APPEARANCE OF THE BLESSED VIRGIN MARY IN ZEYTUN
They began to bring patients, and miraculous healing from cancer, tuberculosis began to occur. News of the visions spread very quickly, causing a wave of great encouragement from an incredible number of Christians, Muslims, Jews and even unbelievers. Crowds gathered at night reached 250 thousand people.







Спасителот, исто така, кажал: Дојдете кај Мене сите изморени и обременети, Јас ќе ве успокојам (Мт. 11, 28). Различни се бремињата што ги оптоваруваат луѓето, многубројни се, било да се лични, семејни, здравствени, економски или, пак, од општествена природа. Таквите обременувања, повеќе или помалку, ги оптоваруваат секојдневно луѓето.
На едно место Христос укорувајќи ги фарисеите за нивното лукавство и грев на нерасудување, им вели: Тешко вам, водачи слепи, кои велите: Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?
Современиот човек живее со технологиите. Во денешно време, систематската дигитализација на сè изгледа дека плени многу луѓе. Кој не е фасциниран од „паметната“ технологија? Дебатата за вештачката интелигенција е толку интересна што некои се оптимисти, а други песимисти.
Господ му заповедал да молчи (замолкне) и му се заканил да не зборува, за злиот дух заедно со вистината да не ја посее својата злоба, а и ние да се научиме да не се обѕрнуваме на злите духови, макар наизглед тие да ја говорат и вистината. Зашто нам, кои ги имаме кај себе божествените ...



Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се клањате на она што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта
„Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, доведувајќи ги во недоумица со таа цврстина, своите непријатели, ослабнувајќи ја нивната дрскост и влевајќи ѝ храброст на својата сопствена војска.




























