логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 sv.jovan.zlatoust1.jpg

Браќа, почнувајќи од утрото,
преку целиот ден,
а ако е возможно продолжете
да повикувате
и во текот на ноќта:
Господи Исусе Христе, помилуј ме
и присилувајте го вашиот ум
на ова дело постојано,
до самата смрт!


Свети Јован Златоуст

Bogorodica.1c.jpg

МОЛИТВИ ЗА РАЗНИ ПОТРЕБИ

МОЛИТВИ ЗА ПРЕД И ПО ЈАДЕЊЕ
(Пред ручек прекрсти се
и кажи ја следнава молитва:)

Оче наш, Кој Си на небесата,
да се свети Името Твое,
да дојде Царството Твое,
да биде волјата Твоја
како на небото така и на земјата.
Лебот наш насушен дај ни го денес;
и прости ни ги долговите наши
како што им ги проштеваме и ние
на нашите должници;
и не воведувај н¢ во искушение,
туку избави н¢ од лукавиот.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј. .....................(3 пати)
По молитвите на Светите отци наши,
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј н¢.
Амин.


(Потоа прекрсти се и седни на трпезата. Ако
е присутен свештеник, по Господи помилуј, кажи:)

Оче, благослови!
(Ако е присутен Епископ, кажи:)
Владико свети, благослови!
(Епископот или свештеникот благословува:)
Христе, Боже, благослови го
јадењето и пиењето на Твоите чеда и
умножи го духовното јадење и пиење
во овој дом и во целиот Твој свет,
зашто Си Свет и сега и секогаш
и во сите векови. Амин.
(По ручек, станувајќи од трпезата
прекрсти се и кажи:)

Ти благодариме Христе, Боже наш,
што н¢ насити со Твоите земни блага.
Не лишувај н¢ и од Твоето Небесно Царство,
туку како што Си дошол
меѓу Своите ученици, Спасе, мир дарувајќи им,
дојди и при нас и спаси н¢.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј. .....................(3 пати)
По молитвите на Светите отци наши,
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј н¢.
Амин.
(Епископот или свештеникот завршува:)
Благословен е нашиот Бог, Света Троица,
Кој го прима нашето покајание,
па н¢ милува и н¢ храни
со Својата Божествена благодат и човекољубие,
низ Домостројот на спасението
којшто е Црквата Божја,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

(Пред вечера прекрстувајќи се кажи:)
Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат
и ќе Го прослават Господа Кого Го бараат;
и живи ќе им бидат срцата во сите векови.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј. .....................(3 пати)
По молитвите на Светите отци наши, Господи
Исусе Христе, Боже наш, помилуј н¢.
Амин.
(По вечера:)
Утробата Твоја, Богородице, Света Трпеза стана
на Лебот Небесен, Христос нашиот Бог;
секој што од Него јаде не умира,
како што рече Хранителот на с¢.
Почесна од Херувимите,
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога Словото девствено што Го роди,
Тебе, Која навистина Си Богородица,
Те величаме.

Н¢ возвесели, Господи, со созданијата Свои,
и на делата од рацете Твои се зарадувавме.
Светлоста на Лицето Твое се врежа во нас,
Господи.
Во срцето веселие ни даде.
Плодот на пченицата, виното и елејот ги
умножи. Во мир ќе легнам и ќе заспијам
зашто Сам Ти, Господи, во надеж ме настани.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј. .....................(3 пати)
По молитвите на Светите отци наши,
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј н¢.
Амин.
(Епископот или свештеникот завршува:)
Бог е со нас
со Својата Божествена благодат и човекољубие,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

matka.veligden2.jpg

 МОЛИТВА ПРЕД ИСПОВЕД
Владико Господи Боже наш,
Ти не ја сакаш смртта на грешните,
туку да се обратат и да бидат живи.
Ти, Којшто ги примаш сите грешници
кои со покајание при Тебе припаѓаат,
прими ме сега и мене
оти заради моите прегрешенија се каам.
Дај ми усрдна скрушеност
и исправи ја совеста моја
за да ги исповедам моите гревови
пред славата на страшниот Твој Престол,
и да се прослави во мене
Твоето пречесно и великолепно име,
на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.

matka.veligden2.jpg


МОЛИТВА ЗА ДАР НА ПРОСТУВАЊЕ
Спасителу мој, научи ме, Ти се молам,
од се срце да им простувам на сите
кои со нешто ме навредиле.
Знам дека не можам да застанам пред Тебе
со чувство на омраза што се крие
во мојата душа.
Огрубело, Господи, срцето мое!
Во мене нема љубов.
Те молам, научи ме да им простувам
на оние што ме намразиле, огорчиле и оскрбиле,
како што Сам Ти, Спасителу мој,
на Крстот им прости на непријателите Твои.
Амин.


ПОФАЛНА ПЕСНА КОН БОГОРОДИЦА
Богородице Дево, радувај се,
благодатна Марие, Господ е со Тебе;
благословена Си Ти меѓу жените и
благословен е плодот на Твојата утроба
зашто Си Го родила Спасителот на нашите души.

matka.veligden2.jpg


ПОКАЈНА МОЛИТВА
НА СВЕТИ СИMЕОН НОВ БОГОСЛОВ

Господи, Ти с¢ гледаш
и нема нешто што Ти не би го видел.
Јас иако дело на рацете Твои сум,
сепак не чинев според заповедите Твои,
туку според големото безумие свое
секое зло го сторив не помислувајќи
дека Ти, Творецот мој и Бог,
колку Си благ толку Си и правосуден.
И сега, спомнувајќи си за тоа
страв ме опфаќа и не знам што да чинам.
Го чувствувам судот Твој и
слово на оправдание не наоѓам во устата моја.
Никаква доблест немам
и не сторив ниедно покајничко дело
со коешто прошка би заслужил
барем за еден празен збор на устата моја.
Па и оној што секоја доблест ја има
и секакви добри дела чини,
ако како слуга и како должник ги врши,
не ќе најде откуп за грешноста своја.

Единствено, милоста Твоја помага.
Гревот е смрт. Кој од оние што од него умреле
самиот себеси може да се воскресне?
Никој, навистина!
Единствено Ти умре и воскресна,
зашто грев не стори и лага не се најде
во устата Твоја.
И ете, Господи Седржителу,
чинејќи безброј злодела, се каам;
но, самото покајание немоќно е да ме оправда.
Покајанието е спознавање на гревовите,
а милоста Твоја ги простува.
Ти гледаш, Господи Седржителу,
дека ништо освен телото сега немам,
но за мене никаква полза нема
што секое богатство го оставив.
Сиот сум рана бедна
и не остана во мене надеж за спасение,
та и пеколот само што жив не ме проголтал.
Единствено Ти можеш да ме спасиш
и да ги исцелиш маките на срцето мое.
Раката Твоја може с¢,
таа досегнува до длабочините на бездната
и с¢ е можно за еден Твој миг.

Не се осмелувам да речам помилуј ме, Господи,
зашто сум недостоен за милоста Твоја
како оној што секоја мака ја заслужува.
А Ти, Господи, с¢ знаеш, и постапи со мене
како што знае човекољубието Твое,
зашто недостоен сум и за овој живот.
Нека биде Светата волја Твоја во с¢. Амин.
МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАДСКИ
Господи!
Името Твое е Љубов,
не ме отфрлај мене заблудениот.
Името Твое е Сила,
укрепи ме мене изнемоштениот и паднатиот.
Името Твое е Светлина,
просветли ја душата моја
од житејските страсти помрачена.
Името Твое е Мир,
смири ја вознемирената моја душа.
Името Твое е Милост,
не одлачувај ме од милосрдието Твое. Амин.

 

 Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК

Издавач: Струмичка епархија

matka.veligden2.jpg

Од Православен молитвеник (1)

Од Православен молитвеник (2)

Од Православен молитвеник (3)

Од Православен молитвеник (4)

Од Православен молитвеник (5)

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 133
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 307
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 183
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…