логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Тајната на Крстот Христов ги содржи истовремено и двете димензии: и љубовта кон Бога и љубовта кон секој човек. Или, можеме да речеме дека љубовта кон Богочовекот Христос покажува дека љубовта и кон Бога и кон секој човек е двоедна и неразделна љубов: Ако некој рече: „Го сакам Бога’’, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не Го видел? (1 Јов. 4, 20); или, „тогаш и тие ќе Му одговорат и речат: ‘Господи кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор и не Ти послуживме?’

Тогаш ќе им одговори и рече: ‘Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле’’ (Матеј 25, 44-45). Богочовекот Христос се поистоветува со секој човек, и што и да му направиме ние на некого, добро или зло,

Господ го прима тоа како Нему да Му е направено. Затоа во евангелска смисла на зборот, секој човек што на кој било начин Божјата промисла го внесува во нашиот живот е наш ближен!

 

Избор од фб профил на: о. Гаврил

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport