логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот праведен
и многустрадален
Јов
6 мај / 19 мај

„Благословено да е Името Господово“ –
восклик на победа во маките твои
о Јове свети, кои во радости се претворија,
бидејќи душата твоја знаеше, Кој е Творецот нејзин,
а разумот со благодат исполнет го виде Дарителот на сѐ,
така дa срцето само трпеливо го чекаше Оној Kој се оддалечи, за да повторно се всели. Нему Му пееме
по молитвите твои свети: Господи слава ти.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Вакх, Калимах и Дионисиј
6 мај / 19 мај

Молитвите о, свети маченици
Вакхе, Калимахе и Дионисие на Варвар светиот
ја излекуваа лагата која паднала на очите ваши
и вие исповедувајќи Го Христа
ја избегнавте стапицата демонска.
Маченички прославувајќи Го Бога за нас молете се
кои спасение бараме по вашите свети молитви.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


 

 Тропар на светите
Христови маченици
Вакх, Калимах и Дионисиј
6 мај / 19 мај

Молитвите о, свети маченици
Вакхе, Калимахе и Дионисие на Варвар светиот
ја излекуваа лагата која паднала на очите ваши
и вие исповедувајќи Го Христа
ја избегнавте стапицата демонска.
Маченички прославувајќи Го Бога за нас молете се
кои спасение бараме по вашите свети молитви.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Варвар - разбојникот
6 мај / 19 мај

Солзите на покајанието ја измија
душата твоја блажен Варваре,
подвигот духовен го очисти срцето
заразено од суетата на овој свет,
понижувањето те подигна и те доведе до Христовите раце,
Кој гревовите твои ги прости,
а тебе те заштити и помилува.
Моли се за нас бел цвету на покајанието,
изнедрен од пустината, за да бидеш пример
за оние кои го љубат Животот.
 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
и Богоносен отец
Серафим
од гората Домбо
6 мај / 19 мај

Благодатта Господова ти дошепна блажени Серафиме
дека времето на преподобните не помина,
па земајќи го Крстот свој по Христа тргна,
а Он ја напои земјата по твоите молитви,
сеејќи спасение при храмови подигнати
и заштитувајќи ги окајаните и денес,
кои го празнуваат твојот свет спомен.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (19.05.2020)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

Од Верскиот календар:

  Pravedniot.Jov.jpg

Светиот праведен и многустрадален Јов

Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во Арабија околу 2000 години пред Христа. Татко му е Зарет, а мајка Восора, а неговото цело име беше Јовав. Беше човек чесен, богобојазлив и многу богат. Но во седумдесет и деветтата година од неговиот живот Бог допушти тешки искушенија врз него преку сатаната, како што сѐ е потенко опишано во Книгата Јов. И во еден ден Јов го изгуби сиот свој имот, сите синови и ќерки свои.

Pravedniot.Jov.jpg

Потоа врз него падна тешка болест од којашто целото тело му се покри со рани од темето до табаните и лежеше Јов на ѓубриштето надвор од градот и со парче керамида си го вадеше гнојот од раните. Но не заропта на Господа, а стрпливо докрај ги поднесе сите оние маки. Затоа Бог му го врати здравјето и му даде многу поголемо богатство од претходното и пак му се родија седум синови и три ќерки, колку што ги имаше порано. Поживеа уште сто и четириесет години, постојано славејќи и фалејќи Го Бога. Јов се смета за пример на трпеливо поднесување на секое страдање коешто Бог ни го испраќа и за предобраз на страдалниот Господ Исус.

Светиот маченик Варвар

Варвар беше војник во времето на Јулијан Отстапник. Кога царскиот војвода Вакх ја поведе римската војска против Франците, во таа војска беше и Варвар, потаен христијанин. На боиштето се појави некој си јунак од страна на Франците, сличен на Голијат и ги предизвикуваше Римјаните за да му излезе некој на мегдан. Војводата Вакх го посоветува Варвар тој да излезе. Варвар Му се помоли во своето срце на живиот Бог, излезе и го победи оној џин. Од тоа војската на Франците се збуни и побегна. Тогаш војводата направи голема веселба и нареди да им се принесат жртви на идолите. Но на тоа жртвопринесување дозна дека Варвар седи настрана. Кога го праша за тоа, Варвар изјави дека е христијанин. Војводата му јави на царот, а царот нареди Варвар да биде ставен на најтешки маки. Но Варвар поднесе сѐ со ретка храброст и присебност. При неговото мачење се покажаа многубројни чуда, а гледајќи го тоа, мнозина војници ја примија Христовата вера. Меѓу овие беше и самиот војвода Вакх, со Калиј и Дионисиј. Сите тројца беа убиени со меч за името Христово, а после нив и Варвар, во 362 година. Нивните души се преселија во Царството на Христос, бесмртниот Цар.

Светиот Варвар разбојник

После многубројни злосторства се покаја и самиот себеси си наложи прво, три години да оди четириножно и да јаде со кучињата и второ, дванаесет години да живее в шума, без облека, без покрив и без каква и да е друга храна освен трева и лисја. Од ангел доби известување дека гревовите му се простени. Патуваа трговци низ шумата, па го видоа Варвар оддалеку и мислејќи дека е ѕвер а не човек, ги вперија стрелите и го застрелаа. Кога умираше ги замоли да му јават на блискиот свештеник за него. Свештеникот дојде и чесно го погреба. Но од неговото тело потече целебно миро и исцелуваше разни болести и маки кај луѓето.

   

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie