логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Тропар на светата Христова
великомаченичка Текла
24 септември / 7 октомври

Поучувајки се од Павловото словење
и утврдувајќи се во верата од Петар,
ти од Бога повикана Текло, невесто Божја,
се јави како првомаченица и првострадалница помеѓу жените:
поита во пламенот, како на место расцветано,
ѕверовите, јунците,од тебе вооружена со Крстот истапија.
Затоа, ти која благодариш за сѐ на Христа Бога,
моли се да се спасат нашите души.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Коприј
24  септември / 7 октомври

Небесата ја примија твојата светла душа,
а земјата пофални песни вознесува
за ревноста и кротоста твоја во Христа,
о, Коприе свети подвижниче.
воден од Теодосиј великиот благодатта во тебе
го скроти паднатиот, а бесловесните мир наоѓаа во сенката,
која Господ ти ја подари.
Спомни си сега пред Него за нас,
достојнославен оче преподобен.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Симон  монах
24 септември / 7 октомври


Радувај се монаху кој пред Господа се смири,
моли се за нас оче преподобен кој срце за Христа припреми,
застапи се пред Бога за оние
кои пред светиот кивот твој приоѓаат,
ти кој благочестие во Црквата покажа и послужи на Светињата, подигнувајќи го братољубието над честа земна минлива.
Радувај се Симоне Божји угодниче, воскреснат,
за да примиш ганка палмина на мирот Христов.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча


Тропар на преподобниот отец
Галактион Вологодски
24 септември / 7 октомври

Велик си ти пред Господа, Галактионе свети
подвижниче, кој телото го смири,
душа со благодат Божја нахрани,
а Он срце ти очисти и припреми да Го примиш
Несместливиот и да се радуваш со
Вечнопостоечкиот, молејќи се непрестано
за оние кои под покровот на твоите
солзни молитви прибегнуваат.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на чудотворната Икона
на Божјата Мајка наречена
Миртидиотиса
24 септември / 7 октомври

Мајко Христова преблагословена,
Покрове на Христијаните и сите кои припаѓаат
кон Тебе, Радост наша небесна Која сила
чудотворна покажа на Твојата Икона Миртидиотска,
тегоби телесни и маки духовни да лекуваме,
Тебе да Ти благодариме и
Господа Бога да Го прославуваме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот
отец Никандар Псковски
24 септември / 7 октомври

Кога Евангелскиот глас го слушна,
оче преподобен Никандаре: дојдете при Мене
сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам,
земајќи го Крстот, си Го следел Христа,
и оставајќи го светот се всели во пустината.
Со пост и бдение дар Небесен си примил,
да ги исцелуваш душите на болните
кои со вера при тебе доаѓаат.
Затоа духот твој со Ангелите се радува оче преподобен.



 
Извор МПЦ – ОА

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 07/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 vozdvizenie.jpg

Светата првомаченичка Текла рамноапостолна

Родена е во Иконија, од родители прочуени, но незнабожци. Како осумнаесетгодишна девојка била верена за некое момче во она време кога апостолот Павле дојде со Варнава во Иконија за проповед на Евангелието. Слушајќи го Павле три дена и три ноќи, Текла се обрати целосно во Христовата вера и се заветува да живее во девственост. Мајка ѝ, штом виде дека таа веќе ни не гледа на својот вереник ниту помислува на брак, почна најпрво да ја советува, а потоа да ја тепа и да ја измачува со глад. Најпосле ја предаде на судија и бараше да биде со оган изгорена. Судијата ја фрли во огнот, но Бог ја зачува неповредена. Тогаш Текла тргна по Светиот апостол Павле и отиде со него во Антиохија. Привлечен од нејзината надворешна убавина еден градски старешина посака да ја земе кај себе со сила, но Текла се истргна од неговите раце. Тој старешина ја обвини кај кнезот дека е христијанка и дека се гнаси од брак. Кнезот ја осуди на смрт и ја фрли пред ѕверови, но ѕверовите не го ни допреа телото на Светата девица. Восхитен од ова, кнезот ја праша: „Која си ти и каква сила има во тебе што ништо не може да ти наштети?“ Текла му одговори: „Слугинка сум на живиот Бог.“ Тогаш кнезот ја пушти на слобода и таа почна да го проповеда Евангелието и мнозина успеа да ги обрати во вистинската вера. Меѓу овие беше и чесната, угледна девица Трифена. Потоа Текла, со благослов на Св. апостол Павле се оддалечи во едно пусто место близу Селевкија. Овде таа се подвизуваше долго и исцелувајќи болни со чудотворната благодат мнозина ги обраќаше кон христијанство. Лекарите и жреците во Селевкија се исполнија со завист, па испратија некои млади луѓе за да ја осквернат, надевајќи се дека таа, кога ќе ја изгуби девственоста, ќе ја изгуби и нејзината чудотворна моќ. Текла бегаше од оние дрски момчиња и кога виде дека ќе ја фатат, кога се најде пред една карпа се помоли на Бога, па карпата се отвори и ја сокри оваа Света девица и Христова невеста. И таа карпа ѝ беше скривалиште и гроб. За оваа чудесна светителка Св. Јован Златоуст вели: „Како да ја гледам оваа блажена дева како Му принесува на Господа со едната рака девственост, а со другата мачеништво.“

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 240
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 700
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

БEСEДА  за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

БEСEДА за раѓањeтo на Гoспoда Синoт Бoжји

Излeгoв oд oтeцoт, кадe штo имав сè, и дoјдoв на свeтoт, кoј нe мoжeшe ништo да ми дадe. Вo пeштeрата сe рoдил Гoспoд за да пoкажe дeка цeлиoт свeт e...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

БEСEДА  за Давид (02.01.2020)

БEСEДА за Давид (02.01.2020)

Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки...

« »