логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Vselenski.sobor

“И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?“

Дедо Наум:
Луѓето што се крстени си мислат дека и автоматски се христијани, но не сфаќаат дека нивните дела не го говорат истото. Најмногу ги издава нивната внатрешна насоченост кон барање, а не кон давање – како што Богочовекот Христос го даде Својот живот за спасение на човекот и светот.

Клучна грешка што таквите христијаните ја прават е тоа што не го восогласуваат начинот на својот живот со степенот на духовниот развој, и со местото и улогата што ги имаат во Црквата и општеството. Многумина не ни знаат дека воопшто постои некакво восогласување, а и тие што чуле – би требало посериозно да се однесуваат.

Ретко кој чул за „петте контролни точки“ како единствен автопсихотерапевтски метод на христијанската психотерапија, преку кој се надминува секое искушение во нашиот живот, од најмало до најголемо. И, ретко кај кого да видиш денес дека ја бара Божјата правда, наместо човечката.

Малкумина се свесни за коренот на дуализмот што го живеат во себе при изборот помеѓу привлечноста на световното и потребата од Божественото. Не знаат дека се повикани да ја преобразат создадената енергија на својот ум преку примарната функција на умот – молитвеното единство со Бог, така што и во својата секундарна функција – комуникацијата со овој свет, истата енергија да дејствува преобразено. Ова дејствување во Литургијата на Црквата се нарекува духовен разум.

Многумина не размислуваат и не дејствуваат согласно новите личносни односи, кои се воспоставуваат со воплотувањето на Синот Божји од Марија Дева и Светиот Дух. Во Црквата, ние стануваме Божји синови, Богородица е наша мајка, а Богочовекот Христос е наш брат, по благодат. Тие остануваат религиозни, заробени од словото што убива.

Христијанскиот идентитет е единствен идентитет што Христијаните го имаат. Тие не можат да се поистоветуваат со држава, нација или партија, а притоа да не ја изгубат Божјата благодат, својот христијански идентитет, како и сето она со коешто се поистоветуваат. Христијанинот има само пастирски однос кон сите форми на овосветско човечко организирање и само поради тоа може на сите да им стане сѐ – само некого за Христос да придобие. И оваа јасна Евангелска порака испаѓа дека не е јасна.

И, како сега јас да ви објаснам дека исихазмот, а не активизмот, е одговор на сите искушенија што ги носи со себе современиот модел и начин на живот?

Затоа, најмногу чувај се од тоа што си мислиш дека си, а не си!

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

 

Избор од фб профил на

Monika Nikolova

 15ти декември 2019 лето Господово

 



                    



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2610
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2406
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…