логоFacebookTwitterYouTubeeMail

                                    

sv.spas.dek3.jpg


 Православната икона преставува прозор кон вечноста. Таа е светло-живопис на Богочовекот Исус Христос и целокупното Божјо создание. Осветена од Божествената светлина, не поттикнува на очистување и просветлување. Нејзината светлост која е ослободена од природните закони, ги миросува и преобразува лицата и телата на насликаните битија во безвременски и рајски. Токму затоа иконата претставува една необична слика, која што изобразува пејсаж на нашиот свет, не пропадлив каков што е сега, туку просветлен и прочистен каков што го устроил Бог во вечноста.
 Таа светлина зрачи и од фреските кои се живописани на ѕидовите на храмовите, чии ликови го манифестираат своето живо присуство на Литургијата заедно во единство со верниот народ. Таа светлост ги надминува природните закони на оптиката изразувајќи ја Божествената слобода. Затоа на иконите и фреските Христос не се претставува како индивидуа, туку на нив се открива тајната Негова, како тајна на целата Христова Црква, каде се собрани светите, односно светлите.
 Секој свет кој се изобразува на иконата / фреската ги има истите особини на светлоста како и Христос, што значи дека се охристовува по Неговата благодат. Тоа осветлување по благодат светиот го изедначува со останатите светии во соборноста на Небесната Црква.
 Демоните кои се изобразени на иконите и фреските не се претставени како добри или лоши, или убави или грди, туку како битија кои ја порекнуваат и отфрлаат заедницата на несоздадената Светлина и затоа се претставени како мрачни и темни. Бог на сите свои созданија им ја испраќа својата несоздадена сила и енергија (благодат), која не допира до демоните кои себе си се затвориле и изолирале од целокупната Божја љубов. Поради тоа иконата / фреската не поттикнува на љубов кон Бога, не само низ призмата на нашето индивидуално очистување од нашите страсти, но и преку очистувањето и измирувањето на нашите меѓусебни односи со Бога.
 Конечната цел на иконата и фреската е да ни помогне да го видиме Самиот Господ Исус Христос и светиите преку нашите духовни сетила, како потполно нови битија какви што никој предходно не ги видел и да ја зацврстиме нашата вера во вистинската светлина на Православната Црква, во сите денови на нашиот овоземен живот.

                                                                                                                          м-р И. О.

Посети: {moshits}

 

vinjeta.5.jpg

Во оваа Света тајна, христијаните ги исповедуваат своите гревови направени по нивното крштение пред свештеникот и преку него невидливо добиваат опростување на гревовите од Господа Исуса Христа. Секој христијанин е должен да ги исповеда своите гревови во дух на искрено покајание и цврсто ветување на Бога, дека ќе се труди со сета своја сила да ги избегнува гревовите и нема да ги повторува истите. По исповедта свештеникот дава благослов за опростување на гревовите, нагласувајќи дека тоа го прави во името на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Оваа Света тајна ја установил Господ Исус Христос по своето воскрсение, во своето прво јавување на апостолите, давајќи им власт да можат да ги опростуваат гревовите:"Примете Дух Свети! На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат'(Јован 20, 22-23)
Видливата страна на оваа Света тајна се состои во усмено исповедање на гревовите, благословот од свештеникот и одредените молитви. Невидливата страна се изразува во невидливо опростување на гревовите под дејство на благодатта Божја. За оваа Света тајна верниците се подготвуваат преку пост, молитва и правење добри дела. Потоа, испитување и сознавање на своите гревови, зашто без сознание на гревовите не е можно да има вистински покајание, потполно исповедување на грвовите пред свештеникот, крстот и иконата, со ветување дека ќе продолжи да живее според Божјите закони, бегајќи од гревот, а сé со цел да добие спасение на душШата.

 

Изборот: од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)

Посети:{moshits}

 

vinjeta.5.jpg

sv.spas.dek.jpgЦрквата претставува свето место, каде што Бог се слави и велича, каде што се извршува најсветата Христова жртва - Литургијата и каде што верниците се собираат за да бидат учесници на спасителните вистини и дарови. Затоа, должност на секој христијанин е редовно да го посетува светиот храм, а особено во неделните и празничните денови.
Секој кој влегува во храмот, треба да биде пристојно облечен: на жените не им приличи да влегуваат во пантолони, во куси здолништа, гологлави и со козметика на лицето, а мажите пред влезот треба да ја симнат капата од својата глава.
Пред да влеземе во светиот храм се прекрстуваме на следниов начин:
Ги составуваме палецот, показалецот и средниот прст од десната рака, ги ставаме на челото и изговараме: "Во името на Отецот", па под градите и ги изговараме зборовите "и Синот" потоа на десното и левото рамо и ги изговараме зборовите "и Светиот Дух. Амин". Невнимателното и неправилното крстење Го жалости Бога и претставува радост на нечестивиот, додека правилното крстење ги застрашува ѓаволите, ги стивнува грешните страсти и ја привлекува Божествената благодат (св. Јован Златоуст).
Притоа, правиме три мали поклони со зборовите: "Боже, биди милостив кон мене грешниот" и влегуваме во храмот. Откако влеговме, ги бакнуваме светите икони. Треба да знаеме дека главните икони на иконостасот се бакнуваат само на почетокот и по свршетокот на светата богослужба. Треба да знаеме и дека иконите со ликот на Господ Исус Христос се бакнуваат при крај или по нозете (ако Тој е претставен во целиот раст), а иконите на Пресвета Дева Марија (Богородица) и на другите Божји угодници
( светители)  се бакнуваат во рака или отстрана, а никако во лице.
Додека сме во светиот храм, целото свое битие треба да го предадеме во молитва која што претставува духовен разговор со самиот Бог. Ако видиме некој познат, може да го поздравиме само со наведнување на главата, а не смееме да започнеме разговор кој секако ќе им пречи на свештенослужителите при светата богослужба, но и на сите верници кои дошле за да се молат.
Кога свештеникот, за време на богослужбата, го благословува народот со крст, Евангелие, икона или Путир (Света чаша), тогаш сите треба да се прекрстат, наведнувајќи ја својата глава, а ако благословот е со рака, тогаш верниците треба само да ја наведнат главата.
Кога се пристапува до Светата чаша ( да се причестиме), треба прво да ги пропуштиме најмалите и старите. Жените не смеат да имаат црвенило на својата уста.

 Изборот: од свештенството на  храмот Св.Спас, Драчево( Скопје)

 

 Посети:{moshitsi}

 


(Божјата благодат)

 bogorodica.ikonostas.jpgБожјата интервенција која во православното вероисповедување на верата е вткаена во силите на животворниот Свет Дух се вика Божја благодат. Зборот благодат доаѓа од грчкиот cariV, а во терминологијата на македонскиот јазик се поистоветува со харизма.
 Покрај ова општо дефинирање на терминот Божја благодат , постојат и други обиди за нејзино објаснување. Така познатиот православен догматичар архимандрит проф. д-р Јустин Поповиќ вели:
 "Сите Божествени стварности, овоплотувањето на Богочовекот Христос, непрекидно точат од себе неизброиливи и неизмерни Божествени сили и енергии, неопходни за човечкото суштество за спасение, за обожување, за охристовување, за оцрквување, за одуховување, за отроичување, за обогочовечување, со еден збор се нарекува благодад."
 Благодатта може да се подразбере уште како и натприродна спасителна сила и енергија што преку Светиот Дух му се дава на човекот како Божји дар, заради искупителното дело на Господ Исус Христос, за нашето духовно очистување, осветување, обожување и наследување на вечниот живот. Тоа е посведочено и во Светото Писмо на Новиот Завет каде стои:
 "Но ќе се оправдаат преку дар со Божјата благодат, а преку откупот во Христа Исуса" (Рим. 3, 24);
 "Зашто по благодат сте спасени преку верата; И тоа не е од вас-Божји дар е" (Еф. 2, 8).
 Кога ја основал својата Црква на земјата, Господ Исус Христос во исто време и ги дал на располагање потребните средства за успешно извршување на нејзината улога и мисија во светот. Тоа се благодатните Божествени не создадени сили и енергии, кои дејствуваат преку сите активности на црковните органи, во нејзината служба, за спасение на сите луѓе и нивно духовно надградување.
 Божјата благодат православниот догматичар протоѓакон Воин Ракиќ ја дефинира како: натприродна Божја сила и негова помош, која им се дава на верните заради нивно осветување, морално усовршување испасение.
 Изворот на благодатта е Св. Тројца. Се излева од Бог Отец, заради заслугите на Бог Син, преку Бог Свети Дух, кој им ја соопштува на верните.
 Православниот теолог Владимир Лоски несоздадените сили и енергии ги детерминира како: Божји дејства кои се природни и нераздвојни од суштината, во кои Бог излегува надвор, се покажува, се соопштува и се дава.
 Божјата благодат му помага на човекот да ја осознае својата грешност, го побудува на покајание, повикува на спасение дава опростување на гревовите, го просветува разумот за да го разликува доброто од злото, во служба на негово спасение и живот вечен.                
                                                                                                                            м-р И. О.

bogorodica.odigitrija.jpg

МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ
О, Пресвета Владичице моја, Дево Богородице, Царице  на небесата и на земјата. Чуј ги воздишките и грешната молитва на душата моја која ти ја принесувам за мојот духовен отец, многустрадалниот слуга твој (име). Биди му вечна Сопатничка, во секое време биди со него заштитувај
го со светите Ангели. Утврди го, бдеј, чувај го дури спие и теши го кога плаче: бодри го во очајанието и избави го од неволјите, ослободи го од клевети и подигни го во немоќта. Порази ги демоните кои стануваат против него и при смртна опасност биди му Помошничка. Направи го од ден во ден пострашен за видливите и невидливите непријатели, за да знаат дека тој е твој слуга, Богомајко: Ти која си Го родила Господ и Царот наш, Тебе која ти припаѓа чест и поклонение во вековите на вековите, Мајко Божја, омекни ги срцата на злите луѓе кои се креваат против него. Ти ја гледаш тагата и маката на мојот духовен отец и само тебе единствено ти се познати неговите страданија. Ти ги знеш сите тајни на неговата душа. Погледни на него од небото и олесни ги неговите страдања и покри го со милоста своја. Испрати благослов на делата негови и испрати му невидлива помош. По неговите свети молитви, дај ми и мене смирение, самопрекор, трпение, кротост, целомудрие, молчание, и заштити ме од сите искушенија од видливите и невидливите непријатели. Амин! 


МОЛИТВА ЗА ДУХОВНИОТ ОТЕЦ

 

sveta.troica.a.jpg

Спаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец  (име),
не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот.
Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, исполни го со мудрост, со милост и со љубов, и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите, исправање на животот, преуспевање во добродетелите, и испрати му ја Твојата богата милост.
Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот, совладај ги неговите телесни и бестелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели и запази го од лукави и неправедни луѓе. Спомни го, посети го и зајакни го на многу години, заради нас грешните. О, Пресладок Исусе!
Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец (име), оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости им, зашто си Благ и Човекољубив. (Поклон)

 


 ПОРЕДОК НА СВЕТАТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА
ПРОСКОМИДИЈА

Свештеникот на којшто му претстои вршење на божественото тајнодејствие, должен е претходно да биде измирен со сите и да нема ништо против никого, и, колку што тоа е можно, да го чува срцето од зли помисли, одвечер да се воздржува и да бдее над себе до времето на свештенодејствието. А кога ќе настане времето, врши вообичаен поклон пред настојателот , влегува во храмот и, заедно со ѓаконот, врши три поклони пред светите двери.
Ѓаконот потоа говори:

Благослови, Владико.
Свештеникот:
Благословен е нашиот Бог, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот: Амин.
Свештеникот:
Цару небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој Си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистотија, и спаси ги, Благи, душите наши.
Ѓаконот:13
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нè. (трипати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Пресвета Троице, помилуј нè; Господи, очисти ги гревовите наши; Владико, прости ни ги беззаконијата наши; Свети, посети нè и исцели ги слабостите наши, заради Твоето име.
Господи, помилуј. (трипати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Оче наш, Кој Си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на Небото така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници; и не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
Свештеникот:
Зашто Твое е царството и силата и славата, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот: Амин.
Потоа говорат:
Помилуј нè, Господи, помилуј нè, зашто ние грешните, немајќи никакво оправдување, оваа молитва, како на Владика, Тебе Ти ја принесуваме: помилуј нè.
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух:
Господи, помилуј нè, зашто на Тебе се надеваме; не гневи се многу на нас, ниту спомнувај ги нашите беззаконија, но погледај и сега, како милостив, и избави нè од непријателите наши: зашто Ти Си Бог наш, и ние сме луѓе Твои, сите сме дело на Твоите раце, и името Твое го призиваме.
И сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Отвори ни ги дверите на милосрдието, благословена Богородице, да не пропаднеме ние што на Тебе се надеваме, но со Тебе да се избавиме од беди, зашто Ти Си спасение на родот христијански.
Потоа одат пред иконата Христова и ја целиваат, говорејќи:
Се поклонуваме на Твојот пречист лик, Благи, молејќи простување на прегрешенија наши, Христе Боже, зашто волно Си благоволил со телото да се издигнеш на крст, та оние што Си ги создал, да ги избавиш од ропството на врагот. Затоа благодарно Ти воскликнуваме: со радост Си исполнил сè, Спасителу наш, Кој што Си дошол да го спасиш светот.
Потоа ја целиваат и Богородичината икона, говорејќи:
Богородице, Ти Си извор на милосрдието, на сомилост удостој нè: погледај на луѓето што згрешија, покажи ја, како и секогаш својата моќ, зашто надевајќи се на Тебе, радувај се Ти воскликнуваме, како некогаш Гавриил, Архистратигот на Бестелесните Сили.
Потоа ги приклонуваат главите пред светите двери, а свештеникот ја говори молитвата:
Господи, пружи ја раката Твоја од висините на светото живеалиште Твое, и укрепи ме во претстојната служба Твоја; неосудно да застанам пред Твојот страшен Престол, и бескрвното свештенодејствие да го извршам.
Зашто Твоја е силата и славата во сите веков. Амин.
Се поклонуваат кон народот и влегуваат во олтарот, говорејќи:
Ќе влезам во домот Твој, ќе се поклонам со благоговение во Твојот свет храм; Господи, води ме со Твојата правда; заради непријателите мои исправи го пред Тебе патот мој, зашто во нивните усти нема вистина, срцето им е суетно, гроб отворен е грлото нивно, со јазиците свои лажат. Суди им, Боже; да отстапат од мислите свои; отфрли ги заради големото безбожништво нивно, зашто Те прегорчија, Господи. Нека се веселат сите коишто се надеваат на Тебе, навек нека се радуваат; и ќе се вселиш во нив, и ќе се пофалат со Тебе сите коишто го љубат името Твое, зашто Ти ќе го благословиш праведниот, Господи, како што нас Си нè овенчал со оружјето на Твоето благоволение.
Во олтарот прават три поклони пред Светиот Престол и ги целиваат Светото Евангелие и Светиот Престол. Потоа секој го зема во рацете својот стихар и прави три поклони кон Исток, говорејќи секој за себе:
Боже, очисти ме мене грешниот и помилуј ме.
Потоа ѓаконот му приоѓа на свештеникот, држејќи го во десната рака стихарот со орарот, и приклонувајќи ја главата, вели:
Благослови го, Владико, стихарот со орарот.
Свештеникот благословува и вели:
Благословен е нашиот Бог, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот потоа оди во една страна од олтарот и го облекува стихарот, молејќи се вака:
Ќе се зарадува душата моја во Господа, зашто во риза на спасението ме облече и со одежда на веселие ме промени; како на жених ми стави венец, и како невеста ме украси со убавина.
И откако ќе го целива орарот, го става на левото рамо. Навлекувајќи ја нараквицата на десната рака, вели:
Десницата Твоја, Господи, се прослави во сила; десната Твоја рака, Господи, ги сруши непријателите, и со изобилството на Твојата слава Си ги сотрел противниците.
Навлекувајќи ја нараквицата на левата рака, вели:
Рацете Твои ме створија и ме создадоа; вразуми ме и ќе се научам на Твоите заповеди.
Потоа оди во Предложението и, откако ќе Си ги измие рацете, ги подготвува свештените садови, поставувајќи го светиот дискос на левата страна, а Светата Чаша на десната, и другите со нив.
Свештеникот, пак, вака се облекува: го зема стихарот во левата рака, трипати се поклонува кон Исток, го благословува и целива, велејќи:

Благословен е нашиот Бог, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
И, облекувајќи го, вели:
Ќе се зарадува душата моја во Господа, зашто во риза на спасението ме облече и со одежда на веселие ме промени; како на жених ми стави венец, и како невеста ме украси со убавина.
Потоа го зема епитрахилот, го благословува и става на себе, велејќи:
Благословен е Бог, Кој ја излева благодатта Своја на свештениците Свои, како миро на глава што се слева по брада, брадата Ааронова, што се слева на полите од одеждите негови.
Го зема појасот, го благословува и, опашувајќи се, вели:
Благословен е Бог, Кој ме препашува со силата и го исправа непорочен патот мој; Кој ги укрепува нозете мои како на елен, и на висини ме поставува.
И нараквиците ги навлекува, како што е погоре речено. Потоа го зема надбедреникот, (ако свештеникот е награден со него), го благословува и целива, велејќи:
Препаши го Твојот меч околу Твоите бедра, Силен, со Твоја убавина и со Твојата добрина; и шири се и успевај и царувај заради вистината, кротоста и правдата, и ќе Те води чудесно десницата Твоја, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Потоа го зема фелонот, го благословува, го целива и облекува, велејќи вака:
Твоите свештеници, Господи, ќе се облечат во правда, и преподобните Твои со радост ќе се возрадуваат, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Потоа оди до мијалникот и ги мие рацете, велејќи:
Во невиност ќе ги измијам моите раце, и ќе го обиколам Твојот Жртвеник, Господи, за да го чујам гласот на Твојата пофалба и да ги објавувам сите чудеса Твои. Господи, ја засакав убавината на Твојот дом и местото на Престојот на Твојата слава. Да не ја погубиш мојата душа со безбожниците и животот мој со крвниците, во чии раце се беззаконијата, и десницата им се исполни со мито. Јас, пак, во незлобие одев: избави ме, Господи, и помилуј ме. Ногата моја застана на прав пат; во црквите ќе Те благословувам, Господи.
Тогаш одат кон местото на Предложението на даровите, се поклонуваат трипати и говорат:
Боже, очисти ме мене грешниот и помилуј ме.
Свештеникот:
Си нè искупил од клетвата на законот со чесната Крв Твоја; на крстот прикован и со копје прободен Си излил бесмртност на луѓето, Спасителу наш, слава Ти.
Ѓаконот: Благослови, Владико.
Свештеникот:
Благословен е нашиот Бог, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот: Амин.
Свештеникот потоа ја зема просфората со левата рака, а со десната копјето и, правејќи со него трипати крсен знак над просфората, вели:
Во спомен на Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос. (трипати)
И веднаш го забодува копјето во десната страна на печатот и, режејќи, вели:

Како овца на колење беше поведен;
а во левата:
И како невино јагне, немо пред оној што го стриже, така не ги отвора усните Свои;
во горната страна на печатот:
Во смирението Негово се зеде судот Негов;
и во долната страна:
Родот, пак, Негов кој ќе го искаже!
Ѓаконот, гледајќи побожно на овој чин, држејќи го орарот во раката, при секое режење, вели:
На Господа да се помолиме.
Потоа вели: Земи, Владико.
Свештеникот, забодувајќи го светото копје косо, од десната страна на просфората, го вади Светиот Леб, велејќи вака:
Зашто се зема од земјата животот Негов;
и го поставува во светиот дискос со печатот надолу, па кога ѓаконот ќе рече:
Жртвувај, Владико;
го жртвува, расекувајќи го со копјето крстовидно, и вели вака:
Се жртвува Јагнето Божјо, Кое го зема гревот на светот, за живот и спасение на светот.
И страната со печатот ја свртува нагоре.
Ѓаконот вели: Прободи, Владико.
Свештеникот го прободува со копјето Светиот Леб од десната страна, велејќи:
Еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и веднаш излезе крв и вода; и оној што виде посведочи, и вистинско е сведоштвото негово.
Ѓаконот, пак, земајќи вино и вода, кон свештеникот вели вака:
Благослови го, Владико, светото соединение.
Свештеникот благословува, велејќи:
Благословено е соединувањето на Твоите Светии, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот, откако ќе прими над нив благослов, налива во Светата Чаша вино и вода.
Свештеникот ја зема в' рацете втората просфора (ако се служи не со една, според стариот обичај, туку со пет просфори), и вели:
Во чест и спомен на Преблагословената, славна Владичица наша Богородица и Секогаш Дева Марија, со Нејзините молитви прими ја, Господи, оваа жртва во наднебесниот Твој Жртвеник.
Вадејќи честичка ја става од десната страна на Светиот Леб и, почнувајќи го првиот ред, вели:
Застана Царицата оддесно Тебе, облечена во позлатена риза, преукрасена.
Потоа земајќи ја третата просфора и вадејќи една честичка од неа, ја става од левата страна на Светиот Леб, и го почнува првиот ред, велејќи:
Во чест и спомен на превеликите чиноначалници Михаил и Гавриил и сите небесни Бестелесни Сили.
Потоа вадејќи ја втората честичка, говори:
На чесниот и славен Пророк, Претеча и Крстител Јован; светите славни Пророци: Мојсеј и Аарон, Илија и Елисеј, Давид и Есеј, светите три Младенци, пророкот Даниил, и сите свети пророци;
и ја става под првата честичка во редот.
И потоа веднаш говори:
На светите славни и сефални Апостоли Петар и Павле, и сите свети Апостоли;
и ја става третата честичка, под втората, завршувајќи го првиот ред.
Потоа говори:
На светите Отци наши, великите Ерарси и вселенски Учители: Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст; Атанасиј и Кирил Александриски, Николај Мирликиски, Григориј Двоеслов, Фотиј Цариградски, Методиј и Кирил Солунски, Климент Охридски и сите свети Учители и Ерарси на Црквата;
и вадејќи ја четвртата честичка, ја поставува близу до првата, почнувајќи го со неа вториот ред.
Потоа пак вели:
На Светиот Првомаченик и Архиѓакон Стефан, светите великомаченици: Димитриј, Георгиј, Теодор Тирон, Теодор Стратилат, Мина, Леонтиј, Ѓорѓи Кратовски, Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици и сите свети Маченици; и светите Маченички: Текла и Варвара, Недела и Злата Мегленска, Аквилина и Кирана Солунски и на сите свети Маченички;
и ја вади петтата честичка, па ја става под првата во вториот ред.
Потоа говори:
На преподобните и богоносни Отци наши: Антониј, Ефтимиј, Сава, Онуфриј, Атанасиј Атонски, Наум Охридски, Прохор Пчински, Јован Рилски, Јоаким Осоговски, Гаврил Лесновски, Иларион Мегленски, Нектариј и Агатангел Битолски и сите преподобни Отци, и преподобните Мајки: Пелагија, Теодосија, Анастасија, Евпраксија, Февронија, Теодула, Ефросинија, Марија Египетска, Параскева и сите преподобни Мајки;
и така вадејќи ја шестата честичка ја става под втората, завршувајќи го вториот ред.
Потоа говори:

На светите Чудотворци и Бесребреници Козма и Дамјан, Кир и Јован, Пантелејмон и Ермолај, Сампсон и Диомид и сите свети Бесребреници;
и вадејќи ја седмата честичка, ја става горе, почнувајќи го третиот ред.
Потоа натаму говори:

На светите праведни Богоотци Јоаким и Ана, и светиот (чиј што е храмот; и денот) и сите Светии, со чии молитви посети нè, Боже;
и ја полага осмата честичка под првата во третиот ред.
Потоа вели:

На светиот Отец наш Јован Златоуст, архиепископ цариградски (ако се служи негова Литургија).
ШСветиот Отец наш Василиј Велики, архиепископ на Кесарија Кападокиска (ако се служи негова Литургија)Ќ;
и вадејќи ја деветтата честичка ја става на крајот од третиот ред.
Потоа, ја зема четвртата просфора и говори:

Спомени го, човекољубив Владико, сето епископство на православните, архиепископот охридски и македонски (името), митрополитот наш (името), чесното презвитерство, ѓаконството во Христа, и сиот свештенички чин (ако е манастир: архимандритот или игуменот, - името), браќата и сослужителите наши, свештеници, ѓакони, и сите браќа наши што Си ги призвал во Својата заедница според Твоето милосрдие, Себлаг, Владико;
и вадејќи ја честичката, ја става под Светиот Леб.
Потоа по име ги спомнува живите кои што сака, и при секое име вади честичка, говорејќи:
Спомени ги, Господи, за здравје и спасение, чедата Твои (имињата) и така вадејќи ги честичките ги става под Светиот Леб.
Потоа, земајќи ја и петтата просфора, говори:
За спомен и отпуштање на гревовите на светите патријарси, архиепископи, митрополити и епископи, православните и благочестиви владетели, блажените создатели на овој свет храм (или: оваа света обител).
Потоа го спомнува архиерејот којшто го ракоположил (ако е упокоен) и други упокоени по име спомнува коишто сака, вадејќи честичка и говори:
Спомени го, Господи (името); и најпосле вели:
Спомени ги, човекољубив Господи, и сите православни отци и браќа наши коишто починале со надеж на воскресение во живот вечен и општење со Тебе.
и вади честичка.
Ѓаконот, исто така, ги спомнува оние што сака од живите и од покојните, додека свештеникот вади честички.
Свештеникот, најпосле, говори:
Спомени ја, Господи, и мојата недостојност, и прости ми го секое согрешение, волно и неволно.
Потоа ја зема губата (сунѓер) и ги собира по дискосот сите честички под Светиот Леб (за да бидат сигурни и ништо да не испадне).
Ѓаконот, ја зема кадилницата, става темјан и, кон свештеникот, вели:
Благослови го, Владико, кадилото.
И веднаш додава:
На Господа да се помолиме.
Свештеникот, благословувајќи, ја говори молитвата над кадилото:
Кадило Ти принесуваме Христе Боже, за благомирис духовен; примајќи го во Твојот наднебесен Жртвеник, испрати ни ја благодатта на Пресветиот Твој Дух.
Ѓаконот: На Господа да се помолиме.
Свештеникот, окадувајќи ја ѕвездичката, ја става над Светиот Леб, говорејќи:
И кога дојде ѕвездата, застана над местото каде што беше Детето.
Ѓаконот: На Господа да се помолиме.
Свештеникот, окадувајќи го првиот покровец, го покрива Светиот Леб, говорејќи:
Господ се зацари, во красота се облече; се облече Господ во сила и се препаша, зашто ја утврди вселената, што нема да се помести. На домот Твој му приличи славословие, Господи, во сите времиња.
Ѓаконот: На Господа да се помолиме. Покриј, Владико.
Свештеникот го кади вториот покровец, ја покрива Светата Чаша, и вели:
Добродетелта Твоја, Христе, ја покри небесата, и со Твојата пофалба се исполни земјата.
Ѓаконот: На Господа да се помолиме. Покриј, Владико.
Свештеникот, окадувајќи го третиот покровец, наречен воздух, и покривајќи ги двата сада, вели:
Покриј нè, Господи, со покровот на Твојата закрила, одгони го од нас секој непријател и противник; смири го нашиот живот; нас и Твојот свет помилуј нè, и спаси ги нашите души, како благ и човекољубив.
Свештеникот потоа ја зема кадилницата, го кади Предложението и говори (трипати):
Благословен е нашиот Бог, Кој така благоволи; слава Ти.
Ѓаконот, пак, на секое додава:
Постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
И двајцата, со вкрстени раце на градите, побожно се поклонуваат.
Ѓаконот, откако ќе ја земе кадилницата, говори:
Над предложените Дарови, на Господа да се помолиме.
Свештеникот говори:
МОЛИТВА НА ПРЕДЛОЖЕНИЕТО (тивко)
Боже, Боже наш, Кој Си испратил Небесен Леб, храна на целиот свéт, Господ наш и Бог Исус Христос, Спасител, Избавител и Добротвор, Кој нè благословува и осветува: Самиот Ти благослови го ова Предложение и прими го во Твојот небесен Жртвеник; спомени ги, како благ и човекољубив, оние кои Ти го принесоа, и оние за кои го принесоа, и нас неосудени сочувај нè при свештенодејствието на Твоите божествени Тајни.
Зашто се свети и прославува пречесното и величествено име Твое, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
И после тоа прави отпуст, говорејќи:
Слава Ти, Христе Боже, надеж наша, слава Ти.
Ѓаконот:
Слава на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин. Господи, помилуј. Господи, помилуј; Господи, помилуј; Владико благослови.
Свештеникот врши отпуст вака говорејќи:
ако е недела:
Воскреснатиот од мртвите,-
ако не е недела:
Христос вистинскиот Бог наш, по молитвите на Својата Света и Пречиста Мајка, на Светиот отец наш Јован Златоуст, архиепископ цариградски Шили: Василиј Велики (ако се служи негова литургија)Ќ и на сите Светии, да нè помилува и спаси како благ и човекољубив.
Ѓаконот: Амин.
Ѓаконот, по отпустот го окадува Светото Предложение; потоа оди и го кади Светиот Престол кружно и накрсно, говорејќи во себе:
Во гробот телесно,
во адот со душата како Бог,
во рајот, пак, со разбојникот,
и на Престолот Си бил, Христе,
со Отецот и Духот,
сè исполнувајќи, Безграничен.
И Псалм 50: Помилуј ме, Боже...
Окадувајќи го олтарот и целиот храм, се враќа во олтарот и, окадувајќи го пак Светиот Престол и свештеникот, ја остава кадилницата на нејзиното место, а самиот приоѓа кон свештеникот. И, стоејќи пред Светиот Престол, двајцата се поклонуваат, трипати и, молејќи се во себе, говорат:
Цару небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој Си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистотија, и спаСи ги, Благи, душите наши.

Слава во висините на Бога, и на земјата мир, меѓу луѓето благоволение.

Цару небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој Си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистотија, и спаСи ги, Благи, душите наши.

Слава во висините на Бога, и на земјата мир, меѓу луѓето благоволение.

Цару небесен, Утешителу, Духу на Вистината, Кој Си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистотија, и спаСи ги, Благи, душите наши.

Господи, ќе ги отвориш усните мои, и устата моја ќе ја објави Твојата пофалба.
Свештеникот потоа го целива Светото Евангелие, а ѓаконот Светиот Престол.
Ѓаконот, приклонувајќи ја кон свештеникот својата глава и држејќи го орарот со три прсти од десната рака, вели:
Време е да Му се служи на Господа, Владико свети, благослови.
Свештеникот, осенувајќи го со крсен знак, говори:
Благословен е нашиот Бог, постојано, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Ѓаконот потоа вели:
Помоли се за мене, Владико свети.
Свештеникот:
Да ги исправи Господ твоите стапки на секое добро дело.
Ѓаконот: Спомни ме, Владико свети.
Свештеникот:
Да те спомене Господ Бог во Своето Царство, постојано, сега и секогаш и во сите векови.
Ѓаконот: Амин.
Откако ќе се поклони, ѓаконот излегува на северната врата и застанувајќи на вообичаеното место спроти отворените свети двери, побожно се поклонува трипати, говорејќи во себе:
Господи, ќе ги отвориш усните мои, и устата моја ќе ја објави Твојата пофалба.
Треба да се знае:
Ако свештеникот служи без ѓакон, на Проскомидијата нека не ги говори ѓаконовите зборови, и на Литургијата пред Евангелието, нити неговите зборови: Благослови, Владико, и: Прободи, Владико, и: Време е на Господа да Му се содејствува; нека ги говори само ектениите и она што е во чинот изложено.
Ако повеќе свештеници соборно служат, чинот на Проскомидијата нега го врши само еден од нив, а другите служители не говорат ништо засебно од Проскомидијата, освен што ги спомнуваат имињата на живите и упокоените православни христијани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА
НА СВЕТИОТ ОТЕЦ НАШ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ


Ѓаконот: Благослови, Владико.
Свештеникот:
Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ѓаконот:
Во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За вишен мир и за спасение на нашите души, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За мир на целиот свет, добросостојба на светите Божји цркви, и за соединување на сите, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој свет храм, и за оние што со вера, побожност и благоговение влегуваат во него, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За блажењејшиот архиепископ наш (името), високопреосвештениот наш митрополит (името), за чесното презвитерство, во Христа ѓаконството, за сиот црковен клир и народ на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благочестивиот и Христољубив народ наш и за православните христијани, да им помогне и да одолеат на секој непријател и противник, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За овој град (или: ова село; или: оваа света обител), за секој град, земја и за оние што со вера живеат во нив, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За благорастворување на воздухот, за изобилие на земни плодови и мирни времиња, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
За оние што пловат, патуваат, боледуваат, страдаат, што се заробени, и за нивно спасение, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Да се избавиме од секаква скрб, гнев и опасност, на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, Славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ПРВИОТ АНТИФОН (тивко)
ГОСПОДИ, Боже наш, чија власт е неспоредлива и славата недостижна, чија милост е безмерна и човекољубието неизречиво, Сам Ти, Владико, според Своето милосрдие, погледај на нас и на овој свет храм, и покажи ни ја, нам и на оние што со нас се молат, Твојата богата милост и Твоето милосрдие.
Свештеникот гласно:
Зашто Тебе Ти приличи секоја слава, чест и поклонение, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови.
Народот: Амин.
И се пее првиот антифон:
По молитвите на Богородица, Спасителу, спаси нè. (трипати); (односно првиот изобразителен псалм: Слава... И сега... Благословувај Го душо моја Господа, и сета внатрешност моја - Неговото свето име! Благословен Си Господи).
Ѓаконот, поклонувајќи се кон олтарот, оди од своето место и застанува пред иконата Христова, држејќи го орарот со три прсти од десната рака.
По завршувањето на антифонот, ѓаконот застанува на обично место (пред светите двери) и, откако ќе се поклони, говори:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ВТОРИОТ АНТИФОН (тивко)
ГОСПОДИ Боже наш, спаси ги Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство; запази ја полнотата на Твојата Црква, освети ги оние што ја љубат убавината на Твојот дом; Ти нив прослави ги со Твојата божествена сила, и не нè оставај нас кои се надеваме на Тебе.
Свештеникот гласно:
Зашто Твоја е власта, и Твое е царството и силата и славата, на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
И се пее вториот антифон:
Спаси нè Сине Божји, Кој воскресна од мртвите (во недели и од Велигден до Спасовден), нас кои Ти пееме: Алилуја! (трипати)
односно вториот изобразителен псалм. На крајот на антифонот се пее:
Слава... И сега... Амин. Единороден Сине и Слово Божјо, бесмртен Си, и Си благоволил заради нашето спасение да се воплотиш од Светата Богородица и секогаш Дева Марија, и неизминливо Си се вочовечил; Се распна, Христе Боже, и со смрт смртта ја уништи; Еден Си од Света Троица, и Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, спаси нè.
Ѓаконот се поклонува кон олтарот и оди пред иконата на Богородица.
Ѓаконот:
Пак и пак во мир на Господа да се помолиме.
Народот: Господи, помилуј.
Заштити, спаси, помилуј и запази нè, Боже, со Твојата благодат.
Народот: Господи, помилуј.
Спомнувајќи ја Пресветата, Пречиста, Преблагословена, славна Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија со сите Светии, самите себе, еден друг и сиот наш живот на Христа Бога да го предадеме.
Народот: Тебе, Господи.

МОЛИТВА НА ТРЕТИОТ АНТИФОН (тивко)
ТИ, Кој Си ни ги дарувал овие заеднички и согласни молитви; Кој и на двајца или тројца, сложни во Твое име, Си ветил да им дадеш она за што се молат; Самиот и сега во полезност исполни ги прозбите на Твоите чеда, давајќи ни во сегашниот век познавање на Твојата Вистина, а во идниот дарувај ни живот вечен.
Возглас:
Зашто Си благ и човекољубив Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови.
Народот: Амин.
Ги отвораат царските двери за малиот Вход.
Се пее третиот антифон, или Блаженствата, или тропарот. Кога ќе почне пеењето на: Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, свештеникот и ѓаконот, стоејќи пред Светиот Престол, прават три поклони. Потоа свештеникот го зема Светото Евангелие и му го дава на ѓаконот; и така, излегувајќи низ северната врата, прават мал Вход, додека пред нив одат свеќоносци; и, застанувајќи двајцата среде храмот, ги приклонуваат главите, а кога ѓаконот тивко ќе рече: на Господа да му се помолиме, свештеникот тивко говори:

МОЛИТВА НА ВХОДОТ
Владико Господи, Боже наш, Кој на Небесата Си вост


 
monah.pana.jpgСпаси го, Господи, и помилувај го мојот духовен отец (име),
не осудувај го и не измачувај го заради мојот гревовен живот.
Умножи ги во него духовните дарови, откриј му ги сите мои прегрешенија, изполни го со мудрост, со милост и со љубов,
и заради неговите молитви дарувај му простување на гревовите,
исправање на животот, преуспевање во добродетелите,
и испрати му ги Твоите богати милости.
Запази го, Господи, во овој ден (во оваа ноќ) да го избегне гревот,
совладај ги неговите телесни и нетелесни непријатели, избави го од видливи и невидливи непријатели, и запази го од лукави и неправедни луѓе.

Спомни го, посети го и зајакни го на многу години заради нас грешните.
О, Пресладок Исусе!
Господи, Ти си безмерно Свет, безмерно Праведен, безмерно Милостив! Господи, освети го со Твојата Светост мојот духовен отец (име), оправдај го со Твојата праведност, закрили го со Твоето милосрдие, и по неговите свети молитви прости ми мене, големиот грешник, и на сите негови духовни чеда прости, зашто си Благ и Човекољубив. (Поклон) 

СВЕТО ПИСМО

на Стариот и Новиот завет 

                       biblija

Ревидирано изданије 2006

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Правословна Црква 

Библиско здружение на Република Македонија

СТАРИОТ ЗАВЕТ -  1 дел

СТАРИОТ ЗАВЕТ - 2 дел

НОВИОТ ЗАВЕТ 

 


Посети: {moshits}

 

Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој Си насекаде и се исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди, всели се во нас, очисти не од секаква скверност и спаси ги Благи, душите наши.

 
ГОСПОДОВА МОЛИТВА

Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај не во искушение, туку избави не од лукавиот.

СИМВОЛ НА ВЕРАТА

Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на се видливо и невидливо;
И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосуштен на Отецот, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева, и стана човек;
И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребeн;
И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
И Кој се вознесе на небесата, и седи оддесно на Отецот;
И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото царство не ќе има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој исходи од Отецот, Kому Му се поклонувамеи Го славиме заедно со Отецот и синот, и Кој говорел преку пророците;
Во една света, соборна, и апостолска Црква;
Исповедам едно крштение, за простување  на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во  идниот век. Амин. ПСАЛМ 50-ти:

Смилувај се на мене, Боже, по Твојата голема милост, и по мноштвото на штедроста Твоја, очисти ме од безаконието мое. Најнапред измиј ме од моето безаконие и од гревот мој очисти ме. Зашто јас го знам моето безаконие и гревот мој секогаш е пред мене. Тебе единствено Ти згрешив и зло пред Тебе сторив, за да се оправдаш во зборовите Свои и да победиш кога ќе судиш. Ете, во безаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Ете, вистината си ја возљубил, и надумната и тајна премудрост си ми ја јавил. Пороси ме со исоп и ќе се очистам, измиј ме и побел од снег ќе бидам. Дај ми да слушам радост и веселба, да се зарадуваат коските скрушени. Одврати го лицето Твое од гревовите мои и сите мои безаконија избриши ги. Срце чисто, соѕидај во мене Боже и дух вистински обнови во утробата моја. Не отфрлај ме од лицето Твое и Духот Твој Свет не одземај Го од мене. Дај ми ја радоста на спасението Твое и со Дух Владичествен утврди ме. Ќе ги научам беззакониците на патиштата Твои, и нечестивите кон Тебе ќе се обратат. Избави ме од крв, Боже, Боже на моето спасение, ќе се зарадува јазикот мој на правдата Твоја. Господи, усните мои отвори ги и устата моја ќе ја објавува пофалбата Твоја. Зашто, да сакаше жртва ќе Ти ја принесев, сепаленици не благоволиш. Жртва за Бога е духот скрушен, срцето скрушено и смирено Бог не ќе го презре. По благоволението Свое, Господи, чини му добро на Сиона и нека се возвишат ѕидините ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците, тогаш на олтарот Твој ќе се полагаат телци.

  УТРИНСКА МОЛИТВА на преподобен Филарет, митрополит московски, Чудотворец


           Господи, дај ми мирно да го примам она што денешниов ден ми го носи и целосно да и се предадам на Твојата света волја. Упати ме и помогни ми во секој час од денов. Било каков глас да добијам, научи ме мирно да го примам и со цврста вера дека се е по Твојата света волја. Управувај со моите мисли, со моите сетила и со сите мои дела и зборови. Не допуштај во непредвиден случај да заборавам, дека се од Тебе доаѓа. Научи ме добро да се однесувам кон родителите и кон ближните, никого да не разгневам или оскрбам. Господи, дај ми сили да ја поднесам тежината на денешниов ден и се што во него ќе ми се случи. Управувај со мојата волја и научи ме да се молам, да верувам, да се надевам, да поднесувам, да проштевам и да љубам. Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир, та таму каде што има омраза – да сеам љубов, каде што има осуда – проштевање, каде што има раздор – слога, каде што има очај – надеж, каде што има темнина – светлост, каде што има жалост – радост.
О, Божествен Учителу, нека не бидам утешуван, туку јас други да тешам. Нека не ме трпат мене, туку јас да имам трпение за сите. Не мене да ме љубат, туку јас сите да ги љубам. Зашто кога проштеваме, тогаш и нам ни се проштева; кога даваме, тогаш добиваме; а кога умираме, тогаш се раѓаме за вечен живот.
            Свет Духу, помошник биди ми денешниов ден да Му Го посветам на мојот Господ и Спасител.
            Господи Исусе, Сине Божји, поарно е да не се живее, отколку да се живее без Тебе и против Тебе. Ти благодарам Боже, за дарот на овој ден, и за секое добро кое ќе ми помогнеш денес да го сторам. Избави ме, милостив Боже, од желбата за самоугодување и удостој ме во секој миг да бидам подготвен, заради Тебе и заради ближниот свој, да се откажам од себеси, зашто за таа служба и си ми го дал животот. Помогни ми од себе да го отфрлам сето она што не е Твое, а она што е Твое да го примам во длабока вера, надеж и љубов. Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам; да ја поставам правдата над користа, да го поставам чинењето на благочестиви дела над минливите задоволства, да ги поставам другите  над себеси, за да ја исполнам Твојата заповед на љубовта. Стори светлоста на Твојата убавина, добрина и љубов да заблескаат во мојава душа. Амин!

  МОЛИТВА пред работа:

Господи, Исусе Христе, единороден Сину на беспочетниот Отец, Ти си рекол со Својата пречиста уста: “Без Мене не можете ништо да правите“.
Господи мој, Господи, верувам со сета своја душа и срце во она што си го рекол и и припаѓам на благоста Твоја. Помогни ми мене грешниот и ова дело од мене започнато, Сам Ти заврши го, во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

  МОЛИТВА по работа:

Ти си исполнување на сите добрини, Христе мој, - исполни ја со радост и веселие мојата душа и спаси ме, зашто си единствен Многумилостив.

 
МОЛИТВИ пред и по јадење:

пред ручек:

Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај не во искушение, туку избави не од лукавиот.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин!  Господи помилуј! (три пати)

По молитвите на светите отци наши, Господи, Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин!

по ручек:

Ти благодариме Христе Боже наш, што не насити со Твоите земни блага; не лишувај не и од Твоето Небесно Царство, туку како што си дошол меѓу Своите ученици, Спасе, дарувајќи им мир, дојди и при нас и спаси не.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин!  Господи помилуј! (три пати)

По молитвите на светите отци наши, Господи, Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин!

пред вечера:

Ќе јадат бедните и ќе се наситат, и ќе го прослават Господа Кого Го бараат; и живи ќе им бидат срцата во сите векови.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин!  Господи помилуј! (три пати)

По молитвите на светите отци наши, Господи, Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин!

по вечера:

Утробата Твоја, Богородице, света трпеза стана на Лебот Небесен – Христос нашиот Бог. Секој што од Него јаде не умира, како што рече Хранителот на се.

Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Словото девствено што Го роди, Тебе вистинската Богородица, ние Те величаме.

Не развесели, Господи, со созданијата Свои и на делата на рацете Твои се зарадувавме. Светлоста на лицето Твое стана знак за нас, Господи. Во срцето веселие ни даде. Плодот на пченицата, виното и елејот ги умножи. Во мир ќе легнам и ќе заспијам зашто Сам Ти, Господи, во надеж ме засолни.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин!  Господи помилуј! (три пати)

По молитвите на светите отци наши, Господи, Исусе Христе, Боже наш, помилуј не. Амин!

+++



jovan.bitolski.jpgСв.Јован Битолски

О голем угоднику Божји, Јоване Архиепископу Шангајски и Санфранциски! Уште додека си бил на земјата, си пројавил дар на чудотворство од Бога даден, заради помош на оние кои се во болест, неволја и тага, во умно растројство и телесна слабост.
Со огнената своја вера си ги восхитувал иноверците, со подвигот на постот и молитвата си ги истерувал силите демонски, ревнувајќи заради Христа си ја разобличувал лажната мудрост на овој свет, со своето смирение си достигнал висина на созерцание на Боженствените тајни, недостапни на страсното срце и умот. Стекнувајќи го Светиот Дух во Царството Небеско си влегол од каде и денес им помагаш на оние кои го бараат твоето молитвено застапништво.
Знаејќи за неискажливите дарови од Господа поверени заради твојата ревност и смирение, сесрдно ти се обраќаме како деца на својот драг и добар родител. Помоли се на Христа Спасителот наш да ни подари вера надеж и љубов: вера, за да веруваме цврсто и непоколебливо на преданието на Светите Отци откриено од Светиот Дух; надеж, за да се надеваме на победата на Царството Божјо над царството на злото и гревот; љубов, за да Го возљубиме Бога и ближниот свој со сето свое срце и сета своја душа, да не бидеме лицемерни, саможиви и самољубиви. Свети оче Јоване, помоли се на Христа Спасителот наш, да ни подари смирение и трпение: смирение, за да се смириме под силната рака Божја и да не си угодуваме себеси туку на Творецот и Промислителот наш; трпение, за да ги претрпиме до крај искушенијата и неволјите и така да се спасиме и да влеземе во Царството Божјо. Помоли се, свети архипастиру за сите болни, немоќни, раслабени и намачени. За сиромасите, вдовиците, децата без родители. Спомни ги во молитвите сите некрстени, за да се крстат, а сите заблудени и отпаднати од Црквата Православна да се вратат од туѓата земја на ересите и безбожјето, во домот на Отецот Небесен. Спомни си и за наркоманите, блудниците и пијаниците - нека и нив Господ по своето неизмерно човекољубие ги обрати на патот на правдата и спасението, на вистинскиот пат кон Животот вечен. Незаборавај ги и неродените деца кои мајките ги убија во утробите свои и не им дадоа да ја видат светлината на денот Божји; помоли се и за сите оние жени кои во своето безумие наумиле плодот свој да го пометнат - Преблагиот Господ да ги вразуми и од нивната злобна намера да ги одврати!
О свети Јоване, добар и мил наш владико, на крајот сети се и на нас недостојните и грешните, измоли ни од Царот Небесен време за покајание, нас неплодните и окаменетите да не не порази гневот Негов праведен, туку да се очистиме од гревот и страстите, да се измиеме со скрушеност и солзи и заедно со тебе да ја прославуваме Пресветата Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

Превод: З.П.


 

  Молитви по светата Причест

Слава Ти, Боже! Слава Ти, Боже! Слава Ти, Боже!
 МОЛИТВА ПРВА
Ти благодарам, Господи Боже мој, што не си ме отфрлил мене грешниот, но ме удостои да бидам учесник во Твоите свети тајни. Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот, да се причестам со Твоите пречисти и небесни дарови. Но, Владико, Човекољубив, Кој заради нас си умрел и воскреснал и си ни ги подарил овие страшни и животтворни Тајни, за добро и осветување на нашите души и тела, дај и овие да ми бидат за исцеление на душата и телото, за одгонување на секој противник, за просветување на очите на оето срце, за мир на моите душевни сили, за непосрамена вера, за љубов нелицемерна, за исполнување со премудрост, за зачувување на Твоите Заповеди, за умножување на Твојата Божествена благодат и придобивање на Твоето Царство; та, со нив сочуван во Твојата светиња, да ја спомнувам секогаш, Твојата благодат, и да не живеам веќе за себе, но за Тебе, нашиот Владика и Добротвор. И така, излегувајќи од овој живот со надеж на вечен живот, да достигнам вечен мир, каде што радоста на оние што празнуваат е непрестајна и бескрајна е насладата на оние што ја гледаат неискажаната убавина на Твоето лице. Зашто Ти си вистинска желба и неискажана желба на оние, кои Те сакаат, Христе Боже наш, и Тебе Ти пее сета твар во векови. Амин!
 МОЛИТВА ВТОРА
Владико, Христе Боже, Цару на вековите и Создателу на сè, ти благодарам за сè, што си ми дал, за добрата и за причестувањето со пречистите и животворни твои Тајни. затоа Те молам, Добар и Човекољубив чувај ме под Твојот покров и во сенката на Твоите Крилја. Дарувај ми со чиста совест дури до последниот мој здив достојно да се причестувам со Твоите светињи за отпуштање на гревовите и за живот вечен. Зашто Ти си Леб на животот, Извор на светињата, дарител на добрата и тебе слава Ти вознесуваме со Отецот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!
 МОЛИТВА ТРЕТА
Давајќи ми го Твоето Тело доброволно за храна, Создателу мој, Ти, Кој си оган што ги спалува недостојните, да не ме спалиш и мене, туку продри во сите мои делови, во сите состави, во утробата, во срцето. Изгори ги трњата на сите мои прегрешенија, душата очисти ја, мислите освети ги; составите утврди ги заедно со коските, чувствата на петте прости сетила просвети ги, целиот приковај ме кон Твојот страв. Секогаш покривај ме, заштити и сочувај од секакво душегубно дело и збор; очисти ме, измиј и украси ме, разубави ме, вразуми и просвети ме. Покажи ме како Твое живеалиште на единиот Дух, а никогаш живеалиште на гревот. Та како од Твој дом по примањето на светата Причест да бега од мене секој злотвор, секоја страст. за молитвеници Ти ги приведувам сите светии, чиноначалствата на бесплотните сили, Твојот Претеча, мудрите Апостоли, а со нив, и Твојата Непорочна, чиста Мајка, со чии молби, милосрден, прими ме, Христе мој, и син на светлината, Твојот служител, направи го. Зашто Ти Единствен Си Светлина и осветување на нашите души, Благи и Тебе, како што прилега, слава сите Ти вознесуваме секој ден како на Бог и Владика.
 МОЛИТВА ЧЕТВРТА
Твоето свето Тело, Господи Исусе Христе Боже наш, да ми биде за вечен живот, и Твојата чесна Крв за отпуштање на гревовите, светата Причест да ми биде за радост, здравје и веселба; а на страшното и Второ Твое пришествие удостој ме грешниот, да застанам оддесно во Твојата слава, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Светии.


МОЛИТВА ПЕТТА
(КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА)

Пресвета Владичице Богородице, светлино на мојата помрачена душа; надеж, покров, прибежиште, утеха и моја радост, Ти благодарам што ме удостои мене недостојниот да бидам причесник на пречистото Тело и чесната Крв на Твојот Син. Но, Ти, Која си ја родила вистинската светлина просвети ги умствените очи на моето срце; Ти, Која си го родила Изворот на бесмртноста, оживотвори ме мене умртвениот од грев; Ти, милосрдна Мајко на милостивиот Бог, помилуј ме и дај ми во моето срце умилност искрушеност и смирение моите мисли и отповикување од ропство на моите помисли и удостој ме до последната воздишка неосудно да го примам од пречистите Тајни осветувањето за исцеление на душата и телото и дај ми покајни и исповедни солзи, за да Ти пеам и да Те славам во сите денови од мојот живот. Зашто си благословена и препрославена во сите векови. Амин!

  Молитви за покојните

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги лишуваш од милоста ни живите ниту мртвите, Христе Спасителу, слушни го молитвениот плач на моето срце и помилуј ја според своето безгранично милосрдие, душата на преселениот од овај свет во невидливиот Твој слуга (или: слугинка) (името), за кого (за која) да се молам ме поттикнува љубовта и, благодарноста за она што ми направиле во во нивниот живот.

Помилуј го (ја), зашто заспа во смртниот сон со спасителна вера во Тебе и надеж во вечниот живот, помилуј го поради раните и страданијата што Си ги претрпел за сиот човечки род, поради крвта пролеана и поради Твоето понижување… Ти си вечна љубов и благост, Ти си Спасител на човечкиот род и си ветил дека ќе исполниш се што ќе побараме со вера. Со оваа надеж и јас, грешник недостоен за Твое помилување, се осудувам да Те молам, се осмелувам од длабочината на својата душа да викам кон Тебе. Сожали се, Господи, и помилуј го починатиот во смртен сон Твој слуга (слугинка). Можеби и поради моја вина сеуште не стигнал до вечното пристаниште на блажените. Можеби поради моите гревови го отфрлаш од Твоето лице и учеството во нив овде на земјава. Поради.Твојата благост и крстните страданија, не земај му ги во предвид тие гревови. Помилуј го, ако по немоќта на грешната прироДа се отклонил од Твоите патишта и блудел по стрмината на порокот, вовлечен од соблазните на светот. Искупи ги со Твојата крв неговите заблуди и слабости, не споменувај ги гревовите, заборави му ги беззаконијата, награди му ги добродетелите, не оставај ја без возврат ни најмалата усилба да Ти благоугоди. Врачунај му ги, место дела, неговите добри намери през животот, згасни му ја жедта за соединување со Тебе, засити му ја гладта за Твојата правда од плодовите на Твојот дом. Збогати му ја неговата беда од сокровиштата на твоите заслуги. Покриј му ја голотијата со облеката на Твоето оправдание. Овенчај ја неговата желба да се насладува со гледањето на Твоето лице и воведи го во Твоето вечно царство.

Оче на Господа наш Исуса Христа, Оче на шчедростите и на секое милосрдие! Прими ја за задоволување на Твоето правосудие на починатиот од времениов живот со надежта на Твоето милосрдие, жртвата на Твојот единороден Син, човечкиот Спасител. Послушај ги можтвите и прозбите на светата Црква стекната со неговата крв. Прими ја за негово очистување бескрвната умилостителна жртва, принесувана од Црквата врз олтарите подигнати во слава на Твоето име.

Единосуштен на Отецот и Синот, Сесвети Душе, изгори ја со Твојата љубов греовната мртвост на починатиот, отстрани од него секој квасец на земните склоности и навики, разреши го од греовните врвки, очисти го од секоја нечистотија на беззаконието, оживотвори ја наговата смртност со надежта на вечното милосрдие, освежи го со росата на Твојата милост жешкиот пламен на застарените навики, растерај го стравот и ужасите што го збунуваат, смири ги лутите грижи на совеста, утеши го со Твојата благост, и избави го од власта на адот, за да не го проголта преисподната бездна, да не го потопи и не го проголта геената во неизгасливиот оган.

Најмилосрден троичен Боже, упокој ја душата на починатиот во смртниот сон со вера и надеж на Твоето безгранично милосрдие. Направи го учесник на вечното блаженство, упокој го во небеското семејство, кајшто нема тага, солзи, воздишки, за да го опфати радост и вечна веселост. Отвори му ја рајската врата, присоедини го во соборот на Твоите избрани, вдвори го во Твоите светии, да ја види Твојата вечна светлина, да се насладува од гледањето на Твоето лице. Исполни ја врз него Својата милост, јави му го Твојот благослов, та помилван да ја измолува твојата благост и за мое помилување, за и јас да бидам придружен со него во Твоето царство каде што нема тага, ни болест, ни солзи, за и јас да го прославам Твоето безгранично милосрдие, Оче, Сине и Свети Душе. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИТЕ ЧЕДА

Господи Исусе Христе, Боже наш, Владико на животот и смртта, Утешителу на неволните, со скрушено и смирено срце прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Спомни Го, Господи, во Твоето царство Твојот понинат слуга (слугинка), моето чедо (името) и направи го неговиот спомен вечен. Ти, Владико на животот и смртта, Си ми го дал тоа чедо, и спрема Твојата блага и премудра волја било угодно и да ми го земеш. Да биде благословено Твоето име, Господи! Ти се молам, Судијо на небото и на земјата, спрема Твојата бескрајна љубов кон нас грешните, прости му ги на починатиот твој слуга, моето чедо, сите гревови направени со умисла или безумисла, со дело, свесно или несвесно. Прости ни ги, Господи, и нашите родителски согрешенија, тие да не се пренесуваат на чедата. Знам дека многу згрешивме пред Тебе. Многупати не го запазивме, ниту го направивме тоа што си ни го заповедал. Ако нашето починато чедо, по наша или по сопствена вина, му служеше повеќе на светот и плотта, а не на Тебе, Господа и Бога, Ти се молам, преблаг Оче, прости му ги и ослаби ги таквите прегрешенија или друго лошо што направил во овој живот. Христе Исусе, Ти си ја воскреснал ќерката на Јаира спрема верата на татко и, Ти си ја исцелил ќерката на хананејката спрема верата и прозбата  на мајка и, послушај ја и мојава молба: Не презирај ја молбава за моето чедо. Прости му ги, Господи, еите негови согрешенија и очисти му ја душата, избави ја од вечните маки и насели ја со сите Твои светии, коишто од века Ти угодиле, таму кајшто нема ни болест, ни тага, ни воздшики, туку е бескрајниот живот. Зашто нема човек којшто не поживеал, а не згрешил, само Ти единствениот си без грев, та кога ќе го судиш светот, моето чедо да го чуе Твојот сладок глас: Елате вие, благословени од мојот Отец, и наследете го царо твото за вас припремено од почетокот на светот. Зашто Ти си Отец на шчедрости и милости, Ти си нашиот живот и нашето воскресение и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш, и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИ РОДИТЕЛИ

Господи Исусе, Боже наш, Ти си пазител на сираците, прибежиште на неволните и утешител на онке коишто плачат. Јас, сирак, прибегнувам при Тебе, стенкам и плачам и Ти се молам: Послушај ја мојата молба и не одвраќај го лицето од воздишките на моето срце и од солзите на моите очи. Ти се молам, милостив Господи, намали ја тагата поради разделбата со мојот родишел (родителка) (името). Неговаша душа почината со вистинска вера во Тебе и со цврста надеж на Твоето човекољубие и милост, прими ја во Твоето небеско царство. Се приклонувам пред Твојата света волја и Те молам да не ја отстраниш од него Твојата милост и добросрдечност. Знам, Господи, дека Ти, Судијата на целиот свет, гревовите и неделата од родителите ги накажуваш врз децата, но и дека ги помилувуваш родителите поради молитвите и добродетелите на нивните чеда. Со скрушеност и умилност Ти се молам, милостив Судијо, не казнувај го со вечна казна Твојот слуга (или: слугинка), мој татко (или: мајка) и прости му ги сите гревови намерни или ненамерни што ги сторил со збор, дело, свесно или несвесно во овој живот, со Твоето милосрдие, поради молитвите на Пречистата Богоордица и на сите светии, помилуј го и избави го од вечните маки. Ти, милосрден Оче на родителите и чедата, дај ми во сите дни на мојот живот се до мојата последна воздишка да не престанам да го споменувам во молитвите мојот починат татко (мајка, или: родители), и да Те молам, праведен Судијо, да ш населиш во место светло, место свежо и спокојно, со сите светии, кајшто нема болест, ниту тага, ни воздишка. Прими ја денес, Госиоди, оваа шоила молитва за покојниот (покојната) поради неговиот труд и грижи за моето воспитување во верата и христијанското благочестие, зашто тој ме научи побожно да Ти се молам, само на Тебе да се надевам во неволјите, тагите и болестите и да ги пазам Твоите заповеди. За сите добри работи што тој ги испросил од Тебе, возврати му со Својата милост, со Своите небески бла-га и радостите во Твоето вечно царство. Зашто Ти си Бог на милостите, шчедростите и човекољубието, Ти Си упокоение и радост на Твоите верни раби, и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНА СОПРУГА

Господи Седржителу, Исусе Христе, со срдечно скрушение и умилност, Ти се молам: Упокој ја, Господи, душата на починатата Твоја слугинка (името) во Твоето небеско царство. Владико Седржителу, Ти си го благословил сопружниот сојуз помеѓу мажот и жената, кога си рекол: Не е добор човекот да биде сам на земјата, да му направам помошник подобен на него, Ти си го осветил тој сојуз спрема примерот на Христа со Црквата. Верувам, Господи, и исиоведувам, дека Ти си благословил и јас да се сретнам со една од Твоите слугинки во еден таков сојуз. Но и било благоугодно на Твојата блага и премудра волја да ми ја одземеш слугинката што си ми ја дал за помошничка и сопатница во мојто живот. Се приклонувам пред Твојата волја и Ти се молам од се срце: прими ја оваа молба за Твојата слугинка (името) и прости и се што согрешила, со збор, со дело, со помисла, свесно или несвесно. Ако го засакала повеќе земното од небеското или, ако ги занемарила недата, или го огорнила некого со збор или со дело, ако роптала во своето срце против ближниот, или осудила некого, или било какво друго лошо направила, сите грешки прости и ги, како благ и човекољубив, зашто нема новек којшто поживеал и не согрешил. Не влегувај во суд со својата слугинка, како со свое создание, не осудувај ја поради гревовите на вечни маки, туку сожалија и помилуј ја според Твојата голема милост. Ти се молам и просам од Теб, Господа на силите, да не престанувам през сите денови на мојот живот да Ти се молам за починатата слушнка и до крајот на животот да и измолувам од Тебе, Судијата на сиот свет, опростување на нејзините согрешенија. Ти, Боже, овенчај ја со Својата слава во Твоето небеско царсшво со сише свешии коишшо шаму се радуваат и заедно со нив вечно да го воспева Твоето најсвето име со Отецот и со Светиот Дух. Амин.

МОЛИТВА ЗА УМРЕНИОТ СОПРУГ

Господи Седржителу, Исусе Христе, Ти си утеха на оние коишто плачат, заштита на сираците и вдовиците. Ти Си рекол: Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам. Во деновите на неволјата прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Не одвраќај го Своето лице од мене и слушни ја молитвата што Ти ја принесувам со солзи. Ти, Господи и Владико, на се си благоволил да ме сретнеш со еден од Твоите слуги за да бидеме едно тело и еден дух. Ти си ми го дал тој Твој слуга како сожител и заштитник. Но, на Твојата блага и премудра волја и беше благоугодно да го одземеш од мене Својот слуга и да ме оставиш сама. Се приклонувам пред Твојата волја и при Тебе прибегнувам во деновите на мојата тага. Отстрани ја тагата од разделбата со Твојот слуга, а мој другар. Кога него си го одзел од мене, не одземај ја од мене и Својата милост. Како што некогаш си ги примил двете лепти од вдовицата, така прими ја и оваа моја  молба.  Спомени ја, Госиоди, душаша на Твојош иочинаш слуга (името), прости му ги сите согрешенија што ги направил намерно или ненамерно, со збор или со дело, свесно или несвесно, не погубувај го со беззаконијата, туку спрема Својата голема милост и големите шчедрости ослаби ги и прости му ги сите согрешенија и насели го со сите светии, кајшто нема ниту болест, ниту тага, ниту воздишки, туку е бескрајниот живот. Ти се молам и просам, Господи, дај ми во сите дни на мојот живот да не престаќувам да се молам за починатиот Твој слуга и до последната воздишка да измолувам од Тебе, Судијата на целиот свет, прошка на сите согрешенија и населување во небеските станови што си ги приготвил за оние коишто Те љубат. Зашгџо нема човек, којшто не поживеал и не згрешил. Само Ти си единствениот без грев. Амин.


 Посети: {moshits}

 


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1024
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 991
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…