логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 7.Vselenski.sobor

Скопје,15ти декември 2019г.-храм Рождество на Пресвета Богородица

7.Vselenski.sobor

(26та недела по Педесетница)

Евангелие на денот:

Свето евангелие според светиот апостол Лука 12:16-21

 

7.Vselenski.sobor

Денешното Евангелско четиво е точната дијагноза на потрошувачкиот менталитет на денешниот човек и последиците од тоа. Затоа треба да се посвети големо внимание и детално да се проучи. Господ Бог зборува за некој богат човек кој бил окупиран од грижата за стекнување материјално богастство. Во случајот да се работеше за сиромав човек таа грижа би била разбирлива за да обезбеди опстанок на своето семејство. Четивото вели дека нивата на богатиот човек родила но никаде не се споменува дека тој му благодарел на Бога, за родот требало да каже „Боже ти благодарам за овој род и богатиот принос бидејќи можеше да биде суша или поплава или пак голeм студ и мраз и нивата ништо да не роди, но Ти Господи дари благопријатно сонце, доволно вода и мојата нива роди богато.“ И ние треба да се запрашаме колку му благодариме на Бога. Дали сме се прекрстиле во постела штом сме се разбудиле здрави и живи. Има луѓе што се болни и цела ноќ не заспале или немаат кревет и кров на главата. Овој богат човек размислувал со земна материјална мисла да изгради нови поголеми амбари за да го собере родот од нивата а на својата душа и вели: одмарај се, јади, пиј и весели се. Ова е буквално формулата на денешницата, што повеќе разонода ,храна,алкохол и забава. Луѓето денес така го живеат животот и тоа им претставува главна смисла и цел во него. Јади, пиј и весели се исто како и на богатиот човек. Ако правилно размислуваме ќе си речеме фала ти Боже ќе има храна за моето семејство. Ќе можам да помогнам на оние кои немаат, ќе дадам на вдовиците и на оние со многу деца, на сираците, на болните, но тој ги заборави луѓето околу себе го заборави Бога.

7.Vselenski.sobor

Но Господ му ја побара душата а со неа ги носиме само своите дела и како после смрта богатиот човек ќе ги задоволи своите потреби кои ги задоволувал преку телото јадел, пиел, се веселел. Тоа е всушност пеколот, човек окован од своите страсти и похоти, во вечноста ќе страда. Православните теолози ни откриваат дека во текот на животот богатиот им робувал ма страстите, на стомакот. Бил себичен и саможив а после смрта тоа не ќе може да го има. Пеколот не го создал Бог туку човекот со својот начин на живот и со својот однос спрема Бога и ближните. На крајот Господ вели така е со секој оној кој мисли дека е богат а не се богати во Бога. Овде јасно се искажува дека богатството не е само по себе проблем, туку погрешен однос спрема него и богатството загосподарува над човекот и тој го заборава и губи Бога. Човекот треба да се богати со Бога и во Бога. Тоа и се гледа и од корените на самиот збор Богатството и како почнува овој збор „Бог" во основата. Вистински богати луѓе се во суштина „Светителите“ бидејќи се пребогати со Божјата Благодат и сите ние сме сиромашни во помала или поголема мера.

7.Vselenski.sobor

Како што реков живееме во време и цивилизација како и овој обезумен богаташ. Но од тој начин на живот можеме да се отргнеме само со молитвен подвиг и вистинско каење и да се потсетуваме секојдневно дека смртта во секој момент може момемнтално да ни ја одземе секоја овоземска слабост и приврзаност. Сите еден ден ќе умреме и тоа треба да го имаме на ум и не да бидеме лесноумни и како богаташот од денешното Евангелие. Нажалост кога луѓето говорат за смртта мислат и зборуваат за некој друг а ретко кога мислат за себе. За жал денешната психологија на нас луѓето е следна и многу од нас секојдневно го слушаат и од својте сограѓани следново: „Земи се што ти пружи животот" - тоа е една голема лага која многу луѓе се прелажале. А вистината е - тоа што го кажал апостол Павле - „Пазете добро како живеете не како немудри туку како мудри, користете го времето бидејќи деновите се лоши и не опивајте се со вино бидејќи виното носи разврат туку исполнувајте се со Дух Свети. Затоа да го читаме Св. Писмо и Св. Апостол Павле и да се трудиме за спасение на нашите души, за време на овој наш овоземен живот што ни го подарил Бог и да се трудиме што повеќе да му се посветиме на Бога и да му угодиме со добри дела за да се здобиеме за вечен живот. АМИН

 7.Vselenski.sobor

Скопје, храм Рождество на Пресвета Богородица,

15ти декември 2019 лето Господово

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2608
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2405
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…