„Повикани сме да бидеме носители, храмови Божји“
Зошто ни се случува сето ова? Зошто денес целото Христијанство е во страшна криза? Поради тоа што голем дел од родителите не постапуваат како Светите Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица. Гледате, тие, иако го добиле своето единствено Дете во длабока старост и, природно, биле многу приврзани за него, сепак, знаеле дека најдоброто место за него ќе биде при Бога, во храмот Господов. Затоа таму и ја однеле Пресветата Дева Марија.