логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Онаа која од небесата е повозвишена, и од Херувимите пославна, и од сета твар почесна; која поради преголемата чистота на Присносушното Естество сместилиште постана, во обителта нејзина денес од Ангелот со песни се велича, и затоа сè со радост се исполнува и нам голема милост ни се дарува.


a-2
     

    (Од литијните стихири)

Светата Гора Атонска, таа небесна монашка држава, што Пречистата наша Мајка ја прими во своја грижа, е благословена со нејзини бројни чудотворни образи, кои ја сведочат  особената богородична милост врз ова место. Но, според нејзиното благоволение, најголем благослов се излеа од познатата нејзина икона „Достојно Ест“, која сега го краси протатонскиот храм во Кареја. Икона пред која Архангелот Гавриил за прв пат ги испеа тие чудесни стихови во пофалба на Богомајката. Неописливо било умилението на смирениот послушник, додека се насладувал од прекрасното ангелско пеење и уште повозвишените зборови, со кои овој небесен пратеник навистина достојно ја прославил онаа која е вдахновителка на секоја доблест.

За исто такво умиление се удостои и Бигорската Обител кога Небесната Царица, преку идентичната изобразба на оваа своја чудотворна икона, се всели во светилиштето, утешувајќи го после пожарот во 2009 година, тажното срце на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј. Таа го донесе со себе и светогорскиот благослов, зашто иконата стапна на Карејското тло и се допре до првичната светиња што се чува овде. Осенета со двојна благодат, таа сега е блескава сјајна ѕвезда среде Бигорското благолепие, што насекаде ја шири слатката утеха на Богородичното присуство, и ги успокојува со мајчинската грижа верните што со надеж ѝ пристапуваат.

Затоа монашката благодарност на обителта кон својата моќна закрилничка и усрдна застапничка во секојдневниот подвиг, го одбрала денот кога се слави овој чудотворен образ и кога пофалбата кон Богородица од ангелска уста му била објавена на светот, за свое сеноќно молитвено претстоење. Каква неспоредлива чест: Онаа која е повисока од Небесата, и пославна од Серафимите и почесна од сета твар, денес во Бигорскиот храм благонаклоно ги прима молбите од мноштвото верни собрани усрдно, крај нејзиниот чудотворен образ. А црковните величанија, богомудро составени во чест на овој празник, плетат достојна пофалба, што низ гласот на псалтите торжествено ја разбива тишината во храмот и срцето го будат за во него да се утврди синовската верност кон Мајката наша и Божја, која никогаш не ги остава своите чеда. И колку и да е немоќно телото, таинственото присуство на Заштитничката на монашкиот род ги прави бодри присутните и озарува со радост нивните лица. И сите го примаат нејзиниот обилен благослов, како живо сведоштво дека нивните смирени молитви ќе бидат принесени пред престолот на Семилостивиот Бог. А умилниот лик на нашиот сакан Старец молитвено приклонет пред неземната љубов на Сенепорочната Невеста и Мајка на благоволението Отчево, ги одразуваше сите негови најтопли чувства на благодарност и бескрајна почит што чедото ги негува во своето срце за неговата најсвета Мајка.

a-32

Присноблажена и Сенепорочна Мајко на нашиот Бог, која благоволи преку својот чудотворен образ да ја посетиш Бигорската Обител, а во оваа молитвена ноќ слатко нѐ храниш со благодатта на твојот Син, измоли од Него милост за овој народ, кој сѐ уште талка, барајќи го низ беспаќе вистинскиот пат што води до тебе, просветли ги неговите водачи и покажи им го влезот кон Царството на спасението.

 a-3

https://bigorski.org.mk/vesti/bogosluzhbi/da-te-ublazhuvame-devo-dostojno-e-navistina/

 a-7





Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…
Ноември 09, 2019
st-demetrius

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ Бог со сето свое срце и душа, па веднаш по враќањето од царската престолнина почнал јавно да проповеда и својот народ да го одвраќа од многубоштвото, водејќи го така кон…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 57
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 47
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Митрополит Струмички Наум: Зошто пишувам?

Окт 28, 2019 Беседи 139
7.Vselenski.sobor
Битно е дека, без тие – собраните околу мене, којзнае дали воопшто и ќе беше нешто…