Наследството на свети Климент
Свети Климент за нас Македонците е Новиот Павле кој во маки, со дарот на словото и со силата на молитвата, од род во род, грижливо духовно нè раѓа и родителски се труди – наспроти стариот, да се вообличи во нас новиот христообразен човек, оној што го наследува сето она што Христос го подготви со своите распетие, смрт и воскресение.






Денес, на празникот на Светите Тивериополски свештеномаченици – заштитници на градот Струмица, во црквата „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ Архиерејска Божествена Литургија отслужи Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На Литургијата молитвено и евхаристиско учество имаа Митрополитот Струмички г. Наум и Епископот Велички г. Сиониј од Бугарската Православна Црква.
Првото тромесечие во гимназија, ми беше невидена шамарчина. Од континуирано одличен ученик во основно училиште (во времето кога се повторуваа одделенија), првите оценки беа катастрофа. Два на еден за писмена работа по латински, еден на два за писмена работа по математика. Обете - со црвено пенкало заведени во дневникот. Нормално дека, по принципот одложение-спасение, дома не беа пријавени и нормално дека дојде времето суровата вистина да излезе на површина.
Телото е слуга, душата царица и затоа е милост Божја кога телото се измачува со болест, оти тогаш слабеат страстите и човекот си доаѓа на себе. И самата телесна болест се јавува понекогаш како резултат на страстите. Отфрли го гревот и болеста ќе те остави. Оти болеста настанува од гревот, како што вели Свети Василиј Велики (Слово за тоа дека Бог не е пример за зло, стр.213).
На денот кога Македонската православна црква си спомнува за својот молитвен заштитник пред Бога - СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско - гостиварски г. Јосиф и епископот Хераклејски г. Климент отслужи Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје...
Оној кој се смета за почеток на нашата црковна историја, сега според календарот го ставаме и на крајот од присетувањето за таа црковна и духовна историја“. На свечената академија присуствуваа архиереи, свештенослужители, декани, професори, членови на дипломатскиот хор и личности од културниот и политичкиот живот, а свое обраќање имаше и Претседателот на Владата на Република Македонија, господинот Зоран Заев.
На 6 декември во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во село Драчево започна овогодинешното прославување на патронот на нашата Богословија и Црква - светиот Климент, Охридскиот Чудотворец. Прославата започна со празнична вечерна богослужба во драчевската црква посветена на Вознесението на Господ Исус Христос. На вечерната, на која присуствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан,
Свети Климент Охридски слободно може да се нарече втор апостол Павле за Македонија. Во својата богата дејност најмногу настојувал да всади во луѓето вистинско христијанство. Успеал да го всади евангелието во црквата, во просветата, во образованието, во книжевноста, во државодворството и во општествените односи. Се трудел морално да ја препороди секоја човекова личност и да воспостави високоморален поредок во
Во најавата на текстот ги ставив оние зборови на укор од Спасителот кон учениците Негови, о роде неверен и развратен, до кога ќе бидам со вас, до кога ќе ве трпам? Потоа во една беседа „Овој род се истерува само со благодат„, се насети и одговорот дека демоните се изгонуваат со благодат, постот и молитвата се само средства до целта на обожувањето

„Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. Тоа е плод на веќе низата проекти на Епархискиот црковно – просветен совет при епархијата.
Остави го таквиот живот. Чувај се себе си.Чистотата на мислите и срцето немаат цена. Остави ги сите оние кои живеат според телото и нека се фалат со телото, ти душата на Господа положи ја. Нема да се покаеш. Ќе ги добиеш најсовршените дарови , мудрост, кроткост, смирение, трпение, расудување. Колку кон Него прибегнуваш, толку и ќе те дарува.Од тебе зависи.
Она што го собрале, се топи, сè се растура. Ретко и на малкумина се случува болестите, неуспесите и сл. да им се Божјо испитување. Таквите луѓе ќе имаат чиста отплата од Бога. Во тој случај, тие подоцна обично стануваат побогати отколку што биле, како некогаш праведниот Јов. И мнозина од покојниците, чии тела остануваат нераспаднати во гробот, за време на животот извршиле некаква неправда.
Секогаш следи ги советите на своите духовни оци, па времето на твојот живот ќе го поминеш спокојно.
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје организира Научниот собир по повод јубилеите - 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија на тема „Предание и мисија“. Собирот ќе се одржи во свечената сала на Факултетот на
Твојот Господ е Светлина; не оди во мрак и не врши ништо во темнината на разумот, без расудување и разбирање или без вера. Твојот Господ е Бог на милоста и штедроста; биди и ти за своите ближни извор на милости и штедрости. Ако бидеш таков, ќе добиеш спасение со вечна слава.
























