во денешното евангелско четиво гледаме човек чии планови, желби и волја се апсолутно спротивни на Божјата волја и промисла за него самиот
После двете светски војни – војните се par exellance грев – современиот човек ја загуби благодатта на Светиот Дух. Без Светиот Дух, пак, не може да ја појми божественоста Христова. Да поверуваме дека овој човек кој е вистински, е Создател на светот, ги надминува нашите можности. Да поверуваме дека Самиот Бог се воплоти, дека нe повика да бидеме вечно со Него, еве, тоа е она што им недостига на многумина, особено на учените.
„Значи, енергијата на вашиот организам има одредена структура. Тоа е, може да се каже, структура обележена со вашата индивидуалност. Ќе наведам пример. Постојат различни крвни групи. Ако на човекот му се даде крв која не е од неговата група резултатот може да биде најжалосен: туѓата крв за него ќе се претвори во отров кој ќе го убие. Од каде можете да знаете како вашата енергија, која поседува одредена структура, ќе делува во другиот организам?
Во посета на Свештената Бигорска Обител денес дојде Претседателот на Р. Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од Старецот и игумен, Архимандрит Партениј со братството. Посетата на благочестивиот Претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае
Доаѓа староста и смртта, човекот посакува да ожнее нешто од својата нива, но никаков плод не наоѓа. Само понекогаш во неговиот грешен живот имал намера да направи некое добро дело. И човекот жали што го проживеа својот век не здобивајќи добри дела за идниот живот.
























