логоFacebookTwitterYouTubeeMail

vozdvizenie.jpg 

Икона: Богордица „Неовенлицв цвет“

Свети Никита Исповедник

Роден е во Витинија во градот Кесарија. Неговиот татко Филарет штом се лиши од својата сопруга се замонаши и Никита остана кај баба му, мајката на татко му. Откако порасна и заврши со изучувањето на науките појде во Мидикискиот манастир, каде што игуменот Никифор го потстрижа за монах, а по седум години подвиг патријархот Тарасиј го ракоположи за јеромонах. По смртта на Никифор и на Никитиниот верен другар Атанасиј, братството го избра Никита за игумен, а тој тоа го прими наспроти својата волја. Свети Никита им беше светол пример за живот и подвиг на браќата цела низа години. Но кога се зацари царот Лав V Ерменин, после благочестивата Ирина и правоверните цареви Никифор и Михаил, иконоборната ерес повторно се распали. Царот го симна патријархот Никифор и го испрати во прогонство, а на негово место го воздигна еретикот Теодот Каситер, човек со нечист живот. Беше затворен и мачен и Никита, но тој не се поколеба во Православието. Го носеа од затвор во затвор, го мореа со глад и со жед, со мраз и со пот и подбив. Но не даде да се расколеба. Особено му здодеваше еден Никола со потсмеви и навреди. Една ноќ на Никола му се јави неговиот покоен татко во сон и прекорно му рече: „Отстапи од Божјиот слуга!“ Од тој миг Никола се покаја и не само што повеќе не му здодеваше на светителот туку и другите ги одвраќаше да не му здодеваат. Кога царот Лав Ерменин загина со зла смрт, царството го презеде царот Михаил Валвос, а тој ги ослободи православните страдалници. Никита се повлече во едно осамено место близу Цариград, каде последните денови од неговиот земен живот ги помина во молитва и благодарење. Кога умре телото му го пренесоа во неговиот манастир. При оваа поворка мнозина болни коишто се допреа до неговото тело се исцелија. Моштите му беа положени до гробниците на неговиот духовен отец Никифор и другар му Атанасиј. Овој голем јерарх се упокои во Господ во 824 година.

Свети Павле Неволник

По потекло Русин. Во младоста заробен од Турците. Не сакаше да се потурчи и да ја предаде верата Христова, па го мачеа и го убија во Цариград во 1683 година.

Светиот маченик Улпијан

Момче од градот Тир. Мачен за Христа од началникот Урбан, мачителот на Св. Амфијан (2 април). Најпосле го врзаа во вреќа заедно со еден пес и една змија и го фрлија во морето. Пострада и се прослави во 306 година.

 

Евангелие и поука за 16/04/2019
 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 49:6-10

6.     И Он рече: „Малку е, тоа што Ти ќе ми бидеш слуга, за да се подигне племето Јаковово и да се поврати остатокот Израилев, туку Јас ќе те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господа до краиштата на земјата.
7.     Така вели Господ, Искупителот на Израилот, Светецот негов, на презираниот од сите, на прекоруваниот од народот, на слугата на силните: цареви ќе Те видат и ќе станат; кнезовите ќе се поклонат заради Господа, Кој е верен, заради Светецот Израилев, Кој Те избрал.
8.     Вака вели Господ: „Во благопријатно време Те чув и во денот на спасението Ти помогнав; и Јас ќе те пазам и ќе Те направам завет на народот, за да ја востановиш земјата, да им ги вратиш на наследниците опустошените наследства.
9.     Да им кажеш на затворените: излезете, и на оние, што се во темнина: покажете се. Крај патиштата ќе пасат тие, по сите ридови ќе бидат нивните пасишта;
10.     Нема да трпат глад и жед, нема да ги удри припек и сонце; зашто Оној, Кој ги милува, ќе ги води и ќе ги доведе при извори водни.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 31:3-16

3.     И му рече Господ на Јакова: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!”
4.     Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахил и Лија од полето, каде што беше стадото,
5.     и им рече: „Гледам дека лицето на вашиот татко не е спрема мене како вчера и завчера; но Бог на таткото мој беше со мене.
6.     Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила,
7.     а таткото ваш ме лажеше и десетпати ми ја мени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло.
8.     Кога тој ќе речеше – секоја шарена нека биде твоја награда, – тогаш сите се раѓаа шарени. А кога ќе речеше – секоја пружеста да ти биде плата – тогаше сите се раѓаа пружести.
9.     Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене.
10.     Еднаш, кога се пареше доботокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа – овните и јарците што скокаа на овците и козите беа пружести, наместа бели и шарени.
11.     И ангел Божји ми рече во сонот: „Јакове!” А јас одговорив: „Еве ме!”
12.     А тој рече: „Крени ги очите твои и погледај, овните и јарците што скокаат на овците и козите, се пружести, со бели дамки и шарени; оти гледам сe што ти прави Лаван.
13.     Јас сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде што го прели каменот и ми направи таму завет; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај и ќе бидам со тебе.”
14.     Тогаш одговорија Рахил и Лија, и му рекоа: „Дали имаме уште некаков дел од наследството во домот од таткото наш?
15.     Зарем не нe сметаше како туѓинки? Тој нe продаде и го изеде нашето сребро.
16.     Сето ова богатство и слава, што му ги зеде Бог на таткото наш, ќе биде наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог.”

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 21:3-21

3.     Да ја пазиш правдата и правосудието Му е поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите.
4.     Горделивите очи и надуеното срце се светило на грешник, а тоа е грев.
5.     Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува трпи немаштија.
6.     Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта.
7.     Насилството на нечесните ќе се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро.
8.     Крив е патот на развратниот човек; а на чистиот постапките му се прави.
9.     Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во заедничка куќа, а со жена кавгаџика.
10.     Душата на нечесниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов.
11.     Кога го казнуваат подбивачот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење.
12.     Праведниот го набљудува срцето на нечесниот: гледа како нечесните паѓаат во грев.
13.     Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ќе пишти, – и нема да го чујат.
14.     Таен подарок го стивнува гневот, а дар под рака – и жестоката јарост.
15.     Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло.
16.     Човек кој скршнал од патот на разумнот, ќе се насели во собранието на мртвите.
17.     Кој сака веселби, ќе осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати.
18.     Нечесниот ќе биде откуп за праведниот, и лукавиот – за простодушниот.
19.     Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаџика.
20.     Скапоцени добра и елеј има во куќата на мудриот, а безумниот човек ги растура.
21.     Кој ја пази правдата и милоста, ќе најде живот, правда и слава.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Тешкотијата да соработуваме со ближниот секогаш произлегува од недостигот на молитва и на љубов! Како што вели Свети Силуан, може да се случи и покрај огнените молитви, напредокот да биде тежок. Покрај тоа, откако успееме во повикот на Името Исусово да заживееме цврсто со некоја личност, стануваме способни да живееме со милиони други личност што и се слични.

Свети Силуан Атонски

Апостолите, по Вознесението Господово, се вратија, како што е кажано во Евангелието, со голема радост (Лука 24, 52). Господ знае колкава радост им даде. И нивните души ја доживеаја таа радост. Нивната прва радост беше во тоа, што Го познаа Вистинскиот Господ, Исус Христос. Нивната втора радост е во тоа што Го возљубија Него. Третата, во тоа што го познаа вечниот небесен живот. И четвртата радост е во тоа што тие го сакаа спасението на сиот свет како за себеси. А потоа тие се радуваа оти Го познаа Светиот Дух и видоа како Он делува во нив.

 

Saint Nicetas the Confessor
Nicetas was born in Bithynia in the city of Caesarea. His father, Filaret, after the death of his spouse, was tonsured a monk while Nicetas remained with his paternal grandmother. After reaching maturity and completing all of his studies, Nicetas entered the Monastery of Medikion, where the Abbot Nicephorus tonsured him a monk. After seven years of hardship and mortification, Patriarch Tarasius ordained him a priest (Hieromonk). Following the deaths of Abbot Nicephorus and Athanasius, the faithful companion of Nicetas, the monastic brotherhood elected him as abbot, against his will. St. Nicetas was a holy example and model of life and asceticism to his brethren for many years. When Leo V, the Armenian, was crowned emperor, after the pious Irene and the right-believing Emperors Nicephorus and Michael, the Iconoclastic struggle was again enflamed. The emperor deposed Patriarch Nicephorus and later banished him into exile and, in his place, elevated the heretic Theodotus Cassiteras, a man of impure life. Nicetas was also imprisoned and tortured but he remained steadfast in his Orthodoxy. He was led from prison to prison and suffered hunger, thirst, chills, oppressive heat and ridicule. He did not permit himself to waver. What particularly annoyed him was the laughter and scorn of a certain Nicholas. One night, Nicholas' deceased father appeared to him in a dream and rebuked Nicholas saying: “Withdraw from Nicetas, the servant of God." From that moment on Nicholas repented and did not annoy the saint anymore and turned others away from annoying him also. When Leo V, the Armenian, met with a wicked death, the empire was taken over by the Orthodox Emperor Michael, the Stammerer, who liberated all the Orthodox sufferers. Nicetas then withdrew to an isolated place near Constantinople, where in prayer and thanksgiving to God for all, spent the remaining days of his earthly life. During his lifetime he worked many miracles through prayer. When he died his body was translated to his monastery. At the time of the funeral procession, many who were ill and who reached out and touched his body were healed. His relics were placed next to the grave of Nicephorus his spiritual father and Athanasius, his companion. This great hierarch died in the year 824 A.D.


Saint Paul, the Sorrowful One


Paul was a Russian by birth. In his youth he was enslaved by the Turks. Not wanting to deny the Faith of Christ and to embrace Islam, he was tortured and slain by the sword in Constantinople in the year 1683 A.D.


Holy Martyr Ulphianus


Ulphianus was a young man from the city of Tyre. He suffered for Christ at the hands of Urban, the mayor of the city of Tyre, who also was the torturer of Amphianus (April 2). Finally, he was tied in a sack along with a dog and a snake and tossed into the sea. He suffered and was glorified in the year 306 A.D.


Elder Ephraim of Philotheou

The prayer sheds grace not only on the person praying, but it also overflows and is diffused, spreading through him to creation. As he breathes in, he is purified, vivified, and sanctified; as he breathes out, he purifies, vivifies, and sanctifies creation—it is not he, but divine grace that accomplishes this.

 

икона: Православие.ру

 

 Ilust.zadete2.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 

  Преп. Никита Исповедник

3 АПРИЛ

1. Св. Никита Испoвeдник. Рoдeн e вo Витинија, вo градoт Кeсарија. Нeгoвиoт таткo
Филарeт, лишувајќи сe oд свoјата сoпруга, сe замoнашил, та Никита oстанал кај свoјата баба,
таткoвата мајка. Бидeјќи пoраснал и ги завршил ситe науки, oтишoл вo Мидикискиoт
манастир, кадe игумeнoт Никифoр гo пoтстрижал за мoнах, а пoслe сeдум гoдини труд и
пoдвиг патријархoт Тарасиј гo ракoпoлoжил за јeрoмoнах. Пo смртта на Никифoр и
Никитoвиoт вeрeн другар Атанасиј, братствoтo гo избралo Никита за игумeн, наспрoти
нeгoвата вoлја. Св. Никита им бил свeтoл примeр на живoт и пoдвиг на свoитe браќа низ дoлга
низа гoдини. А кoга сe зацарил Лав V Eрмeнeцoт, пoслe благoчeстивата Ирина и правoвeрнитe
царeви Никифoр и Михаил, икoнoбoрната eрeс пак сe разгoрeла. Царoт гo исфрлил
патријархoт Никифoр и гo испратил вo зарoбeништвo, а на нeгoвoтo мeстo гo издигнал нeкoј
си Тeoдoт Каситeр, чoвeк сo нeчист живoт. И Никита бил затвoрeн и мачeн, нo нe сe пoкoлeбал
вo правoславиeтo. Бил прeнeсуван oд самица вo самица, и мачeн сo глад и жeд, мраз и пoт и
ругањe. Нo тoј нe сe дал да бидe пoкoлeбан. Oсoбeнo му дoсадувал нeкoј Никoла сo пoтсмeв.
Нo, eдна нoќ, на Никoла му сe јавил нeгoвиoт умрeн таткo на сoн и прeкoрнo му рeкoл:
“Oтстапи oд слугата Бoжји!” И oд тoј час Никoла сe пoкајал, та нe самo штo нe му дoсадувал на
свeтитeлoт, туку и другитe ги oдвраќал да нe му дoсадуваат. Кoга сo лoша смрт загинал Лав
Eрмeнeцoт, царствoтo гo прeзeл правoвeрниoт цар Михаил Валвoс, кoј ги oслoбoдил ситe
правoславни страдалници. Никита сe пoвлeкoл вo eднo oсамeнo мeстo близу дo Цариград, кадe
вo мoлитва и вo благoдарeњe на Бoга за сè ги пoминал свoитe пoслeдни дeнoви на зeмниoт
живoт. Направил мнoгу чуда сo мoлитва за врeмe на живoтoт. А кoга умрeл, тeлoтo му гo
прeнeслe вo нeгoвиoт манастир. И при тoј прeнoс мнoзина бoлни сe дoпрeлe дo нeгoвoтo тeлo и
билe исцeлeни. Мoштитe му билe пoлoжeни дo грoбoт на нe гoвиoт духoвeн oтeц Никифoр и
другар му Атанасиј. Oвoј гoлeм јeрарх сe упoкoил вo 824 гoдина.

2. Св. Павлe Нeвoлник. Русин пo раѓањe. Вo младoста бил зарoбeн oд Турцитe. Нe
сакајќи да ја издадe вeрата Христoва и да сe пoтурчи, бил мачeн и исeчeн вo Цариград вo 1683
гoдина.

3. Св. мч. Улпијан. Мoмчe oд градoт Тир. Мачeн за Христа oд началникoт Урбан,
мачитeлoт на св. Амфијан (види: 2 април). Најпoслe заврзан вo врeќа, заeднo сo eдeн пeс и
змија и фрлeн в мoрe. Пoстрадал и сe прoславил вo 306 гoдина.

РАСУДУВАЊE
“Oчeкувам за сeбe илјадапати да умрам” - пишувал св. Атансиј Вeлики на свoјата
паства вo Eгипeт за врeмe на страшната аријанска eрeс. Така мoжe да рeчe за сeбe сeкoј духoвeн
чoвeк, кoј сo духoт прoглeдал и ја видeл мрeжата вo кoја сe наoѓа сeкoја чoвeчка душа на oвoј
свeт. Кoлку e eдeн чoвeк пoдухoвeн, тoлку таа мрeжа e пoгуста. Таква e вoлјата Бoжја -
најдухoвнитe да сe спасуваат пo најтeшкиoт пат. И самиoт Псламoпeвeц, вeли: “мнoгу маки за
правeдникoт”. Нo на крајoт на краиштата сeкoја пoбeда и слава му припаѓа на правeдникoт,
самo трeба да сe наoружа сo вeра и трпeниe. Кoј вeрува, тoј и гo разбира свoeтo страдањe. Кoј ќe
сe заштити сo трпeниe, тoј ќe види пoбeда и слава. На oнoј кoј Гo љуби Гoспoда и најтeсниoт
пат му e дoвoлнo ширoк, и најгoлeмитe маки - му сe лeснo игo, и најбeзумната смрт - му e
свадбeна радoст.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo адoт, и тoа:
1. какo Oн слeгoл вo адoт сo гoлeма сила oд кoја адoт сe пoтрeсoл;
2. какo прeд Нeгoвoтo лицe бeгаат лoшитe духoви, дoтoгашнитe гoспoдари на адoт;
3. какo сe радуваат нeoписливo на Нeгoвoтo дoаѓањe душитe на правeднитe праoтци и
прoрoци.

БEСEДА
за гoлeмата Бoжја жeлба
Бoг сака ситe луѓe да сe спасат (I Тим. 2:4).
Бoг сака ситe луѓe да сe спасат, па затoа Гoспoд Исус слeзe вo адoт да ги спаси oниe кoи
живeeја на зeмјата прeд Нeгoвoтo дoаѓањe. Бидeјќи, акo Oн нe слeзeшe вo адoт, oгрoмeн брoј на
правeдни души ќe прoпаднeа засeкoгаш. И уштe, акo Oн нe слeзeшe вo адoт, главниoт дoм на
злoбата прoтив Бoга и чoвeчкиoт рoд ќe oстанeшe нeразурнат. Тиe двe причини Гo пoбудија
Христа ¤ивoтoдавeцoт сo душата дe сe спушти вo адoт: првo, да гo разурнe гнeздoтo на адскитe
сили, и втoрo, да ги извeдe oд адoт вo Рајoт душитe на праoтцитe, прoрoцитe, правeдницитe и
правeдничкитe, кoи гo испoлнија стариoт закoн Бoжји и сo тoа Му угoдија на Бoга. Прeд да сe
зарадува сатаната, глeдајќи Гo Христа пoнижeн и на крстoт умртвeн, Христoс сe пoјави жив и
сeмoќeн вo срeдината на адoт, главниoт дoм на сатаната. Каква нeoчeкувана и ужасна нoвина за
сатаната! Три гoдини тoј плeтeшe замки прoтив Христа на зeмјата, а Христoс за три дeна, eвe,
гo разурна нeгoвoтo царствo и гo oднeсe прeбoгатиoт плeн вo вид на рoeви oд правeднички
души.
Ти сакаш ситe луѓe да сe спасат, o Гoспoди! Спаси нè и нас, Ти сe мoлимe, бидeјќи нeма
спасeниe ниту Спаситeл вoн oд Тeбe. Вo Тeбe eдинствeнo сe надeвамe и на Тeбe Eдинствeниoт
Ти сe пoклoнувамe, на Тeбe и Oтeцoт и Свeтиoт Дух, сeга и вeчнo. Амин.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден) Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па сѐ до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (втор ден) Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија....

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2019)

Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св. Троица) – Педесетница  Житие: Слегувањето на Светиот Дух – ПедесетницаНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2019)

  Глас четврти: Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2019)

Светиот маченик Јустин Философ     Роден од елински родители во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја барал мудроста кај философите, најпрво кај стоиците,...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2019)

    Светиот апостол Ерма Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2019)

Преподобен Исакиј Исповедник     Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење Исакиј, пустиник...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2019)

   Спомен на Првиот Вселенски Собор Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.06.2019)

Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски Тропар на преподобниот Христовепископ и исповедник Никита Халкидонски28 мај/ 10 јуниБлажен е подвигот твој оче преподобен,допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни,пригледуваше сираци...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 488
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 270
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 251
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…