логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Што всушност кај Хаксли толку запрепастува? Запрепастува тоа со каква точност се' или барем се' од опишаното се овоплотило во вистинскиот живот... Во тоа не може да се успее без да се излезе од рамката на читањето на книгата. А кога ќе излезеш и ќе се запознаеш со животописот на авторот, за запрепастуваш уште повеќе.
ЧИТАЈТЕ ГО ХАКСЛИ -2

Татјана Шишова
Ирина Медведева
(Втор дел)


Култура на забавата


Во "прекрасниот нов свет" победени се не само болестите, туку и староста. "Во оние одвратни стари времиња старците се одрекувале од се', се пензионирале, се препуштале на религија, губеле време на читање и на размислување - ражмислување!.. А сега - таков напредок е остварен - старците работат, старците се парат, старците немаат време, немаат кога да здивнат од задоволства.... "          Што од ова не ја претставува западната стварност? Па и кај нас веќе пропагираат секс за "оние во одминати години" и чудотоврни средства и средства кои припомагаат во тоа. Што се однесува до непрестаните разоноди-заради нив дури и не треба да се излегува од куќата: само вклучи го телевизорот -и разонодувај се до умопомрачение.

Воопшто интересно е тоа што забавите во Хакслиевиот свет некако премногу потсетуваат на современите стандарди на културен одмор: "....следните седмици не еднаш се запрашала дали да се предомисли во врска со одморот во Њу Мексико и наместо тоа да отиде на Севрниот Пол со Бенито Хувер. Незгодно беше само тоа што веќе еднаш била на Северниот пол, дури минатото лето со Џорџ Ездел и очајно си поминала таму. Никакви забави, а хотелот безнадежно старомоден-ќе спие во соба без телевизор, без оргули за мирис, само некоја одвратна синтетичка музика и само дваесет и пет игралишта за ескалаторски бадминтон за повеќе од двестотини гости." Сфаќањето на слободата како можности за непрестано забавување и уживање е исто така сосема препознатливо.       

Тука елем може да се приговори: "А што е новото во таквото сфаќање на слободата? Зарем некогаш и било поинаку?"
Но, ние ќе го поставиме противпрашањето: кога, која историска епоха имала ималa истоветни приоритети? Всушност, освен на Стариот Рим во периодот на опаѓањето, на ништо друго нема да се сетиме. А и таму попатно, така живеел сосема мал дел од повластените жители. Останатите, додека овие уживале, им ја обезбедувале таа можност. Во христијанскиот свет пак, поимањето на слободата како безпречни уживања било невозможно. Дури и оние кои поради општествено-економската положба можеа тоа себеси да си го дозволат (и поради слабоста човечка-си го дозволуваа!) - тоа не го прогласуваа за морална норма.

Нема нашироко да зборуваме за очигледното но, ќе споменеме дека во христијанството, вредност има единствено слободата од гревот. Истите тие разоноди кои Хаксли ги живописа, а кои со некаква манијакална упорност ги наметнуваат на современите луѓе силниците на овој свет (многумина се фаќаат на таа мамка)-тие разоноди не се просто гревовни, туку сами по себе преставуваат торжество на порокот-порокот воздигнат на ниво на норма, станувајќи дури и образец на однесување. Развратот, вклучувајќи го и детскиот (за содомијата Хаксли по се изгледа не се одлучил да пишува, иако навестување на таа "забава" има во книгата), колективното лудрање на "мисите на солидарност" (така кај Хаксли се нарекува сатанската пародија на агапе, кои беа вообичани кај првите христијани), легалната и сеопшта употреба на наркотик-сето погоре наброено денес претставуваат не хипотетички, туку сосема реални цели на глобалистите.

Целите кои, како што е сега вообичаено да се каже, се наоѓаат на дофат на раката. Во европските школи програмите за сексуално воспитание одамна станале стварност, а на 25 октомври 2010 година на седница на ОН еден од стручњаците во областа на образованието Вернор Муњоз предложил да се воведе "наднародоно" "светско" сексуално воспитание за децата од 5 години во сите држави на ОН, што предизвикало бурна расправа помеѓу членовите на ОН1. Книгата која послужила како темел за овој предлог гласи: "Радоста од сексот мора да биде главната цел на општото сексуално воспитание." И уште повеќе! "Правото може да биде потполно загарантирано дури тогаш кога децата го поминат курсот на општото воспитание веднаш, на почетокот на нивното воспитание."


Нова религија

Обидите да се создаде некаква универзална религија досега не се овенчани со успех но, носат многу деликатен карактер. Часкум дознаваме дека некаде се гради храм за најразлични религиозни култови, часкум, кога ќе отидеме во странство, ни нудат туристичка атракција-посета на бахаистичка градина. Но, никако поради тоа за да се воодушевуваме на егзотичните растенија, туку да се запознаеме со новата религија создадена во XIX - от век, која се залага за единство на сите релиигии.
          

Но, постојат и посериозни појави. Во 1893-та година дејствениците на наднационалната елита од членството на масонските ложи го образуваат Парламентот на светските религии, кој прв го постави јавно прашањето на создавањето на Организацијата на обединетите религии2. Сто години се' одело натаму-наваму но, кон крајот на XX-иот век процесот се актвирал. Особено околу создавањето на Оранизацијата на обединетите религии се трудел епископот на американската епископална црква В. Свинг и....бившиот генсек на ЦК КПСС М.С. Горбачов. Не е ли тоа така-неочекувано за марксист-атеист? Во 1993-1997 година Свинг пропатувал многу земји но, поддршка од водачите на главните светски религии не добил.
Затоа пак, раководителите на сектите, окултните и сатанистичките заедници радо се одзивале. Во септември 1995-та година на подрачјето на бившата војна база на САД Президио, каде што сега е сместена амерканската резиденција на Горбачовата фондација (исто така интересно зар не?), оваа фондација го собрала своjот прв светски форум, на кој е објавена основната задача за најблиската петолетка: изложување на "темелните приоритети, вредности и дејства кои се неопходни за раководење со човештвото на патот на развојот на првата глобална цивилизација".
           

На вториот светски форум веќе е говорено дека "контролата над светските религии е- контрола над човештвото", па изнeсените идеи се на некаква глобална етика, која демонстративно се спротиставува на деветте евангелски заповеди на блаженствата. За создавање на Организацијата на обединетите религии е заинтересирана и сеприсутната Рокфелерова фондација. Но, иако во јуни 1997 година е донесена одлука делатноста на ООР да започне во 2000-та година, таа замисла практично пропаднала, бидејќи ниту една од светските религии не се согласила званично да влезе во ООР. Обидите на наднационалната елита светските религии да ги стави под контола засега не успеале но, тие продолжуваат.
           

Што се однесува до легализацијата на наркотикот-во светот на Хаксли наркотичната "сома" претставувала неодвоив атрибут на секојдневниот живот-во многу земји наркотиците се делумно дозволени. Некаде отворено (легализација на употребата на марихуана), а некаде благо закамфлирано, под изговорот на т.н. заменска терапија, каде што наместо хероин на потрошувачите на државна сметка им се издава друг наркотик- метадон; во скандинавските земји на луѓето им се припишуваат лекови, кои дури и со својот назив се стилски блиски на Хаксли -"таблети на среќа". Ги пијат возрасните, па дури и децата. Ги пијат со години. Точниот состав на тој волшебен препарат не ни успеа да го дознаеме: Русите што живеат во тие краеви гледаат да не ги земаат тие таблети. По се изгледа здрав конзервативизам. Иако може да се претпостави дека тоа се антидепресанти од типот на паксил, прозак (дури постои и таков филм-"Прозак нација") и сл. Но, и без точни податоци за составот јасно е дека кај човекот се создава цврста зависност. Ги пиеш таблетите-и ете ти среќа. Ги оставиш ли-неа како и да не ја имало. Во што се разликува од "сомата"?
Сепак на создателите на новиот прекрасен свет сето ова им е малку. Минимумот на програмата е сиреч, исполнет. А видиш, комитетот на ОН истапува со иницијатива за легализирање на лесните дроги не само во секоја пооделна земја, туку во размерот на сиот земен шар. Истовремено глобалниот финансиер Сорош го одобрува и поддржува тој "корисен" потфат.

Науката - непријател на стабилноста
          

Особено е интересна и судбината на науката во хакслиевиот роман. На крајот на делото се наведува разговорот на Управителот Мустафа Монд со Дивјакот и двајцата интелектуалци-Хелмхолц и Бернард. Патем, изборот на името и презимето на Управителот е исто така интересен. Вообичаено се смета дека тој е наречен така според основачот на Турската република после Првата светска војна Кемал Мустафа Ататурк, кој во земјата придвижил процеси на модернизација и званичен секуларизам, а презимето е позајмено од англискиот финансиер Алфред Монд, пламениот непријател на работничкото движење.
         

Но, се наметнува и друго толкување: "monde" на француски значи -"свет",а овде и станува збор за еден од главните светски управители; додека Мустафа е популарно муслиманско име. Во првата третина на XX-иот век, навистина, ништо не ја навестуваше големата преселба на муслиманите во Европа, па според тоа и наглото јакнење на муслиманскиот фактор во светската политика. Но, и многу нешта други кои се опишани во хакслиевиот роман, би се рекло, дури ни на сон тогаш не можеше да биде сонето.... Сепак, да се завртиме кон содржината на разговорот. Мустафа Монд ги открива картите, објаснувајќи ги начелата по кои је констуиран "прекрасниот нов свет".
        

"A сега светот е стабилен, стамен - вели Управитлот (уште еден детаљ достоен за внимание: глобалистичката концепција на одржлив развој се појавила многу подоцна, на почетокот на 70-те години на минатото столетие!) - Луѓето се среќни; имаат се' што сакаат, а она што го немаат, нема ниту да го посакаат. Имотни се; безбедни се; никогаш не болуваат; не се плашат од смртта; живеат во блажено незнаење за страсти и старости, не им висат на врат мајки и татковци; немаат ниту жени, ниту деца, ниту љубовици, значи некој кон кого би можеле да негуваат силни чувства; така се обработени што практично и неможат, а да не се однесуваат онака како што треба да се однесуваат. Ако пак нешто зашкрипи, тука е секогаш сомата. Која вие ја фрлате низ прозор, господине Дивјак, во име на слободата." "Слобода! - Мустафа се насмеа: Барате делтите (нижата раса - прим. на авторките) да знаат што е слобода! А сега да не сакате уште да го разберат Отело! Драго мое момче! Заради стабилноста мораше да се жртвува не само високата уметност, затоа што таа може да предизвика доживувања штетни за среќата, туку и науката."
          

"Не сакаме да ги менуваме нештата-се поверува Монд. - Секоја промена е закана за стабилноста. Тоа е уште една причина зошто толку скржаво ги применуваме новите пронајдоци. Секое откритие во чистата наука е потенцијално разорно; дури и науката понекогаш мора да се посматра како можен непријател... Mене ме интересира вистината, ме привлекува науката. Но, вистината е закана, науката е јавна опасност. Опасна е исто толку колку што е корисна. Ни ја даде најстабилната рамнотежа во историјата. Во споредба со нас, Кина била безнадежно несигурна; дури ни примитивните системи на матријархатот не биле постабилни од нашиот. Повторувам, благодарение на науката. Меѓутоа, на науката не смее да и' се допушти да го уништи сето она добро што го направила. Ете поради што толку строго го ограничуваме делокругот на научните истражувања... Ние и' допуштаме да се бави само со оние проблеми кои во дадениот момент ни се итни. Сето останато научно истражување грижливо се спречува. Интерсно е да се чита-продолжи Мустафа по кусaта пауза-што луѓето во добата на Господа Форд пишувале за напредокот на науката. Ним им се чинело, изгледа, дека тој процес може да продолжи до бесконечност, без обѕир на се'. "
       

"Знаењето било врховно божество, вистината највисоко добро; сеќ останато било второстепено и им било потчинето ним. Додуша, мислењата уште тогаш почнале да се менуваат. Дури самиот Форд направил многу акцентот да се помери од вистината и убавината на удобноста и среќата. Тоа го изискувало масовното производство. Индустријата се равива нормално во услови на општа среќа, а не на вистина и убавина. Така што, се разбира, секогаш кога масите би ја освоиле политичката власт, среќата станувала поважна од вистината и убавината. Но сепак, наспроти сето ова, научното истражување и понатаму било допуштено. И понатаму се говорело за вистината и убавината како да се најголеми земни богатства. Се' до Деветгодишната војна. Е, тогаш започнала друга музика. Што вреди вистината или убавината или знаењето, кога секаде наоколу експлодираат антракс-бомби? Дури тогаш за прв пат на науката и' беа притегнати уздите-дури тогаш, после Деветгодишната војна. Во тоа време луѓето биле спремни и на својот апетит да му стават узди. Сaмо да има мир. И оттогаш продолживме да стeгаме. Се разбира, на вистината тоа баш и не и' користело но, и' користело на среќата. Ништо не е бесплатно. За среќата мора да се плати."
           

Вам зар не ви се чини поразително времето на пишувањето на овој монолог, кој повеќе потсетува на манифест? Ако за контрацептвните средства, разрушувањето на семејството, па дури и за обединувањето на религиите може да се каже дека тие идеји уште од поодамна веќе лебделе во воздухот, тогаш ваквиот поглед на местото и улогата на науката во општеството за почетокот на XX век биле едноставно нешто незамисливо. Науката во тоа доба била во подем, нејзината улога москавично раснела. Се чинело, уште малку, па ќе достигне до такви висини така што човекот со нејзина помош ќе стане полновластен господар на Вселената, ќе ги окрие сите нејзини тајни, ќе се научи да управува со неа.
         

А потоа, во последните десетлетија на XX век, се се случи, токму како што рече Хаксли. Таканарчената "чиста наука", теоретските истражувања во областа на физиката и царицата на науките-математиката-сите беа скратени. При тоа, не само кај нас, како што мислат многу родољуби, во длабочината на душата останувајќи непоправливи западњаци (во таа смисла така што и до ден денес се наоѓаат во власта на привидот дека западот нас не' упропастува, додека самиот цвета; од што следува дека тие таму, на запад, сеедно како делии, умеат да живеат!).


Свeтска држава
            

Веќе ја споменувавме Светската држава и ужасната војна, која претходеше на нејзиното создавање. Време е да се сопреме на тоа подробно. Кон крајот на 1920-те години, во периодот на пишувањето на романот, читателите ваквите идеји ги дожувувале како нешто апстрактно-философско, како изливи на авторската вообразба. Таквиот развој на случувањата поголемиот дел од луѓето сметале дека е ни теоретски возможно. Без обѕир на бурниот научно-технички напредок, животот беше уште прилично патријархален, земјите беа слични една со друга, ниту една држава или која било друга сила немаше ниту финансиски, ниту војни можности за покорување на целиот свет.
          

Дури ни 60 години подоцна, на почетокот на 1990-те, ретката граѓа за тоа дека зад грбот на западните змји-учеснички на двете светски војни-стоеја банкари, чија основна цел беше не просто добитта, туку постепеното укинување на суверенитетот на сите држави, вклучувајќи ги и големите сили (кои заради остварување на таа цел и требало да бидат ослабени со војна) и дека тие цели во голема мера бие достигнати-таква граѓа нашето општество скоро и да не поимало, бидејќи таа остро противречела на општоприфатеното толкување на историјата. Требаше да поминат уште 20 години за да, ако не сите, тогаш барем приметлив број на луѓе да престане со презирна насмевка да одмавнува на незгодните факти, нарeкувајќи ги "конспиролошко бунцање" и "теорија на завера". Прво - затоа што се појавиjа многу факти и од преводи. А второ-затоа што заверниците, откако стeкнаа уште поголема сила после разрушувањето на СССР, веќе особено и не ги кријат своите замисли. Во секој случај, за неизбежноста на глобализацијата, односно создавањето на светската држава, се говори отворено. И не само што се говори, туку и се работи.
           

Земјите на обединета Европа (а тоа е веќе важно парче на глобалниот свет), лишени од своите национални валути и нагло изгубената политичка самосталност, сега сериозно се соочени со неопходноста на воедначување на законодавството. Бидејќи во единствената европска држава, која е дело и истовремено прапример на светската држава, луѓето мораат да живеат по едни правила. Тој процес е, секако сложен (а сега поради економскиот колапс кој настапува, единствената Европа пука по шавовите) и наидува на отпор. Но, сепак тече.
           

А земјите на "периферијата", колку што се подалеку, толку повеќе се осудени од "центарот" на деградација со ветувања кои го успиваат вниманието, како што е борбата со сиромаштвото, болестите и незнаењето. Тоа се прави намерно. Не треба да се има даска во главата за да се сфати: всушност, за толку години на "борба со сиромаштвото", ако се сакаше, ќе можеше да се создаде во секоја земја на третиот свет доволно јако стопанство и суштински да се подобри животот на луѓето. Особено ако се има предвид богатството на природните извори на тие земји. Но, дури и не толку богатите земји (на пр. Куба), благодарение на вистинската, а не на измислената помош, која Советскиот Сојуз им ја укажуваше на земјите на третиот свет, почнаа да стануваат само нечија сировинска дополна, а туку што беа почнале и засилено да се развиваат, создаваа своја индустрија, наука, медицина и сл. Со разрушувањето на СССР со сето тоа е свршено и светот започнаа нагло да го глобализираат. За земјите во развој (приметете патем, дека така веќе не ги нарекуваат, за да не се појават неправилни асоцијации) тоа значи да се сопре развојот, бидејќи преиферијата и не треба да се развива. Таа треба да го опслужува центарот, а самата треба да се претвори некаде-во природна собирштина без луѓе со не многу големи етнографски вклучувања за опслужување на туристите (всушност таква варијанта е понудена кај Хаксли), а некаде-во џиновска фабрика со користње на фактички ропски труд, некаде пак-во стовариште на штетни отпадоци, некаде-во голема јавна куќа за странски туристи, некаде-во полигон за разни други социјални, медицински и останати експерименти.
           

Тој "прекрасен нов свет" на XXI век засега се' уште се создава, неговите контури се само малку означени, бидејќи за оние кои Хаксли би ги нарекол "елита на власта" би било непретпазливо да се предочуваат пред време. Оти, дадениот план претпоставува радикално смалување на становништвото на Земјата, затоа што со таквата слика на светот, поголемиот број на луѓе станува сувишен, а ниту да се држат тие во потчинетост не е лесно. Но, како да се намалат "милијардите" луѓе?
         

Програмите на смалување на наталитетот, како прво, работат за иднината, а како второ, според признанието на самите глобализатори, не го даваат во полна мера потребниот ефект. Жителите на земскиот шар продложуваат да раснат. Алкохолизацијата, наркотизацијата и криминализацијата на жителството, сидата, развратот, штетните производи и лекови исто така делумно го решаваат проблемот на пренаселеност. Изгледа како глобалистите да немаат друг излез, освен распламтување на грандиозна светска војна.
            

Затоа некои земји, заедно со песната за "хуманитарна помош", веќе се направени испорачатели на "топовско месо". Во нив со десетлетија не престануваат војните, момчињата уште од детството ги ставаат под оружје и тие, на кои ќе им успее да доживеат до зрела возраст, претставуваат убаво обучени војници, непресушен извор на регрути за ПВК (приватни војни компании)-наемничка армија, кои се потчинуваат не на раководството на оваа или онаа земја, туку на уште некој. Тoј некој засега порадо останува во сенка но, неговите (нивните) наемници, имајки во наоружувањето најсовремена техника, се поактивно учестуваат во војните. "Кога американските трупи влегле во Ирак во март 2003 година-пишува Т. В. Грачова-со себе ја донеле најголемата наемничка армија за целата историја на современото војување." До крајот на 2006-та година нiв само во Ирак ги имало 100.000 илјади. Тогаш тоа бил сооднос 1:1. Како што е соопштено во изјавата за весници на сенаторот Џим Веб, според состојбата за јули 2007 година во Ирак веќе имало 18.000.000 наемници, додека броjноста на американските редовни трупи изнесувала 156.2473. Малку порано во Босна однoсот на наемниците и америкаските војници бил 1:10, а потоа овој показател нагло се изменил и станал 1:1. Тоа значи дека 50% од операциите во тоа подрачје имале таен, подривачки и заванично никаде неврачунат карактер4. "Заблескале" ПВК во грузиско-осетинската војна. А ниту во Либија, по се' судејќи, не поминало без ПВК.
           

Патем, за Либија. Есента 2010 година, кога на арапскиот исток почнаа да избиваат типски, испланирани во еден центар револуции, веќе не само "маргиналните" патриотски новинари, туку и сосема уважените политиколози се сетија на зборовите на високопоставениот масон од крајот на XVIII век, Алберт Пајк дека за освојување на власта на сиот свет од страна на тајните друштва потребни се три светски војни. А третата војна мора да биде со муслиманите. Многу би сакале да сме во грешка но, изгледа дека остварувањето на од него изложениот план стапил во третата фаза. Најверојатно расправите за тоа, дали војната почнала или ова е само подготовка ќе траат додека громот не пукне над главите на расправачите но, дека над светот се наднесуваат грозни случувања станува се поочигледно.


Императив на расчовечувањето
           

Прашањата на вредносните ориентири "на прекрасниот нов свет" веќе делумно ги допревме но, во романот постои цело поглавје, посебно посветено на тоа и да поминеме покрај него сметавме дека е погрешно. Дивјакот спори во Управителот Мустафа Монд, кој му кажува дека по Деветгодишната светска војна тие, заради среќата на останатите луѓе кои останале во живот ја жртвувале не само уметноста и науката, туку и христијанството. Библијата и богословските трактати се заклучени во сефови, тие книги се сметаат за непристојни.
           

Поголемиот дел на пребивачите во "рајот на земјата" за нив ниту нешто насетува. Елитата знае за Бог но, смета дека (ги наведуваме зборовите а Монд) "Бог е неспоив со машините, со медицинската наука и со општата среќа". Во светот каде што има младост и благсостојба доволно за цел живот, религиозноста станува излишна. Порано луѓето во Бог барале заштита од самотија. "Но, денес - вели Мустафа - ги обработуваме така да не ја сакаат самотијата, а животот им го уредуваме така да им е така сторено и невозможно да бидат сами."
            

Нашиот современ цивилизиран живот е така уреден што осамувањето е речиси невозможно. Поголемиот дел на луѓето живеат во градовите или дури во мегалополисите, кои повеќе се слични на кошници, отколку на човечки обиталишта. Младенците се раѓаат во породилиштата, каде што уште од првите минути се наоѓаат опкружени со прилично голем број на туѓи луѓе (другите новореденчиња и нивните мајки, медицинскиот персонал, лекарите). Од првите годии на животот децата ги принудуваат значаен дел од времето да поминуваат во детските колективи ( јасли и градинки).
           

Тоа се нарекува социјализација и на многу родители толку многу им се испрани мозоците така што жртвуваат здравјето на детето најстојувајќи на посетување на детска градинка, дури и тогаш кога детето очигледно не излегува на крај со таквото оптеретување: често се разболува, се невротизира и сл. А понатаму-по натапкани стази: масовни школи, факултет, работа. И секаде луѓе, луѓе, луѓе, огромен број на луѓе. Во крупните компании, кои тежнеат да живеат по западните шаблони, службениците не само да ги тераат да седат во огромни простории бивајќи си едни на други пред очи, туку и ги "социјализираат" во слободните денови. Кај нас тоа веќе го добило називот "корпоратив". Доколку не учествуваш во корпоративниот одмор, ти стануваш сомнителен, несигурен за својата фирма.
           

Дивјакот се обидува да каже како пороците, со кои се насладуваат "Прекрасностанците" се понижувачки.
- "А од која тоа висина? - одвраќа Монд. - Секако, ако ги одберете различните мерила од нашите, можеби би можеле да говорите за понижување. Но, тогаш би морале да се придржувате за сет правила." 

- Кога би си дозволиле себеси да мислите на Бог, не би сте си допуштиле да ве понижат пријатните пороци. Би сте имале причина трпеливо да ги поднесувате нештата, да бидете храбри во своето делање. Сум го видел тоа кај индијанците.
      - Не се сомневам - рече Мустафа Монд. - Но, ние не сме Индијанци. Цивилизираниот човек нема потреба да поднесува нешто навистина нерпијатно. А што се однесува до делањето - да не даде Форд, такво нешто да му дојде во глава. Целотот општествено уредување би се затресло доколку луѓето почнале да делуваат на своја рака.
Непотребни се покажуваат и таквите за христијаните важни доблести како што се самоодрекување и пожртвуваност. Потрошувачкото општество може делотворно да функционира дури тогаш кога луѓето не се одрекуваат од своите желби, туку напротив им се предаваат во најголема мера, каква што им допуштаат хигиената и економијата.
              

Целомудреноста не само што е непотребна, туку е и штетна, бидејќи таа кобајаги предизвикува сраст и неврастенија, а овие, од своја страна, предизивкуваат нестабилност. А нестабилност значи крај на цивилизацијата.
            - "Нема трајна цивилизација - изведува заклучок Монд - без пријатни пороци во големи количини. "
           - Но, Бог е причина за постоење и за се' што е благородно, добро и херојско. Кога би сте го имале Бог...
          -Драг мој млад пријателу - рече Мустафа Монд - цивилизацијата нема апсолутно никакви потреби за благородност и хероизам. Тоа се симптоми на политичка неспособност. Во правилно организираното општество како што е нашето, никому не му се дава прилика да се понесе благородно и херојски. За да се укаже таквата прилика, околностите мораат да бидат крајно нестабилани. Кога е војна, кога има спротиставени мислења, кога треба да се избориме со искушенијата, да го одбарниме саканото битие или да се бориме за него- тогаш очигледно, благородноста и хероизмот имаат некаква смисла. Но, во денешно време нема војни. Се вложуваат најголеми напори за да се спречи пресилната љубов. Спротивни мислења нема; сите се така обработени така што не можат а да не го прават она што треба. А она што треба да се прави, во целина е така пријатно, толку слобода е дадено на изжувување на природните импулси, така што навистина и нема искушенија на кои треба да се опираме. А ако баш и со некоја зла среќа се случи нешто непријатно, молам: тука е секогаш сомата која ќе ви пружи одмор од стварноста. Секогаш тука е сомата која го смирува бесот, која мири со непријателите, која дава стрпливост и издржливост. Во минатото такво нешто можело да се постигне само со огромни напори и години на сурова морална обука. А денес-ќе се напиете две-три таблети од половина грам и се' ќе се среди. Доблеста, е сега достапна на сите. Барем половина на моралот секогаш го имате покрај себе, во шишенце. Христијанствo без солзи-ете што е сомата."


Што е ова, ако не е кредо на современата потрошувачка цивилизација? Зарем не чувме на почетокот на перестројката дека на нормалната земја не и' се потребни јунаци? Па и сега, иако родољубието наоколу го воздигнуваат до небесата, за современите јунаци-налик на Евгениј Родионов или Константин Василев-дознаваме воглавном благодарение на напорите на поединечните ентузијасти, а никако не на државната информативна политика.
            

Благородноста и чедноста за глобалистичката цивилизација се опасни и штетни. Поради тоа некако ги неутрализираат, ги жигосуваат со иронија. "Толку многу слобода е дадено на изжувувањето на природните импулси" така што луѓето кои не сакаат да се потопуваат во "цивилизираното" скотсво не знаат каде да се стават и-најважното!-каде да ги стават децата. А ним од сите страни им се наметнуваат млакост, рамнодушност, трпелив однос кон злото и сето тоа се нарекува толерантост. Управителот рече многу важни нешта и за духовната смисла на наркотизацијата на жителите. Обично се смета дека наркотиците се еден од начините на убиство на излишните луѓе (иако во романот сомата е безопасна), и исто така и средство за одвраќање на младината од обидот да се замисли над смислата на случувањата и да заземе делатен, творечки животен став.

Но, испаѓа дека постои и подлабок, духовен слој. Наркотиците се должни ( во секој случај, според хакслиевата замисла) да доведуваат во состојба која христијаните ја достигнуваат по пат на долга, упорна борба со своите страсти. А тука, ќе земе пар таблети од дрога, и стекнува трпеливост и кроткост. Односно тоа е, покрај останатото, уште и ѓаволска пародија на христијанството, која се издава за генијален рецепт за усреќување на човештвото.


Искушување преку удобност. Блажената сома
          

Но, најлукавото образложение авторот во личноста на Монд го изнесува на крајот на расправата, фактички дотерувајќи го Дивјакот до ѕидот. На оваа епизода важно е да се обрне особено внимание. Всушност така и дејствуваат цивилизаторите докажувајќи им ги на заостанатите нации неоспорните предности на вестернизираниот начин на живот. Дивјакот, навистина, останува на своето мислење. Но, зарем нема многу, особено млади луѓе да се поколебаат во својот традиционализам откако ќе чујат вакво нешто? Значи Дивјакот вели:
           .-"Но, јас сакам непријатности.
            -А ние не - рече Управителот. - Ние повеќе сакаме удобност.
            -Но, јас не сакам удобност. Јас го сакам Бог, сакам поезија, сакам права опасност, сакам слобода, сакам добрина. Сакам грев.
            -Вие всушност-рече Мустафа Монд-барате право да бидете несреќни.
           -Нека биде така-пркосно рече Дивјакот-барам право да бидам несреќен.
          -Додајте го на тоа правото да остарите, да огрдите и станете немоќни; право да имате сифилис и рак; право да немате доволно за јадење; право да имате вошки; право да живеете во постојан страв од се' што може да се случи утре; право да се разболите од тифус; право да бидете мачени со сите можни неискажливи болови.

