логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8).

Кој ќе стекне смирение, покајание, кротост, духовна жед за правда и милосрдие, тој е на прагот на шестата добродетел: чистота на срцето или душата.

Под срце Спасителот го подразбира центарот на човечката душа од кој извира секое добро или зло. 

Од срцето потекнуваат сите акции. Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме; со срцето трпиме или роптаме; со срцето простуваме или се лутиме; со срцето се помируваме или се караме; со срцето се обраќаме кон Бога или се одвраќаме; со срцето се приближуваме кон Бога или се оддалечуваме; со срцето благословуваме или колнеме; во срцето има радост или тага, надеж или очајание, покајание или распуштен живот, страв или слобода; во срцето има: простодушност или лукавство. Срцето воздивнува, се моли, се надева, или го чини спротивното. Според тоа, она што го нема во срцето, тоа и не постои. Верата не е вера, и љубовта не е љубов, ако не постојат во срцето, тогаш тоа е лицемерие; смирението не е смирение ако не постои во срцето, туку е преправање. Затоа Бог го бара од нас нашето срце: Синко, дај ми го мене срцето (Изрек. 23, 26)

Милостивиот самарјанин

Човечкото срце – слично на сад. Она што е садот, тоа е и срцето човечко, вели истиот светител. Полниот сад не може да прими ништо друго во себе. Наспроти тоа празниот сад сè прима лесно. Заради тоа луѓето го испразнуваат садот кога сакаат да сместат нешто друго во него. Така е и со човечкото срце. Кога е празно од светски и телесни похоти, погодно е за прием на Божјата љубов; а кога е исполнето со љубов кон овој свет и телесни похоти и гревовни навики, тогаш во него не може да се смести Божјата љубов. Како може срцето исполнето со среброљубие, самољубие, славољубие, сластољубие, гнев и злопамтење, завист, гордост и други беззаконија, да ја смести Божјата љубов? Туку што општо има меѓу светлината и темнината (2. Кор. 6, 14)? Божјата љубов е највисок дар Божји и се сместува во срцето кое со вистинско покајание и скрушеност и жалост е испразнето од лошите склоности и гревовни навики, и е очистено и подготвено за примање на овој небесен дар.

Човечкото срце не може да биде празно. Тоа е неминовно исполнето или со омраза кон нешто или со љубов. Ако е исполнето со омраза, тоа донесува и такви плодови: предизвикува кавги, борби, убиства, навреди, пцости, клетви, лаги, измами, клевети, презирања, осудувања, понижувања, подбивање и слично. Ако живее љубовта во срцето, тогаш се јавуваат и пријатни плодови, пријатни и пред Божјите очи и пред мудрите луѓе, учи истиот светител. 

Митарот и фарисејот

Човечкото срце го пројавува она што е во него. „Добриот човек од доброто сокровиште на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште на своето срце изнесува лошо; оти, од преполнето срце зборува устата негова“, рече Господ (Лука 6, 45)

Она што ќе се зачне во срцето, или добро или зло, тоа однадвор се пројавува низ телесните органи. Човечкото срце за свои орудија ги употребува надворешните органи: јазикот, рацете, нозете и други, за со нив да ги оствари своите замисли. Така, со јазикот благословува или колне, со рацете краде и дели, убива или заштитува; со ушите слуша добро или зло; со нозете оди кон планираната цел. Оној кој има добро срце, очистено со светата вера Христова, тој нелицемерно покажува надворешно добри плодови; а оној што има зло срце, тој пројавува и лоши плодови, како што рече Господ, објаснува свети Тихон Задонски. 

Срцето треба да го чуваме од валкање. Срцето го валкаат зли мисли, зли желби, зли зборови, злобни дела, лоши глетки и слики. Затоа светите отци, најдобрите учители и раководители на патот кон светоста, им препорачуваат на христијаните будно да стражарат над портите на срцето, а тоа се телесните сетила, посебно видот и слухот, за ништо валкано да не се вовлече во нив. „Пази на своето срце, брате, и бодрено пази на своите непријатели, бидејќи тие се лукави во својата злоба“, советува светиот авва Исаија. Бидејќи злите духови деноноќно настојуваат да се вовлечат во човечкото срце и да завладеат со него. За таа цел тие непрестајно го стрелаат срцето со своите стрели: лоши мисли, лоши желби, лоши глетки и слики итн. Ако портите на срцето се затворени и умот будно стражари над нив, стрелите на лукавиот ќе. се одбијат и нема да нанесат никаква штета, Но ако:портите се отворени и умот дреме или спие, стрелите ќе се забијат во срцето и ќе го ранат. По нив се прикрадува непријателот, се вовлекува во срцето и се сместува во него како во свој дом. Тогаш срцето станува роб на лошиот господар и извршител на неговата волја, која се пројавува во лошите Дела, односно гревовите. А повторениот грев преминува во страст, а секоја нова страст во нов оков, нови синџири за човечката душа. Стојте така во слободата, со која Христос нè ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем (Гал. 5, 1), со помош на ѓаволски замки и стрели. Штом ќе забележиме дека заради нашата недоволна будност и внимателност непријателот се вовлекол во срцето и го извалкал, треба веднаш да го истераме надвор, своето срце да го очистиме и покадиме со молитва, покајание, пост, ревносно исполнување на Божјите заповеди и милосрдни дела. 

Чистото срце е живеалиште на живиот Бог. Сите христијани во светата тајна Крштение со Божјата благодат се очистуваат од сите свои дотогашни гревови и духовно се соединуваат со Господа Исуса Христа, стануваат едно со него. Нивното очистено од гревови срце станува Божјо живеалиште: „Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“ ги предупредува светиот апостол Павле Коринтјаните, а преку нив и сите христијани (1. Кор. 3, 16; 6, 19; 2. Кор. 6, 16). Затоа тој ги опоменува христијаните да се чуваат од гревови, за со нив да не го нажалат Светиот Дух во себе и го отстранат од себе, а на ѓаволот да му пружат прилика да се всели во нив (Ефес. 4, 22-31). Бидејќи во човечкото срце не можат заедно да пребиваат доброто и злото, Бог и сатаната, како што немало и не може да има заедница помеѓу светлината и темнината (2. Кор. 6, 14). Чистото срце го привлекува Бога, а нечистото го одбива. Кога Божјиот Дух ќе замине од срцето, во него се вселува духот на злото – сатаната. 

Чистото срце го гледа Бога. Како што здравото и чисто око јасно ги гледа сите материјални предмети околу себе, така и чистото срце, како орган за гледање на нематеријалната душа, го гледа Бога на свој начин, духовен. Го гледа во себе и околу себе. Го гледа како Творец и Промислител на сè што е создадено, како Причинител, смисла и цел на сè што постои. „Секогаш Го гледав пред себе Господа“, воскликнува богомудриот цар Давид (Псал. 15, 8). „Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои Те гледаат“, Му се исповеда на Бога праведниот Јов (Јов. 42, 5). На чистото срце дадена му е од Бога способност и сила, зашто е соединето со Бога, да проникнува во суштината на нештата и да го гледа она што е сокриено од телесното око, имено духовната реалност, духовниот свет и неговите жители: Бог, ангелите, демоните, светителите, човечките души, човечките мисли, минатото и иднината. Ова го потврдуваат сите житија на христијанските светители од најраните времиња па до денес.

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 553
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 850
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 824
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…