логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

rsz_bogorodica_vladimirska

Празничниот циклус, посветен на споменот на Пресвета Дева Марија, се состои од следните главни празници: Раѓање на Пресвета Богородица (8/21 септември), Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (21 ноември/04 декември), Благовештение (25 март/07 април), Сретение или воведување на нашиот Господ во Храмот (02/15 февруари), Успение, т.е. Заспивање, смртта на Пресветата (15/28 август).

Овие празници нè потсетуваат на различни моменти од животот на Богородица, но не претставуваат празни спомени. Имено, тие нам ни откриваат каков е човечкиот живот во неговото совршенство, зашто Дева Марија за нас е – Мајка Божја и, оттаму, најдобар врвен и совршен плод на човечкиот род. Во неа ние го препознаваме она што Бог од човекот го сакал кога го создал. Гледајќи ја нејзината чистота, нејзината љубов кон Бога, нејзиното совршенство, ние сфаќаме дека сите наши мисли од типот – „јас сум добар“, „јас сум лош“, „јас сум полош“, „јас сум подобар“, се лишени од секаква смисла. Кога мислиме на нејзината небеска љубов и на сиот нејзин живот, стануваме свесни дека токму таквиот живот е вистински човечки живот, и така, увидуваме колку навистина сме далеку од него.

Затоa празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица претставува не само спомен (потсетување) на нејзиното раѓање, туку и откривање на вистинското значење на секое доаѓање на светот. Штом се родиме, ние веќе почнуваме да го исполнуваме своето човечко назначување (судбина). А тоа значи – во сопствената ситуација и само нам дадените услови – да го исполнуваме она што беше го исполнила Пресветата Богомајка. А што е тоа што таа го исполнила? Пред сè, таа била воведена во Храмот, а истото тоа ни се случува и нам: и нас, исто така, нè воведуваат во храмот со Крштението и Миропомазанието. Тоа значи дека на некој начин се издвојуваме од светот и дека стапуваме во вистинскиот живот во Бога, дека нашиот живот се посветува и предава на Бога. Воведувањето на Пресвета Дева е празник, благодарение на кој ние можеме да разбереме што требало да значи нашето посветување на Бога.

Потоа доаѓа празникот Благовештение: спомен, (пот)сетување на единственото благовештение (јавување на добрата вест) на Богородица. Тоа истовремено е и благовестување на секој од нас што ние треба да правиме во овој свет. Зашто, сите ние имаме некое призвание, кое не е просто тоа да „успееме“ во животот, туку токму да ја исполнуваме Волјата Божја, единствениот Божји „план“ со секој од нас поединечно. На оваа благовест Богородица одговорила – „да“. И тоа нејзино – „да“ го прави можно и нашето „да“ на Бога, зашто токму тоа го овозможило Христовото доаѓање при нас. Во Пресветата Дева и Богомајка не само што се открила радоста на послушноста на Божјата волја („нека биде волјата Твоја“), туку навистина и ни се дарувала.

Следи празникот Сретение, на кој Пресветата го принесува своето Дете на Бога. Овој празник нема значење само за мајките, туку и за сите нас луѓето редум. Затоа што вистинската смисла на нашиот живот, и на сè, е во тоа и животот и сè друго свое да принесуваме на Бога. Понекогаш, говорејќи за нешто што го сакаме или се грижиме, ние велиме: „Тоа е мое чедо!“. Но, без оглед на тоа што е тоа наше „чедо“, ние мораме да го принесеме на Бога. Вистинскиот човечки живот почнува со поимањето дека сè Му припаѓа на Бога и дека нема поголема радост од принесувањето на Бога она што на Бога Му припаѓа. Ние на Литургијата велиме: „Твое од Твоите, Tебе принесувајќи Ти…“. Зашто, дури кога во радост, благодарење и љубов сме го принеле на Бога, сè и ја стекнува својата вистинска смисла, и ние дури тогаш навистина го поседуваме истото.

Конечно, последниот празник на овој циклус е Успение, празник на „заспивањето или смртта“ на Пресветата Богомајка.

Летото е на истек, плодовите и цветовите се прекрасни, лисјето почнува да златее и црвенее, сепак сè уште полно со живот. Природата се исполнила себеси, и се чини дека сè го достигнало своето совршенство. И, насред тој прекрасен свет, ние радосно го прославуваме упокоението на Богородица и тврдиме дека Пресветата не била напуштена во смрттта. Зашто, нејзината љубов била така голема, така голема била и силата на светлоста која во себе ја имала и силата на нејзиниот живот со Бога, што Христос ја оттргнал од смртта. И со тоа, токму со нејзиното вознесение, започнало и воскресението на сите нас. Овој празник ни ја открива Богородица како прв плод на Христовото Воскресение. Но она што нејзе ѝ се случило, ни се случува и нам, нејзиниот пат е и наш пат. Согледувањето на сите овие Богородични празници е согледување на сиот живот низ Неа како совршено човечко битие.

                Истото важи за согледувањето на спомен – прославувањето и на секој ден во црковната година, посветен секогаш на некој од Светите, на пример, на Јован Претеча, на Апостолите, Преподобните…, за спомен на секој светител и сите нив заедно. Така ние живееме не само во времето за коешто читаме во новините – во времето на политичките настани, малите и преодни радости, страдања и трагедии, туку и во времето во кое, поколение по поколение ги израснувало оние кои ние ги нарекуваме Светии.  Тие се живи, тие се со нас, и во секоја Божествена Литургија ние сите ги споменуваме. Ова живо присуство на Христа, и околу Него, на Богородица, Светиот Јован Претеча и на сите Светии – ова чудесно единство на сите кои постојат во Христа – е темелно искуство на Црквата. Сега гледаме дека литургискиот годишен циклус не е само низа денови од кои некои треба да бидат верски прославени, додека некои се „профани“. Тој циклус е, пред сè, вкусување и искуство „на новото време“, наше усвојување (примање) на божествениот дар. Бог ни ги подарил сите овие празници и, со секој од нив посебно, – чудесниот дар на Својата Радост.

протоереј Александар Шмеман

 

http://mistagogia.mk/bogorodicni-praznici/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5793
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6613
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6393
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5591
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная