логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски

Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат од друмот во некоја кал. При ова една жена од таа дружина го удри со камен во главата и вака светителот го заврши својот земен живот. Но жената одеднаш полуде и го зеде истиот оној камен и со него се удираше самата себеси. Кога ја доведоа на гробот на Свети Ипатиј и Му се помолија на Бога за неа, по големата милосрдност на Свети Ипатиј таа се исцели и остатокот од животот го помина во покајание и молитва. Свети Ипатиј пострада и се пресели во Царството на Христос во 326 година.

Свети Јона, митрополит Московски

Родум од Костромската губернија. Во дванаесеттата година стана монах и како таков долго поживеа во Симоновиот манастир во Москва. За време на митрополитот Фотиј стана епископ Рјазански, а кога Фотиј умре, го избраа Јона за митрополит и го испратија кај патријархот во Цариград за да го посвети и утврди. Но тогаш некој Исидор, Бугарин по потекло, го претекна Јона , стигна пред него во Цариград и беше посветен за митрополит руски. Јона се врати на својата столица во Рјазан. Но зломислениот Исидор лошо заврши со своето митрополитство. Отиде на Флорентинскиот собор и се врати во Москва дури после три години. Сите се кренаа против него како отстапник од Православието и го прогонија. Не се знае каде го заврши животот. На митрополитската столица дојде добриот и мудар пастир Јона. Голем чудотворец, проѕорливец, духовник. Кога Агарјаните ја опколија Москва, со својата молитва Јона ги изгони. На старост посака да го снајде некоја болест, да се помачи и со маките наполно да се очисти пред да замине од овој свет. По неговите молитви Бог допушти рана на неговата нога, а за ова му беше претходно јавено во видение на еден свештеник Јаков. Од оваа рана светителот умре и отиде меѓу небесните граѓани на 31 март 1461 година. Над неговите мошти се извршија многубројни чуда. Еден нем човек, Јован, го доведоа над моштите на светителот. Тој ја целиваше раката на Св. Јона и како што раскажуваше отпосле, таа рака го фатила за јазикот од што почувствувал силна болка. Кога му се ослободил јазикот и се свртел кон своите, прозборел како никогаш да не бил нем.

Светиот свештеномаченик Авда

Епископ на градот Суза. Убиен за Христа во 418 година во Персија од царот Издегерд. Неговиот ѓакон Св. Венјамин мачителите го пуштија под услов повеќе да не го проповеда Евангелието. Тој најнапред се согласи со овој услов, но не можеше да му одолее на срцето и продолжи по народот да ја распростира верата Христова. За ова беше фатен и убиен, три години после Свети Авда, во 421 година.

Преподобен Аполониј

Прочуен мисирски пустиник. Во петнаесеттата година се одрекол од светот и се повлекол во некоја гора, каде што проживеал четириесет години, хранејќи се само со полски растенија. Потоа основа манастир во кој имаше петстотини монаси. Се упокои мирно во 395 година.

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 98)

Во она време кога седеше Исус на Елеонската Гора, дојдоа при Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе биде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?“ А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ,Јас сум Христос!’ и ќе прелажат мнозина. Ќе слушате боеви и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот. Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси; а сето тоа е почеток на болките. Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име. Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат; многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина; и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади. Кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен. И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот. Па така, штом ја видите мерзоста на запустението да стои на свето место, за која е зборувано преку пророкот Даниил - кој чита, нека разбере, тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, да бегаат по планините; кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од куќата своја; и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои! Но тешко на бремените и на оние што дојат во тие дни. Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме, или во сабота; оти тогаш ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде. И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни. Тогаш, ако ви каже некој: ,Еве, овде е Христос, или таму е’, не верувајте! Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните. Ете, однапред ви кажав. И така, ако ви речат: ,Ете, во пустињата е Он’ - не излегувајте; ,Ете, во тајна соба е’ - не верувајте! Зашто како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки. Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите. И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат ад небото, и силите небески ќе попуштат. Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила; и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата. Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото; така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата. Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни. Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.“

Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 6)

На третиот ден имаше свадба во Кана Галилејска, и мајката на Исуса беше таму. Поканет беше исто така на свадбата и Исус, и учениците Негови. А кога приврши виното, Му рече мајка Му на Исуса: „Немаат вино.“ Исус и рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“ Но мајка Му Негова им рече на слугите: „Сè што ќе ви рече, направете!“ А таму имаше шест камени садови за вода, поставени за миење, според јудејскиот обичај, што собираа по две до три мери. А Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!“ И тие ги наполнија догоре. Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа. И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја, па го повика младоженецот, и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а, кога ќе се поднапијат гостите, тогаш полошото; но ти си го зачувал доброто вино за сега.“ Така направи Исус почеток на Своите чудеса во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.

Свети Силуан Атонски

Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.


Priestly-Martyr Hypatius the Bishop of Gangra


Hypatius was born in Cilicia and was the bishop of Gangra. He was present at the First Ecumenical Council (Nicaea, 325. A.D.) and was renowned throughout because of his pious and saintly life and his miracle-working. The Emperor Constantius ordered that a likeness of Hypatius be made during the saint's lifetime. The emperor kept this likeness in his palace as a weapon against all adverse powers. Once upon returning from Constantinople, Hypatius was attacked in a narrow gorge by Novatian heretics and, along with others, was hurled to the ground in mud. At that moment a woman from that group struck him in the head with a stone and, thus, the saint died. Immediately that woman went insane and took that same stone and struck herself with it. When they took her to the grave of St. Hypatius, he interceded before God on her behalf. She was healed by the great compassionate soul of Hypatius and lived the remainder of her life in repentance and prayer. St. Hypatius died and took up habitation in the eternal Kingdom of Christ the God, in the year 326 A.D.


Saint Jonah, Metropolitan of Moscow


Jonah was born in the province of Kostrom. In his twelfth year he was tonsured a monk and as such lived for a long time in the Simonov Monastery in Moscow. At the time of Metropolitan Photius, Jonah became Bishop of Ryazn. When Photius died, Jonah was elected as metropolitan and sent to the patriarch in Constantinople for approval and consecration. At the same time, Isidorus, a Bulgarian by descent, outwitted Jonah and arrived before him in Constantinople and was consecrated as the Metropolitan of the Russians. Jonah returned to his cathedral in Ryazn. Isidorus, the malicious one, ended his incumbency of the Metropolitan See nefariously. Isidorus attended the Council of Florence (1439 A.D.) and then, after three years, returned to Moscow. Everyone attacked him as an apostate from Orthodoxy and banished him. It is unknown where he ended his life. Jonah, the good and wise shepherd, ascended the throne of the Metropolitan See. He was a great worker of miracles, "a discerner," and a spiritual director. When the Agarians surrounded Moscow, Jonah repelled them through his prayers. In his later years he wished that he could be afflicted by an illness so that he could suffer pain and that, through pain, completely purify himself before his departure to the other world. According to his wishes, God permitted a sore on his foot, which was preceded by a vision to a certain priest, James. The saint died from these wounds and took up habitation among the heavenly citizens on March 31, 1461 A.D. Many miracles have occurred over his relics. A certain mute, John by name, was brought before the relics of the saint. John kissed the hand of Jonah and, as he related later, the hand grabbed him by the tongue and he felt a sharp pain. When the hand released his tongue, John returned to those people who brought him and began to talk as though he was never a mute.


Priestly-Martyr Audas


Audas was a bishop of the city of Susa. He was beheaded for Christ in the year 418 A.D. in Persia by Emperor Yezdegird. His deacon, St. Benjamin, was released by the tormentors with the understanding that he would never preach the Gospel again. In the beginning he agreed, but Benjamin could not sustain this in his heart and continued to spread the truth of Christ among the people. For this Benjamin was captured and killed three years after St. Audas in the year 421 A.D.


Venerable Apollonius


Apollonius was a renowned Egyptian ascetic. In his fifteenth year he renounced the world and withdrew to a mountain where he lived for forty years feeding on vegetation. After that, he established a monastery in which five-hundred monks lived. He died peacefully in the year 395 A.D.

from the life of St. Gregory Palamas

One day on the Holy Mountain, when Gregory was engrossed in prayer to God, suddenly in front of him stood a radiant man with mild features, Saint John the Theologian, and meekly looking in his direction asked him: "Why do you, praying to God, every time ceaselessly repeat: enlighten my darkness, enlighten my darkness?" Gregory answered: "What else could I ask for except that: to become illumined and to apprehend how to perform His Holy will?" Then the Holy Evangelist told him: "By the will of the Sovereign Lady of all, the Mother of God, from now on I shall be with you at all times and in all ways.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (трет ден) Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па сѐ до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.06.2019)

Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница (втор ден) Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија....

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.06.2019)

Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св. Троица) – Педесетница  Житие: Слегувањето на Светиот Дух – ПедесетницаНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.06.2019)

  Глас четврти: Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички. Пролевајќи ја крвта своја мачемичка, си се удостоил со вечна награда и соејќи пред Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.06.2019)

Светиот маченик Јустин Философ     Роден од елински родители во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја барал мудроста кај философите, најпрво кај стоиците,...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.06.2019)

    Светиот апостол Ерма Еден од Седумдесеттемина. Се спомнува во Посланието на Павле до Римјаните (16, 14). Родум беше Грк, но долго време живееше во Рим. Беше епископ во...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.06.2019)

Преподобен Исакиј Исповедник     Во времето на царот Валент настана големо гонење на Православието од страна на аријанците, коишто и самиот цар ги помагаше. Кога слушна за ова гонење Исакиј, пустиник...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.06.2019)

   Спомен на Првиот Вселенски Собор Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение. Соборот се...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.06.2019)

Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски Тропар на преподобниот Христовепископ и исповедник Никита Халкидонски28 мај/ 10 јуниБлажен е подвигот твој оче преподобен,допирајќи го светот не дозволи тој да те оскверни,пригледуваше сираци...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 488
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 269
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 251
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…