логоFacebookTwitterYouTubeeMail

TVITER21

Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта на сите Свети Отци била непоколебливото раководење според преданието на Црквата. Тие заповедале дека за вистински духовен наставник треба да се смета само оној, кој во сѐ го следи учењето на отците на Источната Црква и со нивните дела го посведочува и потврдува своето учење. Кој пак, мисли и раководи со ближните на принципите на земната мудрост и паднатиот разум, колку и да изгледа сјајно, се наоѓа во состојба на самоизмама и своите следбеници ги доведува во самоизмама. За оној, кој сака да се спаси, светите Отци како непроменливо правило го востановиле духовното предание на Црквата. Затоа, на оној кој сака да живее побожно и благоугодно, тие му заповедаат да се раководи од поуките на вистинските учители или отечки дела, кои одговараат на начинот на живот на секој поединец.


По осум векови од Раѓањето Христово, црковните свети писатели почнуваат да се жалат на недостаток од духовни наставници и појава на многу лажни учители. Заради недостаток од наставници, тие заповедаат ЧИТАЊЕ НА ОТЕЧКИ ДЕЛА и оддалечување од читање на книги, кои се напишани надвор од пазувите на Православната Црква. Колку повеќе времето одминувало од појавата на Божестената светлина на земјата, сѐ повеќе снемувало вистински свети наставници, а се појавувале сѐ повеќе лажни учители; со пронаоѓањето на печатницата, овие последните ја преплавиле земјата како потоп, како горчливите апокалиптични води, од кои многу луѓе умреле со духовна смрт. Ќе излезат многу лажни пророци - најавил Господ - ќе олади љубовта на многумина. И бидејки ќе се намножи беззаконието, ќе олади љубовта на многумина. Ова пророштво се обистинило: се исполнува пред нашите очи. Постои и друго претскажување Господово за карактерот на времето во кое ќе се случи Неговото Второ, страшно доаѓање на земјата. Но Синот Човечки, кога ќе дојде - рекол Господ, укажувајќи на идната судбина на верата - ќе најде ли вера на земјата? На неа тогаш ќе владее лажнонаречениот разум, човечката мудрост, непријателски ориентирана кон верата и Бог.


Свети Игнатиј Брјанчанинов

 

Избор од фб профил на

Risto Tanev

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2763
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1941
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…