Божиќно писмо – И.А. Илин
Г
ледаш ли ти, дека човекот е осамен тогаш, кога никого не љуби. Затоа што љубовта е слична на нитка, која нè сврзува со саканиот човек. Па така ние правиме букет. Луѓето – тоа се цвеќиња, а цвеќињата во букетот не можат да бидат осамени. И ако само цветот расцвета како што треба и почне да благоуха, градинарот ќе го земе во букетот.
Така е и со нас, луѓето.






Зошто воопшто би го празнувале Христовото раѓање, ако пред Бадник и на Бадник сме дел од сите „традиции“, а на Божиќ наместо црквата ја избираме кафеаната?Божиќ е празник на оние што му се радуваат на Христос, а не на оние што им се восхитуваат на народните традиции, но како и да е. Христос ќе се роди пак за сите.Треба да се фокусираме на она што е еднакво важно за секој граѓанин, без разлика на верата и етничката припадност. Дали може да им се стави крај на поделбите, на омразата, на општество, кое е како со нож поделено?
Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на Божикната Литургија организираше Божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња. Оваа година на забавата со своето присуство не почести и министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи.
И сега денот на милоста ја покажа својата вредност!


На Гoспoда Исуса Христа, рoдeн вo Витлeeм, првo Му сe пoклoнилe пастиритe и мудрeцитe (ѕвeздаритe) oд Истoк, значи, најпрoститe и најмудритe на oвoј свeт. И дeндeнeшeн најискрeнo Му сe пoклoнуваат на Гoспoда Исуса Бoга и Спаситeлoт најпрoститe и најмудритe на oвoј свeт. Расипаната прoстoтија и пoлуучeната мудрoст oтсeкoгаш билe нeпријатeли на Христoвoтo Бoжeствo и на Нeгoвoтo Eвангeлиe. Нo кoи билe oвиe мудрeци oд Истoк?
Подготви се, Витлееме, отвори се за сите, Едеме, украси се Ефрате, зашто дрвото на животот во пештерата процвета од Дева; нејзината утроба се покажа мисловен рај, во кого е Божественото дрво, од кое јадејќи ќе живееме, а нема како Адам да умреме. Христос се раѓа, за да го обнови порано паднатиот образ.
Радувај се отче Игнатије богоносецу и чудотворче.
Го праша земјата небото
Исус секогаш ве љубел, а вие сега имате можност да изберете дали ќе одговорите на Неговиот повик. Одговарајќи, вие ја прифаќате жрепката да одите и принесете плод, кој ќе се зачува; да бидете пророци на Христос во светот, во кој живеете; да го љубите својот ближен како самите себеси и сите луѓе да ги направите свои пријатели. Со секој чекор да ја објавувате единствената и безгранична љубов,
Секоја година, без исклучок, пред Божикните празници, се распалува дебатата околу коледарските огнови. Свештенослужителите велат тоа е пагански обичај, а ревносните коледари, на кои огнот, ракијата и колбасите им се најголема светиња, започнуваат со рафали против цела Црква. Сиот клир е прогласен за неморален, среброљубив, расипан, ти се чини како да нема ништо здраво во Црквата, на која и самите тие декларативно ѝ припаѓаат, а најголем дел се и крстени во неа.
Уште треба да се знае, дека човекот не може постојано да биде во едно исто расположение. И тој се менува, како и времето. Добро е да се биде на Тавор, но понекогаш мора да се биде и на Голгота; внимателниот и расудлив човек има многу можности тоа да го разбере. Ах, колку добро зборува за тоа Исак Сирин во 46. беседа.
Во новиот број се сместени содржини со кои би сакале да се обидеме да ги запознаеме верниците што подобро со традициите на црковниот живот, и со учењето на нашата Света Црква, и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. Во рамките на овој број се обработени повеќе теми од нашата православна христијанска вера,
Денес го прославуваме Божик, како и сите големи празници, за духовно да закрепнеме и духовно да се издигнеме, сеќавајќи се на големите настани од историјата на спасението. Црковните песнопенија на овој велелепен празник нè повикуваат со мислите да се пренесеме во онаа неповторлива ноќ во Витлеем, за да ги разбереме даровите од тој 
























