логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


    Ќе говориме за љубовта која е скриенa во приказните. Таа секогаш е предводена од вистината. Никогаш нема да ја видимe љубовта самичка, туку за другар ја има вистината. Секогаш одат заедно и како што приказните имаат многу вистина, имаат и многу љубов. Нека не заборавиме, дека за приказните научивме во еден амфитеатер, кој не беше некој амфитеатар на нeкој факултет, туку прегратката на баба, на дедо, на мајка и на татко. Така што она што го научуваш во тој амфитеатар, не го забораваш. Оти амфитеатарот на прегратката има многу топлина, многу љубов. А кога имаш љубов, и љубовта ја излева таа топлина, тогаш срцето се отвора и прима. Кога бевме деца, морето беше многу близу и преку летото постојано ловевеме школки, ги собиравме и се обидувавме да ги отвориме со ноже но, и школките се кршеа, и прстите често си ги повредувавеме. Затоа ги собиравме и ги носевме на баба, која земаше една крпа, ги ставаше внатре, ставаше вода во тенџерето, ја зовриваше, ја ставаше одгоре крпата и слушавме како од топлината корупките се отвораа – како што се отвора и срцето на човекот. Така во амфитеатарот на прегратката, среде таква топлина, срцето се отвораше и ја примаше со таква едноставност целата вистина, која што може да ти ја каже една детска приказна. Приказните навистина кријат голема вистина. Тоа е факт.
    Кога запреа прикаските, кои имаа да раскажат и да дадат многу животни лекции, тогаш други состојби и ладни екрани започнаа да ни ги замајуваат децата. Ја загубија вистината, ја загубија топлината и пред еден екран започнаа да примаат не вистина и љубов, туку ладнотија и таму реално се маѓепсаа. Нешто ми направи впечаток. Во еден момент се почувстував многу чудно, да не кажам грозно, кога видов за прв пат, човек да гали екран. Ви кажувам вистина. Бев во автобус во Атина и видив едно дете како гали екран. Си реков, што прави? Не сфатив што се случува. Галеше еден мртов екран. Тогаш ми дојде една помисла – тоа беше во деновите на Томината недела: ете, Бог ни ги дал прстите, за да Го допираме, да Го прегрнуваме, да стоплуваме, а сега ладни екрани и мртви апарати се обидуваат да го украдат нашиот допир, слух, гледање. Ни го грабнаа допирот, со кој би требало да прегрнуваме. Да, ако знаеш да работиш со технологиите, е добро, ништо не отфрламе, но ако цел ден галам и милувам еден екран и не сум го прегрнал детето, брат ми, соседот? Дали знаете дека не пргрнуваме само со раце, туку може и со поглед, може и со зборови, може и со моето однесување кон другиот? Кога нешто мртво го украло моето допирање, тогаш е сигурно, дека и јас ќе го изгубам тоа чувство за топлина, допирајќи нешто мртво, но и другиот пред мене ќе смрзне.
    Знаете ли колку луѓе имаат потреба да чујат еден збор? Да почувствуваат еден галеж, да се најдат во една прегратка, да се насладат и да примат една насмевка? Знаете ли што е една насмевка? Еднаш дојде едно дете – имено секој понеделник поминуваме средба со млади луѓе – тоа дојде, не го бев видел досега. Ништо не кажав, просто го видов и му реков: «Добре дојде!» Toa дете остана, дојде и следниот  понеделник и тој по него. По некое  време започна лека - полека да се исповеда и ми кажа:
- Отче, дали знаете што ме доведе тука?
- Што?
- Ти ме виде, не ме познаваше, ми се насмевна и ми рече «Добредојде!»  «Добредојде!»  не ми вели ни мајка ми, кога влегувам дома!
Замислете, еден збор, ниту сметав дека е нешто особено, еден збор, кој за мене е само ништо, а за другиот е сè.
    Срцето на човекот, душата на човекот е вулкан и вулканот има топлина, тој не е замрзнувач за смрзнување. Знаете ли, на каков начин онепарвдуваме и биваме онеправдани? Го сакам другиот, го сакам многу, но ја држам својата љубов во замрзнувачот. Што чекаме? Додека љубовта суштестувува, таа е во замрзнувачот. Смрзната љубов. Зошто така да биде? Знаете ли каде прозвучуваат најнежните и најубавите зборови? На гробиштето. Но, зошто таму да ги кажеме? Зошто да го изгубиме времето кое ни е дадено? Човекот, кој ни е даден? Врската, која можевме да ја имаме? Зошто сето тоа да се загуби? Минуваш низ гробиштата и слушаш зборови, сопругата говори на (починатиот) сопруг, таткото на детето и зошто сега кажуваш? Зошто не претходно? Зошто тие зборови кои се толку пламени, силни и нежни, слатки, да неможат претхдно да воскреснат една врска? Да ги покријат празнините, да го исполнат човекот? Зошто? Затоа што ќе треба да си ги отвориме прегратките, да го извадиме тоа, кое реално го имаме во нас, топлината, која ја имаме во нас, и да почнеме да прегрнуваме и да говориме.
    Нашите деца, колку и да пораснат, имаат потреба од нашата прегратка и прикаски, од нашето внимание и слатки зборови. Со тоа се исполнуваат децата, со тоа се хранат, со тоа раснат. Си спомнувам за еден возрасен свештеник од нашиот остров (Санторини), простодушен човек но, неговата простота содржеше мудрост и опит. Го паметам, јас бев мало дете, една мајка дојде со бебето да и прочитаат молитва на 40-от ден по раѓањето и на крај тој ја погледна мајката и и кажа:
- Ќерко моја, ако не го нахраниш детето плаче ли?
-Плаче, оче.
- Чуј! Ако не го нахраниш детето тоа плаче. Ако не го от - храниш (т.е. воспиташ), ти ќе плачеш после тоа.
    И за отхранувањето е потребна сладост, нежност, Христос, топлина, прикаска. Нашите деца колку да пораснат, ќе останат наши деца. Затоа треба секогаш, не да ги омајуваме (маѓепсуваме заб. на прев.), туку да ги поучуваме со нашето искрено поведение и љубов, да им даваме без егоизам, да им го предаваме нашиот опит и да бидеме сигурни, дека ќе можеме да ги отхраниме, додека пораснат. (Всушност тие никогаш нема да сопрат да бидат деца, како и ние самите). Да не заборавиме дека детето е она кое веќе го задобило Царството Небесно.
    Да разгледаме една приказна, за да ја видиме љубовта, нежноста, опитот, отхранувањето и една жива врска. Се сеќавате на Црвенкапа? Сите ја помниме. Тоа девојче кое го доби своето име по една боја и од еден елемент од својата облека  - «црвеното капче».     Зошто тоа ме тера да ја приметам? Отците на Цркавата ни велат: Знаеш ли дете мое, каков е Бог? Тие имале опит од Бога, а не знаење - нешто прочитав - туку го живееле Бог, можеле да го дишат, да Го видат во сè, да Му се радуваат, да Го чувствуваат Бог. Светителите Го гледале Бог насекаде и највеќе во лицето на другиот. Затоа не можеле да повредат и навредат никого. Светителите и простодушните луѓе, оние кои имале простота, кротост и љубов, тие луѓе, кои влегувале во животот и се бореле. Ја помнам баба ми. Гледајте сега богословие, таа го внесуваше Христос во тавата и јадењето! Вистина ви кажувам. Затоа што ја помнам пред фурната на дрва, пред да ја затвори фурната, се прекрстуваше и после тоа одеше над тавата и велеше: «Слатко и вкусно како зборовите на Христос!» Јас седев наблизу, детенце бев, ја влечев постојано за престилката и си велев дете бре - оти вкусно готвеше - нека е вкусно и слатко!... Што конечно се Христовите зборови? Ајде да ги научам, да видам што кажува Христос, зошто ми се допаѓа да е нешто слатко и вкусно. Така неуката баба нѐ воведувше во богословието, во богословието на кујната, во богословието на јадењето, за да ни покаже дека Христос е насекаде, и не е просто насекаде, туку е сладок и вкусен. Баба ни го предаде со прости нешта – таа, која читаше слог по слог и која во личната карта беше ставила едно крстче, тоа беа сите информации на личната карта. Не беа нужни ни имиња, ниту потписи, туку тој крст. Колку убаво нешто.
    Така, Црвенкапа носи црвена шапка. Отците сведочат, дека Бог е оган. Исто и еден старец на Света Гора со неговата простота кажуваше: Отче, да ти кажам, кога Бог не создавал, се гледал Себе си во огледалото – за ми покаже што означува Божји образ, затоа што човекот е Божји образ. Следствено, ако мојот Отец, Создателот, Кој ме создал со Неговите раце е оган, тогаш што е човекот? Оган. Што е Црвенкапа? Црвена капа, како да имаш оган врз главата. Ете го богословието на човекот. Ако тој правилно се справи со тој оган, ќе загрее, ќе стопли и ќе ги просветли другите – ако стане свештенослужител на животот и добар распоредник на тој оган, кој го примил од Бог. Но, ако стане копиле на животот, тогаш ќе изгори и ќе гори. И знаете ли што означува тоа? Дали се виделе една изгорена гора? Да ја видиш претходниот ден, да влезеш во неа и да речеш: каков рај! Но, не долго потоа да влезеш и да кажеш: како в ад е тоа!
    Црвеното капче го има огнот на животот. А и уште нешто. Првото писмено свидетелство за неа е од 1670 г. И оттогаш останува дете. Колку убаво нешто. Дали видовте дека некогаш остарела Црвенкапче? Толку векови - останува дете, излегува од границите. Кој може да каже дека е Французинка или од Англија? Никој. Таа ги минала границите, останува вечно дете, влегува во сите домови и станува пријателка на сите деца. Тоа пак означува, дека е нешто живо и и вистинито, има живот, оган кои Бог и ги дал, но има и младост. Еден убав стих од една песна гласи: «Младоста е дар, која гори како оган». Нашиот неуспех и грев е што го гасиме тој оган, кој го има младоста; стануваме пожарникари на тој оган, на Божјиот оган, на огнот кој младоста го има. Тоа е пропаст, грев, мрак. Наместо да го запалам огнот и да го научам човекот да го оддржува - знаете како се оддржува огнот. Ќе дувнеме, за да се разгори, се разгорува од една искра и ненадејно започнува да расне. Дали тоа ве потсетува на нешто, можеби за начинот на кој Бог нè создал? Вдахнувањето од Бог. Свети Григориј Богослов говори за првото свето Причестување и вдахнувањето од Бог, со кое го оживотворил човекот и му дал оган на животот, оган на душата и го создал во него гладот и жедта за вечноста.
    Извинете, ќе ги смешаме малку прикаските. Се сеќавате ли на лошиот волк? Како лошиот волк тргнал да ги сруши куќичките, кои трите прасенца ги направиле? Тоа е една друга голема философија и богословие, една друга вредна, жива приказна. Тој сакал да им ги дувне куќичките - затоа што злото секогаш сака да изгледа како добро, тоа оди и ги краде елементите на доброто. Зошто? За да влијае на нас, да не намами, доаѓа и го завзема местото на доброто, имено тоа го сака злото, да го завземе неговото место, секогаш зборува убави зборови, за да ти повлијае и да те уништи. Злото ретко се појавува во приказната како човек, приказната не сака да обвини еден човек, туку се појавува како животно, затоа што во човекот кој го прима и го присвојува, развива животински инстикти. Те зема од рамништето на човекот и те фрла на рамништето на животното, на «подот» на животното. Понекогаш човекот може да стане поопасен и полош дури од животното.
    Црвеното капче го има дарот на животот. Дали тоа ве потсетува на некој црковен празник? Педесетница. На Педесетница го празнуваме слегувањето на Светиот Дух. Гледаме пламен врз главите на светите апостоли. За да се справи со огнот, кој што го примил, човекот има потреба од Божјата благодат, благодатта на Пресветиот Дух, за да стане добар распоредник, зa да стане врвен свештенослужител на својот живот, за да може реално да го вкуси и да се радува на чудото на животот.
    Дарот на животот и благодатта на Бог. Црвенкапче ќе излезе од дома. Гледајте го реализмот на мајката. Што прави таа? Таа ѝ вели: «Ќе одиш кај баба си». Бабата живее на другиот крај на гората, оттука треба да ја помине гората, да отиде кај бабата, и мајка ѝ ја остава сама. Децата ќе ни станат 16-17-19 - годишни, ќе си одат од дома, тоа е вистината на приказната, таа не те замајува, ќе ти ја каже вистината. Детето ќе си тргне, можеш ли да го следиш? Не можеш. Што можеш да правиш, кога детето ке си тргне? Во приказната гледаме една важна подробност. Мајката наполнила една кошница. Детето ја зема кошницата, излегува, оди по својот пат, влегува во животната борба – кошницата е душата и умот на човекот. Знаете ли кој е нашиот проблем? Празната кошница. Таа станува многу лесна цел, мнозина ќе посакаат да ја превртат таа кошница т.е. душата во канта за ѓубре. Ако јас не ја наполнам, некој друг ќе ја наполни. Умот, ако не го исполнам, некој друг ќе го исполни. Тука е мојата одговорност, тука е мојата борба, детето ќе си замине, не можам да го следам, ќе ги отвори крилјата и ќе полета но, јас треба да ја наполнам кошницата. Како се случува тоа?
    Внимавајте ние со години правиме една огромна грешка. Се трудиме да ја наполниме таа кошница и тоа е добро. Кога бевме деца, одевме на риболов во морето со едно убаво кајче. Претставете си, влегувавме 10 -15 деца во кајчето и кајакарот велеше: седнете еден до друг. Ќе отидевме на другата страна и кајчето се навалуваше. Тој повторно велеше. Половината од оваа страна, а другата половина на другата страна, инаку кајчето ќе потоне! Денес децата тонат, оти им го исполнуваме умот но, им ја празниме душата. Убаво е умот да се наполни, да има баланс но, ако душата се испразни, кајчето ќе потоне. Понекогаш ги сожалуваме децата, оти носат некакви ранци, кои се поголеми од нив и воопшто немаат време да си играат. Времето им е исполнето, англиски, француски, кинески.... Сето тоа е добро и благословено, но почекај, да не треба и душата да им се исполни? Многу пак пати станува обратното, оти со секој наш двиг, наместо да исполнуваме, ние им ја празниме душата. Го исполнуваме умот но, детето тоне, нема рамновесие. После тоа е многу тешко да го извлечеш среде искушението. Затоа треба да го исполниме човекот, тој не е ниту само стомак, ниту само ум, а да не ја забораваме и душата.
    Многу пати можеме да кажеме нешто на некој човек и тоа силно да му повлијае. Ќе ви раскажам еден случај. Една баба си го држеше внучето за рака. Ах, тие баби. Баба ми отпатува кај Христос пред 18 години, но постјано ја паметам и нема ден да не си споменам за неа. Таа не не ни зборуваше многу но, многу нè возљуби. Така, онаа баба влезе во храмот, додека имаше празнична Вечерна, во оној миг кога свештениците излегуваат на Входот и еден од свештениците запре, се насмевна на детето, го помилува по главата и продолжи. Кога по доста веме детето порасна и влезе во гимназијата, го прашале:
- Што сакаш да станеш?
-Поп!
- Зошто?
-Зошто сакам да сум насмеан и да ги галам луѓето!
    Само едно движење, кое душата му го примила, од кое човекот се исполнил и вели: не сакам да го изгубам ова! Дали насмевката, допирот и милувањето, чинеле многу? Затоа да ја исполниме душата, да богословиме и проповедаме во нашата кујна, кај мијалникот, да прегрнуваме, да целиваме. Свети Порфириј, а исто и свети Паисиј велат: «дури спие детето, оди да го бакнеш!» Ама не разбира, не чувствува! Душата му чувствува. Да прегрнуваш, да целуваш, да милуваш, да говориш, да се смееш.
    Понекогаш пак си велам за себеси: а бре дете, та православен ли сум? Ме прашуваат, што си? Е па со толку ропот, од утро до вечер, ми се чини, дека сум протестант! Господи помилуј! Каде е радоста, каде е мирот? Одам и гледам во огледалото. Гледајте што станува. Кога сите се гледаме во огледалото, знаете ли каде ни се насочува погледот? Во онаа точка, која не ни се допаѓа. Тоа е вистина. Што не ми се допаѓа - очите? Нив ги гледам, Не ми се доапаѓа косата? Неа ја гледам. Можеби носот? Баш него го гледам. Но, почекај! Па не е целото лице само нос? Само веѓи, очи, зар нема ништо друго? Зошто одиш и го гледаш она, кое не ти се допаѓа? За жал, она што го правиме пред огледалото, одиме и го правиме на нашите деца. Ропот, протест, ништо не ни се допаѓа!
    Да ви кажам нешто за свети Силуан. Тој имал многу бурна младост, но, штом се преобразил од свирепост  (αγριότητα) стигнал до светост (αγιότητα). Дај да проследиме што се случило, бре дете мое, за да видиме како се преобразил. Бараш и гледаш еден татко, кој се однесувал многу учтиво. Знаете ли што се татковството и мајчинството? Искуството на хирургот. Треба да земеш скалпел, а не сабја. Не сечеме глави, туку се трудиме да излекуваме. Едно е да правам операција, а друго е да колам. Конечно бидејќи ние сме христијани,  велиме:« пипам со кадифена ракавица». Или она другото: сочекај да се причестам во недела и после тоа ќе те научам и тебе. Свети Силуан  како млад водел ноќен живот, и еднаш кога се вратил, бил пијан, а татко му, стоел до масата. Очите на татко му биле отворени:
- Татко, што правиш, зар не спиеш?
-Не.
- Слушни ме дете! Ти сакаш да се забавуваш, а јас ќе се молам.
Младичот добил лекција. После си рекол во себе: не спие, туку се моли за мене. Не ми се налути!?
Дали се сеќавате на повторно на случајот со него и татко му, кога во еден петочен ден татко му го пратил да го зготви јадењето и идниот светител зготвил свинско. Татко му ништо не му кажал. По неколку месеци го прашал:
-Се сеќаваш ли на оној петок, кога беше зготвил свинско и го донесе на нивата?
-Ајде сега, како да си спомнам за свинското пред 6 месеци!
-А бре, дете мое, јас се сеќавам, оти, знаеш ли, го јадев и мислев, дека јадам мртво куче.
-Но, толку ли лошо беше? Зар не го подготвив добро?
-Ти добро го зготви. Да се осветат рацете твои, дете мое! Но, денот беше петочен, денот на Христовото Распетие, ние седевме под дрвото и мислев дека е Христовиот Крст и како Христос горе виси, распнат и крвав, а ние јадеме месо.Младичот бил воодушевен. Татко му шест месеци барал содветен начин и време, да да предаде една јака лекција и така да му го стполи срцето, да го насочи кон Христос и да го отвори. Така што, зад големиот светител на нашиот век, толку нежен и сладок, се крие еден татко, који има трпение, нежност, сладост, врска со свеото дете и општење со своето дете.Тргам јас да го причестам детето, но ниту сум свет Путир, ниту го имам Бог во мене, да му го дадам, ниту лажичката на љубовта, за да го причестам. Како да го исполнам тоа детенце?
    Во приказната мајката ја исполнува кошницата на Црвенкапче, која тргнува и ја преминува гората. Зошто пак гора? Затоа што гората многу наликува на животот на човекот, има опасни места, има патчиња, може да се загубиш, да паднеш, процепи, пештери, непознати места, на многу места е темно, на други светло, има возвишенија, стапици, што сакаш - височини, мрак, светлина. Не наликува ли на животот ни? Ако кошницата е полна, влегуваш во гората. Ќе го сретнеш ли злото? Ќе го сретнеш. Гледајте сега што прави злото. Зошто злото не отишло да ја изеде Црвенкапче, која била млада и нежна, туку отишло да ја изеде бабата? Ајде де, сега. Господи помилуј! Каков бил тој волк?! Зошто го направил тоа? Затоа што злото секогаш ја јаде нашата цел. Црвенкапче требала да помине еден пат. Тргнува од неопитноста со залихите, кои ѝ ги дал домот, тргнува од неопитноста, влегува во животот, кој е гората, и се насочува кон бабата, која живее на другиот крај на гората. Бабата веќе ја преминала гората, таа е опитот, опитноста. Неопитноста со залихите влегува во животот, се подвизува и оди кај опитноста. Што прави злото? Злото ја јаде нашта цел.
    Некој доаѓа денес и ми вели на пример: веруваш ли сега во вечноста? Во царството небесно? Ако целта ми е царството небесно и злото дојде и ми каже – тоа не постои!, ќе се борам, ќе засакам, ќе простам, ќе се подвизувам. Помислете на Одисеј. Убаво име. Одисеј. Знаете кој е. Името му доаѓа од „οδύνη“ (страдание, болка, мака). Одисеј е распнатиот човек, кој ја бара својата татковина, кој патувал далеку и сега си ја бара татковината, ги поминал сите фалшливи татковини и рај - ови, кои му се испречувале на патот, за да стигне до вистинската татковина. Истото се случува и со нас. Мојата татковина е Христос, но, ќе дојде материјата, ќе дојде плотта, ќе дојде власта, ќе дојде богатството и ќе ми каже, јас сум твојата татковина. Не не си ти! Христос е мојата татковина. Одисеј се распнува таму, се бори, паѓа, станува, пристига, повторно тргнува, огромниот пат, кој Хомер го опишува, е внатрешниот пат на човекот, кој се враќа во својата татковина. Помислете си сега да му кжат на Одисеј: Каква Итака? Зарем не знаеш дека настана земјотрес и таа потона! (да не чува Бог!) Зошто да се подвизува, зотшо да ризикува, зошто да полага усилби? Ако си ја згубил целта – си го загубил патот. Ако си ја загубил целта – загубен си. Затоа волкот - злото оди и ја поразува целта – царството Божјо, за човекот пак кој се подвизува, ја уништува опитноста, целта директно. Затоа волкот оди кај бабата, затоа ја проголтува. Оти ни ја голта целта. Колкумина од нас, си поставивиме една цел заедно со некој друг човек и тргнавме заедно во животот? Ја загубивме целта и врската се распадна. Колку мечти имавме, зацртaвме еден пат и љубовта не крепеше. Злото доаѓа, ни ја јаде целта и човекот се одвојува. Така се одвојуваме од својата душа, од луѓето и од Христос.
    Видовте ли колку убаво завршува приказната? И живееја среќно, а ние уште посреќно. Тоа значи, дека приказната никогаш нема да ти даде нешто, што има врска со очајанието и разочарувањето. Ако се подвизуваш, ако вложиш усилби, ако војуваш, ќе победиш. Има ли поголема вистина од ова? Ќе победиш, јасно е. Не само тоа, туку приказната прави една воскресна проповед. Зошто? Зошто волкот ја голта бабата и доаѓа ловецот. Црвенкапче силно викнала. Претходно волкот тргнал да ја погали. Црвенкапче прашува:
-Зошто имаш големи очи бабо?
- За да те гледам девојче мое!
-Зошто имаш толку големи уши?
-За да те чујам.
    Злото е многу слаткогласно, кога сака да повлијае на нас, и користи зборови, кои се допаѓаат на нашиот егоизам!  -  оти ќе ти повлијае. Ако другиот ти вели имам очи за да те гледам, имам уши – за да те чујам. Оп, те фатил! Убаво е злото да нема за што да се задржи за тебе, т.е да имаш смирение, за кое злото неможе да се фати. Ловецот ќе ја чуе Црвенкапа и еден велик отец на Црквата вели дека Христос е «Ловецот» на спасението на душата на човекот! Зарем не е поразително? Ловецот оди и го отвора  волкот и ја вади бабата жива! Дали постои поголема проповед за Воскресението и особено за едно дете? Кога сакаш да му говориш за воскресението, ете ја проповедта. И да ви кажам нешто друго. Тоа не е само проповед, но и длабоко богословие, затоа што свети Кирил Ерусалимски вели, дека Христос го зел крстот и со него го отворил адот и ги извадил оттаму Своите деца, кои адот ги бил проголтал. Зар сликата која светитот Кирил ни ја дава, е поразлична од онаа, која  е претставена во прикаските? Не.
    Завршувам со една многу куса прикаска. Се сеќавате ли на Горгона, за која велеле дека ги сретнува корабите? Таа била сестра на Алексендар Велики и прашувала дали е жив Александар Велики? Ах, тешко тебе, ако кажеш, дека не е жив, затоа што морето почнувало да бранува и коработ да потонува. Така што е радост за тебе, ако кажеш, дека Александар Велики е жив. Знаете ли каде ќе ја сретнеме Горгона? Знаете ли како се вика? Се вика Совест. И во даден момент, ќе ја сретнеш и ќе ти каже: дали тие жива душата? Жива е. Многу пак убаво е ако ѝ кажеш «жив е Господ и Бог мој». Дали постои поголем мир и спокој? Да продолжиш да патуваш низ времето по бескрајните води на милоста и Божјата љубов?
    Да не се плашиме од ништо. Постои ли нешто поубаво, послатко, поубаво од Христос. Затоа и да го  живееме токму тој Христос, да Му се радуваме, да Го вкусиме, да се наситиме и да бидеме сигурни, дека нема да чекаме никаков друг рај, туку ќе живееме за Рајот – Христос, секој ден.

 

Подготви. Маја Белева

 

Извор: https://pravoslaven-sviat.org/2019/01/22/%d0%be%d1%82%d0%ba%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%b6%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82/?fbclid=IwAR2GUhRaOl9X8irau8vyy-rcJUXCmS_K2kRvfUa7djxU_7dLCxsXHM3gx9c

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5797
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6616
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6396
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5594
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная