логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Треба да бидеме ревносни. Ревносен е оној кој со сета душа Го љуби Христос и во Негово име му служи на ближниот. Љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето се пар што не се раздвојува. Со чист порив, копнеж, солзи, со умиление, а не со предумисла и калкулации. Сè да биде од срце!
Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. (Откровение 3:20)

Фанатизмот нема врска со Христос. Биди вистински христијанин и тогаш никого нема погрешно да го сфаќаш, туку „твојата љубов сè ќе покрива”. И кон иноверниот однесувај се како христијанин. Почитувај го на благороден начин независно од неговата вероисповед. Можеш да му се најдеш на некој муслиман кога има потреба, да зборуваш со него и да се дружиш со него. Треба да постои почитување на слободата на другиот. Како што Христос „стои пред вратата и чука“, без да ја разбива, туку ја чека душата сама слободно да Го прими, така и ние да стоиме пред секоја душа.

Мисионерската дејност треба да се извршува на суптилен начин, па душите без револт да го прифаќаат она што ние им го нудиме: зборови, книги. И уште нешто: не треба многу зборување. Зборовите одѕвонуваат во ушите и честопати нервираат, а молитвата и животот одекнуваат. Животот восхитува, трогнува, препородува и поттикнува на промена, а зборовите остануваат бесплодни. Најдобрата мисија се извршува со нашиот добар пример, со нашата љубов и кротост. Слушнете еден пример во врска со ова.

Еднаш еден свештеник отишол на предавање каде што биле присутни образовани луѓе. Братучед му го повикал да дојде со него. Говорникот изрекол многу нешта во врска со некоја марксистичка тема. Слушателите се воодушевиле и на крај му ракоплескале. Но, седејќи на катедрата, тој го видел свештеникот и рекол:

– Имаме и свештеник на нашево предавање. Ако може, нека ни каже нешто за оваа тема од религиозен и философски аспект.

Тој тоа го кажал иронично, мислејќи дека ќе ги понижи и него и Црквата. Свештеникот станал и рекол:
– Дете мое, не знам што да ти кажам, но имам слушнато: овој мудрец вели вака и вака на таа и таа страница, друг мудрец вели вака и вака на друга страница, друг на друга страница вели онака, итн. Мојсеј вели вака и вака на таа страница, а Исаија, Давид, Христос велат друго. Потоа продолжил наведувајќи го цитатот од апостол Павле: „…Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? He ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет? …Бог го избра она што е безумно во овој свет, за да ги посрами мудрите… та ниедно тело да не се пофали пред Бога“.



„Мудриот” говорник ја затворил устата. Важно е тоа што свештеникот зборувал со кротост и без егоизам. Тој бил владика од Патријаршијата. Завршил со зборовите:

Јас не знам ништо. Вие проценете што е правилно.

Говорникот, засрамен, на крајот рекол:

Многу добро ни кажа свештеникот! Го поби сето она што јас го кажав.

Многу е важно кога образованието е поврзано со кротоста, добрината и љубовта. Тоа важи за сите случаи. Зборувајте кога имате соодветно образование и подготовка за темата. Ако немате, тогаш зборувајте со вашиот пример.

Во дискусиите употребувајте малку зборови за верата, и ќе победите. Оставете го оној што има поинакво мислење да се искали, да зборува, да каже… Нека почувствува дека разговара со мирен и спокоен човек. Треба да влијаете со вашата добрина и молитва, а потоа малку да зборувате. Ништо не правите ако зборувате интензивно и ако, на пример, му кажете „лажеш! И што ќе испадне од тоа? Вие сте „како овци меѓу волци“. Што треба да правите? Надворешно бидете индиферентни, но внатрешно молете се. Бидете подготвени, образовани, потковани со храброст, но и со светост, кротост и молитва. А за да го направите тоа, треба да станете свети.

 

Извор: Бигорски манастир

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/najdobrata-misija-e-so-dobriot-primer/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1027
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 991
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…