логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа.

Светата царица сакаше под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава. Но Елена се престави кај Господ пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршија храмот, токму таа година Константин ја празнуваше триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј беа прогласени за истиот ден, 13 септември, 335 година. Во тоа време во Тир заседаваше помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, притекнаа во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово. И тогаш се востанови тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.

 

 26ти септември 2019 лето Господово

 

Паримии на празникот Обновување на храмот на Христовото Воскресение

На вечерна

Царств третиих чтение (3. Цар 8:22–23, 27–30)

Тогаш застана Соломон пред лицето на жртвеникот Господов, пред целото собрание Израилево, ги подигна рацете свои кон небото и рече: „Господи, Боже Израилев! Нема Бог како Тебе ниту на небото горе, ниту на земјата долу. Ако небото и небото на небесата не Те собираат, како тогаш овој дом, што го изградив на Твоето име? Сепак, погледни на молитвата моја, Господи, Боже Израилев! Услишај ги повикот и молитвата со кои Твојот слуга Те моли денес пред Тебе. Да бидат очите Твои отворени кон овој дом дење и ноќе, кон ова место, за кое си рекол: името Мое ќе биде таму, за да ја услишаш молитвата, со кој се моли Твојот слуга на ова место, дење и ноќе, и да ја послушаш молбата на Твојот слуга и на твојот народ Израилот. Кога ќе Ти се помолат на ова место, ќе чуеш од местото на Твоето живеалиште на Небесата, ќе им исполниш и ќе им бидеш милостив.“

Притчеј чтение (Изрек 3:19–34)

Бог со премудроста ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; преку Неговото знаење се отворија бездните, и облаците излеаја роса. Синко, не ги испуштај од предвид овие работи; запази ги мојот совет и моето размислување, за да биде жива твојата душа и да има благодат на вратот твој. Ќе бидат исцеление за твоето тело и лек за твоите коски. За да одиш без опасност по патот свој, и ногата твоја да не се сопне. Ако седиш, ќе бидеш без страв, и кога ќе спиеш, сонот ќе ти биде пријатен. Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доаѓа од безбожниците, бидејќи Господ ќе биде на сите твои патишта и ќе ја запази ногата твоја од стапици.

Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. Не вели: „Оди си и дојди пак; утре ќе ти дадам“ кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ќе роди утрешниот ден. Не крои зло против својот пријател, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе. Не се карај со човек без причина, за да не ти направи некакво зло. Нека не те укоруваат зли луѓе, и не избирај ниеден од патиштата нивни. Нечист пред Господа е секој законопрестапник и тој не седи меѓу праведниците. Проклетството Господово е врз домовите на нечестивите, а живеалиштата на праведниците ги благословува. На горделивите Господ им се спротивставува, а на смирените им дава благодат.

Притчеј чтение (Изрек 9:1–11)

Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: „Кој е неразумен, да наврати тука!“ И на малоумните таа им рече: „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.“ Кој поучува бесрамник, ќе си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот – дамка, изобличувањето на нечестивиот е негова рана. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака. Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеќе ќе напредне во знаењето. Почеток на мудроста е стравот Господов, и советот на светиот е разум; да се разбира законот е својство на добриот ум. На ваков начин ќе поживееш долго време, и ќе ти се додадат години на животот.

 

 

 

 

Друго:

 

Паримии на празникот Воздвижение на Чесниот Крст

На велика вечерна

Исхода чтение (2. Мојс 15:22–27; 16:1)

Ги изведе Мојсеј синовите Израилеви од Црвеното Море, и тие ги поведе во пустињата Сур. И одеа низ пустињата три дена и не наоѓаа вода за пиење. Дојдоа во Мера, но не можеа да пијат вода од Мера, зашто беше горчлива; затоа и го нарекоа тоа место Горчина. Тогаш народот почна да ропта против Мојсеја, велејќи: „Што ќе пиеме?“ Повика Мојсеј кон Господа, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка.

Таму Бог му даде наредби и закони, и таму го подложи на испитание и му рече: „Ако го послушаш добро гласот на Господа, твојот Бог, ако правиш, што е угодно пред Него, ако ги слушаш заповедите Негови, ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, Кој те исцелува.“

Потоа стигнаа во Елим; таму имаше дванаесет водни извори и седумдесет палмини стебла; и сите се утаборија тука крај водите. Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите Израилеви дојде во пустињата Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај.

Притчеј чтение (Изрек 3:11–18)

Не занемарувај ја, синко, поуката од Господа, и да не ти е тешко од Неговото изобличување; зашто кого Господ го сака, него и го кара, го бие синот, којшто го прима. Блажен е човекот, кој ја нашол Премудроста, и смртниот, што познал разум. Подобро е да ја добиеме Неа, отколку ризници со сребро и злато. Таа е поскапа и од скапоцени камења; ни едно зло не може да ѝ се спротивстави. Tаа им е добро позната на сите, што ја љубат Неа, и драгоценото е недостојно за Неа. Во десницата Нејзина се долгоденствието и годините на животот, а во левицата Нејзина – богатството и славата. Од устата Нејзина излегува правда; закон и милост носи на јазикот. Патиштата Нејзини се пријатни патишта, и сите патеки Нејзини се – спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што се држат до Неа и поткрепа на оние што се потпираат на Неа, како на Господа.

Пророчества Исаиина чтение (Ис 60:11–16)

Така вели Господ: Твоите порти, Ерусалиме, ќе се отворат, нема да се затвораат ни дење, ни ноќе, за да се принесува при тебе силата на народите и да се доведуваат нивните цареви. Зашто народот и царевите, кои нема да сакаат да ти служат, ќе загинат, и а таквите народи сосема ќе бидат истребени. Славата на Ливан ќе дојде при тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го прослави Моето свето место, – а Јас ќе го прославам подножјето на нозете Мои. И ќе дојдат при тебе со страв синовите на оние, што те поразија и што те прогневија, ќе ти се клањаат пред нозете твои сите што те прогневија. Ќе се наречеш град на Господа, Сион на Светецот Израилев. Затоа што беше изоставен и намразен, и никој немаше да ти помогне, – Јас ќе те направам вечна радост, и веселие од род во род. Ти ќе се наситуваш од млекото на народите, и ќе го јадеш богатството на царевите, и ќе познаеш дека Јас сум Господ, Кој те спасува и избавува, Бог Израилев.

 

 

 

 

 prorok.zaharij1.jpg

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1298
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1839
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1229
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…