логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

 

Тропар на зачнувањето
на свети Јован Крстител
23 октомври / 6 октомври

Ти, која порано неплодна беше,
сега развесели се, зашто го зачна Светилото
Кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави
целата Вселена, која од слепост боледуваше.
Ликувај Захарие, смело повикувајќи:
Оној што треба да се роди е пророк на Севишниот!

Извор МПЦ – ОА

Тропар на преподобната
Ксантипа Шпанска
23 септември / 6 октомври

Блажена е утробата што те носела,
о, Ксантипо мајко преподобна,
зашто љубовта Христова со благодат те залеа,
и осветена од апостолската проповед,
преку бања на повторно раѓање Христа Го исповедаше
преку целиот живот твој.
Пребивајќи сега во вечните градини, за нас моли се
кои се претураме по земните падини.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
Андреј, Јован, Петар и Антонин
23 септември / 6 октомври

Големо трпение за вас покажа и Небесата,
гледајќи го вашето свето страдање,
кое вие станувајќи робови на луѓе,
слободни во Христа се најдовте,
о, Андрее и Јоване, Петре и Антонине.
Смирението во маките нека биде молитвен залог
за нас, пред Милостивиот Спасител,
милост да најдеме за душите наши.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светата
маченица Христова
Ираида девственичка Египетска
23 септември / 6 октомври

Прилепувајќи се кон Женикот на душата твоја,
Ираидо света, на испит се постави срцето твое
и ти повторно се откажа од демонските мечтаења,
бирајќи Го Христа и вечната вистина.
Затоа смерно од Бога венец маченички доби,
а ние чест и поклонение ти воздаваме,
надевајќи се на твоите молитви, света девственичке.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов маченик
Јован од Коница
23 септември / 6 октомври

Благодатта Господова како ново вино
во нов сад беше положена, во срцето твое,
о, Јоване свети мачениче, и ти озарен од љубовта Божја
се приклони кон вистината, оставајќи ја измамата на телото.
Затоа смртта повторно вкуси од адот,
и тебе венец непропадлив ти донесе во Царството на вечноста,
од каде за нас моли се, ти кого Господ го приведе кон Себе.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов новомаченик
Никола Карпаниски
23 септември / 6 октомври

Силниот оган на љубовта Христова пламтеше
во срцето твое, Никола свети мачениче,
и тебе ништо не те одвои од Господа
по Кого иташе како кошута по воден извор.
Отфрлувајќи ја агарјанската заблуда,
Бога Го исповеда, лагата исмеа
и венец маченички Господ ти дарува,
со кој и нас закрили нѐ во славата
ти дадена, во Небесното Царство Христово.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобната
Поликсена Шпанска
23 септември / 6 октомври

Искрата која ја запали Андреј првоповиканиот,
се разгоре во душата твоја о, Поликсено
света девственичке и Христос Го припреми
срцето твое за проповед евангелска,
о, преподобна мајко наша.
Радувај се и за нас моли се
сјаен факелу на Божјата благодат.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 06/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Зачнувањe на св. Јoван Крститeл. Вo oвoј дeн сe прoславува милoста, чудoтo и мудрoста Бoжја; милoста – кoн пoбoжнитe и правeднитe рoдитeли на св. Јoван, старeцoт Захарија и старицата Eлисавeта, кoи цeлиoт живoт сакалe и oд Бoга прoсeлe eднo дeтe, чудoтo на зачнувањeтo Јoванoвo вo прeстарeната утрoба на Eлисавeта, и мудрoста вo дoмoстрoитeлствoтo на чoвeкoвoтo спасeниe, затoа штo Бoг сo св. Јoван имал oсoбeнo гoлeми намeри, имeнo, да Му бидe прoрoк и Прeтeча на Христа Гoспoда, Спаситeлoт на свeтoт. Прeку Свoитe ангeли Бoг гo oбјавил раѓањeтo на Исак oд бeздeтната Сара, и на Самсoн oд бeздeтниoт Манoј и нeгoвата жeна, и на Јoван Прeтeча oд бeздeтнитe Захарија и Eлисавeта. Прeку ангeлитe Свoи Бoг гo oбјавувал раѓањeтo на oниe сo кoи имал пoсeбни намeри. Какo мoжeлe да сe рoдат дeца oд стари рoдитeли? Акo e нeкoј љубoпитeн тoа да гo дoзнаe, нeка нe ги прашува за тoа, ниту луѓeтo, бидeјќи луѓeтo тoа нe гo знаат, ниту прирoднитe закoни oти тoа e и над прирoднитe закoни, туку нeка гo сврти свoјoт пoглeд кoн силата на Сeмoќниoт Бoг, Кoј oд ништo гo сoздал сиoт свeт и Кoј за сoздавањeтo на првиoт чoвeк, Адам, нeмал пoтрeба oд никакви рoдитeли, ни стари ни млади. Намeстo љубoпитствo, да му oддадeмe благoдарнoст на Бoга, Кoј чeстo ни ја јавува силата и милoста и мудрoста Свoја надвoр oд прирoднитe закoни, вo кoи зарoбeни ниe, бeз oсoбeнитe чуда Бoжји, би падналe вo oчајаниe и бoгoзабoрав.

Светата маченичка Ираида

Негде ја нарекуваат Раис или Раида. Таа е девица од некој мисирски град Ватан, значи по сѐ изгледа Мисирка. Еднаш Ираида излезе да нацрпи вода од бунарот во близина на морето и здогледа кораб наполнет со врзани христијани: свештеници, ѓакони, монаси, жени и девојки. Се распраша и дозна дека сиот тој народ мачители-незнабожци го водат за да го мачат на смрт заради името на Господ Исус Христос. Во срцето на младата Ираида се разгоре желба и самата да пострада за Господ. Ги остави садовите крај бунарот, влезе во коработ и исповеда дека и таа е христијанка. Веднаш и нејзе ја врзаа заедно со останатите и ја одведоа во мисирскиот град Антинопол. После разновидни измачувања, најпрво ѝ ја отсекоа главата на Ираида, а потоа на останатите. Чесно пострада и се прослави во 4 век.

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 730
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »