логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

За искушенијата што им се случуваат на оние кои напредуваат според Бога и кои им носат корист, исто и за тоа дека без искушенија душата не може ниту да напредува ниту да се вознесува кон Бога

 vozdvizenie.jpg

1. Знам дека вашето срце е вознемирено затоа што сте паднале во искушение, но поднесувајќи го храбро, ќе најдете радост. Затоа што ако вас ве нападне искушение, отворено или во тајност, не можете да појдете напред (во својот духовен напредок) преку мерата (која сте ја достигнале). Освен тоа, сите светители кога го молеле (Бога) нивната вера да се зголеми, се нашле во искушенија. Ако некој добие благослов од Бога, веднаш со тоа ќе добие и искушение од непријателите кои сакале да го лишат човекот од благословот со кој Бог го благословил. Демоните знаат дека душата која добила благослов напредува, и затоа тајно или јавно и’ се спротивставуваат. Затоа, кога Јаков добил благослов од својот татко, веднаш му се случило искушение од страна на Исав (Битие 27). Ѓаволот сакајќи да го уништи овој благослов, го поттикнал неговото срце против Јакова, но не можел да го совлада праведникот, бидејќи е напишано: Нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните (Пс. 124:3). И покрај тоа, Јаков не го загубил добиениот благослов, туку секој ден го умножувал. И вие трудете се да бидете посилни од искушенијата, затоа што оние кои добиле благосолов треба (храбро) да ги поднесуваат и искушенијата. И јас, вашиот татко, претрпев големи искушенија, тајни и јавни, потчинувајќи се на волјата Божја, чекав, Го молев (Бога), и Он ме спаси.

2. Бидејќи вие, возљубени, го добивте благословот Господов, после него следеа и искушенија. Трпите додека не ги надминете, затоа што кога ќе ги надминете, тоа ќе биде голем успех, ќе се умножат сите ваши добродетели, и од небесата ќе ви биде дарувана голема радост, за која не сте ни насетувале. Средствата со чија помош можете да ги надминете искушенијата се стремење да се совлада сопствената мрзеливост, постојаната молитва кон Бога и благодарност кон Него од сето срце, како и долготрпение во се’ – тогаш искушенијата ќе ве напуштат. Авраам, Јаков, Јов и многу други (праведници, исто така) биле изложени на искушенија, но се покажале како верни. Затоа е и напишано: Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави (Пс. 33:19). И (Апостол) Јаков вели: Страда ли некој меѓу вас, нека се моли на Бога (Јак. 5:13). Зарем не гледаде дека сите свети, наоѓајќи се во искушенија, Го призивале Бога?

3. И пак е напишано: верен е Бог, Кон нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша (1 Кор. 10:13). Значи, Бог вам ви помага заради праведноста на вашите срца, затоа што ако не ве љуби, не би ви дал искушенија. Освен тоа, напишано е: Оној што Господ го љуби, него и го казнува, и го бие секој син што му е мил (ПрС. 13:12). Затоа, само на верните им се става (некој) вид искушенија, додека неиспитаните се – незаконско родени (синови Божји), тие го носат (монашкото) одело, но од неговото значење се откажуваат. Затоа што Антониј нам ни говореше: „Никој неиспитан не може да влезе во Царството Божјо“. А апостол Петар вели: А за ова радувајте се многу, иако сега за кратко можеби бевте на мака од разни испитувања, та вредноста на вашата вера, која е поскапоцена од пропадливо злато, кое се испробува во оган, да се покаже за пофалба, слава и чест, при откровението на Исус Христос (1. Пет. 1, 6–7). За дрвата, исто така велат, дека она кое (постојано) е изложено на оган, со корените навлегува подлабоко во земјата, (но продолжува) да расте – така непоколебливо напорот (искушенијата) го поднесуваат и праведниците. За овие и други слични (работи) слушајте ги нашите учители, за да напредувате.

4. Знајте дека на почеток, гледајќи дека срцата им се чисти, Духот (Свети) на праведниците им дарува радост за духовно делување. А откога се дарува оваа радост и сладост, тогаш Духот заминува и ги остава, и тоа е Негова карактеристика. Тој тоа го прави со секоја душа што трага за Бога, на почетокот на (духовното напредување). А заминува и ги остава луѓето за да дознае дали тие навистина Го бараат Бога или не. Некои, кога (Духот) заминува од нив, стануваат троми и неподвижни под бремето; тие не Го молат Бога да им го симне тоа бреме и повторно да ги посети радоста и сладоста што веќе ја вкусиле, туку по сопствената мрзеливост и своеглавост, одстрануваат од сладоста божја. Затоа стануваат телесни и само го носат монашкото одело, а од значењето на (монашкото служење) се одрекуваат. Таквите (монаси) се слепи во животот свој и не го познаваат делото Божјо.

5. Но, ако (монасите) – чуствувајќи необична тежина и сеќавајќи се на претходната радост – со солзи Го молат Бога и се подвизуваат во пост, добриот Бог, гледајќи дека тие Го молат (Него) од срце и во вистина, одрекувајќи се од сите свои желби, ќе им дарува поголема од првата (радост), и добро ќе ги утврди (во верата). Овој знак Бог го прави со секоја душа што Го бара.

6. Значи, кога душата се вознесува од адот, тогаш, колку повеќе го следи Духот Божји, толку повеќе (непријателот), користејќи се до (разни) околности, го подложува на искушенија. (Успешно) надминувајќи ги овие искушенија, таа станува прозорлива, а стекнува и друго што е пријатно. Кога Илија требаше да биде вознесен (на небесата), тој, доаѓајќи до првото небо, бил воодушевен од неговата светлина; доаѓајќи до второто, уште повеќе се восхитил и рекол: „Јас гледам дека светлината на првото него е мрак (во споредба со светлината на второто небо)“; и така по ред на секое небо. Затоа душата на совршените (луѓе) постојано успева и напредува, се’ додека не се вознесе на небото на небесата.

7. Ова ви го пошувам, возљубени, за да се утврдите и да сфатите дека на верните искушенијата не им се случуваат заради казна, туку заради (духовна) корист. И само ако трпеливо ги поднесе искушенијата, душата може да се вознесе до Оној Кој ја створил.

8. Ако сакате да примите Божествена вдахновеност, прифатете се за телесен напор и напор на срцето, а своите мисли и ноќе и дење насочувајте ги кон небото, молејќи се го оганот на Духот од сето срце – и тој ќе ви биде даруван.

9. Грижете се помисли на сомнеж да не влезат во вашето срце, наговарајќи ве: „Кој може да Го прими (тој Дух)?“ Не дозволувајте овие помисли да завладеат со вас, туку молете Му се (на Бога) во вистина, и – ќе добиете. И јас, вашиот отец, Го молам (Бога) да Го добиете овој (Дух). Затоа што оној кој Го негува Тој Дух – тој и ќе го добие. Пред вас сведачам дека Тој Дух пребива во оние кои се вистинољубители, та затоа довикувајте Го Бога во вистинољубивоста на срцето. А кога Го стекнете, Тој ќе ви ги открие небесните тајни. Затоа што Тој открува многу од тоа што јас не можам со слова да го оставам на хартија. Тогаш ќе се ослободите од секој (лош) страв, и небесната радост ќе ве опфати така како да сте веќе пренесени во Царството (Небесно), иако сеуште се наоѓате во тело. Тогаш вам нема веќе да ви биде потребно да се молите за самите себе, туку ќе се молите само за другите.

Слава Му на благиот Бог, Кој, оние што Му служат, го удостојува со (стекнување) на такви големи тајни. Нему нека Му е вечна слава. Амин.

Извор: Посланица четврта – Авва Амон

Преземено од: http://maranata0.wordpress.com/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1044
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1005
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…