логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Го прашале еднаш блажениот Старец Нифонт Чудотворец, како некои луѓе кои се трудат во подвигот, иако го преморуваат своето тело со воздржување, страстите сепак ги завладуваат? А, некои сè јадат и пијат, па сепак, имаат мноштво доблести, и маана не им се наоѓа?



– „Мислам, чедо мое, дека таквите не се поправаат, иако многу постат, бидејќи не внимаваат на јазикот. Кој не ја затвора устата, макар и да пости цело време, не напредува. Оној пак што молчи, лесно ги победува страстите. На пример, демонот те раздразнува со гнев? Немој да проговориш и ќе победиш. Те поттикнува на завист? Не осудувај и си го посрамил, зашто осудата се раѓа од зависта. Ако некој паднал во телесен грев – повторно не вели ништо, не осудувај! Не разговарај со жена, не јади и не пиј многу. Кога си во силна борба, измачи го телото и борбата ќе престане. Зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. Ако некој те опцуе или те навреди, сети се на мртвото тело, кое поради престапот завршува во гробот, и колку вреди кога ќе завршиш таму. Така лесно ќе заборавиш на сите навреди. Ако некој сиромав побара од тебе да му дадеш нешто, не биди скржав, не притеснувај го срцето. Ако демонот те опсипува со суета и превознесување, погледни на старите поколенија и види кој горделив и самољубив некогаш добро поминал? Сите имале лош крај. Зашто и Писмото вели: Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат. На друго место: Господ ќе им ги растури коските на они што си угодуваат еден на друг. И на друго место вели: народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растураат патот по кој одиш.

Ми спомна и други, кои сè јадат и сè пијат. Таквите што си ги видел, дете мое, се храбри Христови воини. Тие најпрво ги погазиле гревот и страстите, па сега се господари над себе, украсени од Бога со секакви добродетели. Затоа, сè јадат и пијат неострастено. Се воздржувале, се подвизувале со напор, па се облекле во Божји штит.

Постот е големо оружје на душата, но потребно е да се спои со непрестајна молитва, тихување и молчание. Тогаш постот дава најдобри плодови. И на сето тоа, потребно е самоиспитување: да не беше Твојот закон утеха за мене, ќе загинев во неволјата своја.

Треба да знаеш дека има и доблесни луѓе, кои, кога ќе се укаже потреба, јадат и пијат сè што ќе им се принесе, заради заедничката трпеза, а кога ќе бидат сами, со построг пост го надополнуваат разрешувањето што си го допуштиле“.

 

Извор: Бигорски манастир

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1096
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1662
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1095
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…