Завладеа долга тишина.
        -Ги барам сите - рече најпосле Дивјакот.
Мустафа Монд слегна со рамената.
      - Само повелете, остварете ги тие ваши права - кажа тој"
      Да, всушност на тоа ги ловеа и ги ловат современите луѓе. На мртво сврзувајќи ги удобностите и олеснувањето на телесните страдања со утврдувањето на порокот како норма, идеолозите на новиот светски поредок се обидуваат дека поинаку не се може. Инаку, велат ќе живеете во вошки, валканост и ќе боледувате од сифилис. А поради што мора спојот да биде така лудачки? Поради што телесната чистотија задолжително мора да се спојува со моралната нечесност?
         

Во руската земја народот живеел благолестиво, се молел на Бог и при тоа редовно се капел во купатило. Едно на друго воопшто не сметало. Дури обратно: во црквата, во домот Божји, задолжително било да се доаѓа чисто измиен и чисто облечен. И во медицината се додека не се појавило одделувањето од христијансите норми, дејстувале сериозни морални ограничувања. Убиството на децата во мајчината утроба било гонето според закон, пациентите се обидувале да ги спасат до последните мигновенија на нивните живти, "достигнувањата" како "феталната терапија" (правење на препарати од абортирани бебиња) била применувана само веројатно во сатанистиичките ритуали.
         

Што се однeсува до сифилисот, тоа е воопшто аргумент за малоумници, бидејќи не само на стручњакот, туку и на секој лаик му е познато дека т.н. погани болести (особено сифилисот)-се последица на разврат, а никако не на чедност. Со гревот во нашиот живот влегле болестите и смртта. Така што гревовниот начин на живот, кој е положен во основите на глобалистичката цивилизација, со стопроцентна веројатност воопшто не ветува неограничена благосостојба и стабилност, туку и разраснување на хаосот и расчовечување; што ние и го гледаме во последните децении, кога идеологијата на глобализмот од позади кулисите излезе на главната сцена на историјата.


        

Кој знае дали можеби затоа влегол во таква мода жанрот на антиутопијата? И Велс и Хаксли и други идеолози на борба со старите, "преживеани" вредности (т.е. христијанството) ги изложувале своите сфаќања во посува форма-со статии, философско-политиколошки есеи. Велс дури и баш така нарекол една од своите работи-"Отворена завера", прилично подробно разгледувајќи го во неа прашањето како да се оствари таа завера. Но, како што изразувал прилично познатиот, кој секогаш раководел во борбата со Спасителот, Гетеовиот јунак-сиреч главниот проектант на прекрасните нови светови: "Сиво е братче, секое теоретизирање!" Уметничкото дело, романот, дава многу повеќе можности да се претстави и да се покаже како проектот може да се овоплотува во стварноста. Оти, стварноста е далеку помногустрана од секој, па и најподробен план. Една работа е да се изложи тој план линеарно, по точки, во вид на некој костур. А друга-да се создаде многустран модел, па уште да се уфрлат во него луѓе кои, макар во твојата вообразба но, почнуваат да живеат со својот живот, да стапуваат во некои меѓусебни односи, да се прилагодуваат на оние општествено-економски и политички услови кои ти си им ги задал.
          

Бидејќи во тоа е време се' уште немало компјутери и сложени програми кои допуштаат моделирање на однесувањето на луѓето во нови, несекојдневни околности, требало да се потпреме на вообразбата на мудреците, кои покрај сето ова поседуваат и книжевен дар. Така што, строго гледајќи "Прекрасниот нов свет" не е роман, туку проект облечен во уметнички облик. Сличен заклучок изведува и веќе познатиот економист, политичар и политиколог Линдон Ларуш. Во стварноста-вели тој-популарните Велсови романи, како "Времеплов" и "Островот на доктор Моро", книгата на Олдос Хаксли "Прекрасниот нов свет" , Орвеловите дела "1984" и "Животинска фарма" се напишани со цел да им се прикаже на луѓето планот на создавање на новиот поредок.
          

Поради што на "конкурсот на проекти" победил токму Хакслиевиот проект? За тоа, исто како и за самиот конкурс, историјатa молчи. Но, тоа дека творците на најновата историја, не само едно десетлетие во стварниот живот го репродуцираат (онолку колку што научно-техничките можности допуштаат) моделот предложен од Олдос Хаксли-тоа е факт. Фактот, кој толку многу паѓа во очи, дека дури и научниците далеку од политиката-кои се истражувачи на творештвото на писателот-се изјаснуваат сосема јасно: Хаксли успеал да испроектира целосен, убедлив свет на веројатна иднина -пишува А. В. Головачова во обемната монографија "Наука и книжевност. Археологија на научното знаење на Олдос Хаксли". - "Уште попоразно е тоа што составните делови токму а тој ромасниерски свет, а не на некој друг оттогаш или подоцна измислени светови ја чинат основната содржина на нашето, засега се уште незавршено доба".5
На друго место кај истиот автор читаме дека "Хаксли своите утопистички фантазии ги вбројувал во утопии кои се 'блиски на сегашноста' (near-in Utopias), појаснувајќи дeка таквите текстови можат да се сфатат како проекти, планови на можни и посакувани дејства"6/7
           

Сешто би можело уште да се каже за теоретскиот и практичен придонес на Олдос Хаксли во изградбата на "прекрасниот нов свет". На пример, за неговото активно учество во проектот МК-ултра, кој е посветен на создавање и воведување на "културата на дрога, секс и рокенрол", која младите ги обескоренила, внесувајќи во општеството дух на постојан бунт и принцип на воздигнат разврат. Во чиј исход западните земји денес се морално разложени толку така што за нив се нормални "содомските бракови", детскиот секс, сеопштата наркоманија во младешката средина, официјално регистрираните партија на педофилите, "сатанската црква" и сл. И на неговата опседнатост со малтузијанство, која он ја исползувал на секој чекор. Интересно би било да се поразговара и за изразената во неговиот последен роман "Острово" јувенална идеја на создавање клубови на взаемно усвојување, кои ќе го зголемат бројот на оние кои доброволно играат улоги на мајки и татковци на туѓо дете. Воопшто, многу што би можело да се раскажува за така јарка фигура на XX век, туку за тоа би ни било потребно да напишеме монографија. А ние сиот разговор го започнавме со други цели. Како прво, сакавме да ја покажеме планираноста, ракотвореноста на она што многумина до ден-денес го сметаат за спонтано, кое се случило само по себе.
          

А како второ, за читателите е важно да знаат дека "архитекти на преуредување на светот" биле сосема малку. Во суштина тоа било мала шака луѓе. Да, тие работеле за оние кои имале (и сега имаат) пари и власт. Да, ним им помогнал нарачателот кој од создавањето на светот се обидува овој свет да го преуреди на свој начин. Но, какви и да се, тоа се само луѓе, и ни малку "објективни, неумоливи процеси" или "стихијно создадени законитости", како што се обидуваат да не' убедат оние што или учествуваат во тие кобјаги објективни процеси или од разни причини не сакаат да им се спротистават.
       

A ако е така, тоа спротиставување не е никако бескорисно. Во толку повеќе што луѓето кои светот на Хаксли не го сметаат за прекрасен и дивен, барем во нашата земја се прилично многу. Да, возот со кој не' возат во тој свет веќе отишол доста далеку. Но, до толку повеќе е неоходно што е можно порано да се повлече рачната и да се поминe на друг колосек! Друга шанса за спасение некако не се наѕира, затоа што патот за расчовечениот нов свет e-пат во пропаст, во бездна.
Денес тоа со секој поминат ден е се поосетно. Не треба веќе да се поседува особено остар нос за да се намирисаат преку миризбите на многубројните ароми сулфурните испарувања на адот.
     

Иако, Господ уште порано покажал со што ќе завршат тие бунтовни проекти на создавањето на новиот свет. Покажал по примерот на самиот автор-Олдос Хаксли. Тој, кој со таква иронија ги сликал портретите на жителите на "прекрасниот нов свет", фактички ја повторил нивната судбина кога, токму како мајката на Дивјак, Линда ја замолил својата втора жена (која всушност, како и првата, била лезбејка и следбеничка на "новата свест", сиреч-дијанетика) пред смртта да му даде "сома" - опојна инјекција.

A сите ракописи не многу долго пред неговата смрт му изгореле, негирајќи го тврдењето на познатиот лик на Булгаков. "Лажецот и таткото на лагата" како што е и редот, излажал.

1 claritatis.cz
2 Историјата на прашањето подорно проследи ја во: "Морозова Г. Третий Рим против нового мирового порядка". М., 2009. стр. 17–22.
3 Грачева Т. Невидимая Хазария. Рязань, 2008. С. 108.
4 Исто, стр.
5 http://marsexxx.com/lit/golovatcheva-huxley.htm.

6 Huxley A. Utopias, positive and negative / Ed. and with an afterword by James Sexton // Aldous Huxley Annual. 2001. Vol. 1. P. 2–3.

7 Головачева И.В. Литература и наука в творчестве Олдоса Хаксли. Аутореферат на дисертација за звање на доктора филолошки науки.

 

Подготви: Маја Белева

29ти август 2023 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6658
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6461
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5649
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/04/2024 - недела

Велигденски пости; (пост на риба)

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим; Светиот маченик Сава Готски; Светите маченички Василиса и Анастасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная