логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Молитви за лекување и исцелување


                                                    МОЛИТВА ЗА ЛЕКУВАЊЕ


Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Амин.

                                                                                                               
                                                          МОЛИТВА ЗА ИСЦЕЛЕНИЕ

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Амин.

                                         
                                                          МОЛИТВА КОГА ЌЕ ЗАБОЛИТЕ  

Кога ќе заболите, не стравувајте, но ставете си ги рацете на болното место и кажете:

Ова е Живот вечен- за да Те познам Тебе, Единиот, Вистински Бог во Христа Кого си Го испратил.
Ова е Живот вечен- за да ја познам Љубовта, Мудроста и Вистината.
Ова е Живот вечен- за да познам дека Бог е Дух, Кој царува насекаде.

Амин.
                                                                        

                                                МОЛИТВА ЗА ИСЦЕЛЕНИЕ НА БЛИЖНИТЕ


Господи на силите, Ти си ни прибежиште од род во род. Твоите милости секогаш се прославуваат. Си направил Завет со Твоите избраници, зашто имаш крепка и силна рака да даваш штедро на оние кои го познаваат Твоето име.

Сврти го Господи погледот Твој кон страдалниот брат (сестра)....(се изговара името), обрни  внимание на неговите (нејзините) страдања и олесни ги. Ние цврсто веруваме во Твоите зборови кога си рекол: „Повикај Ме и ќе ти одговорам, зашто Јас Сум Господ Твојот Бог, Кој ја укрепува твојата десница и ти велам: Не бој се, Јас ќе ти помогнам! Не бој се, зашто Јас  те избрав, те повикав по име. Не си сам кога минуваш преку вода. Со тебе ќе бидам кога ќе одиш низ оган, ти нема да се изгориш и пламен нема да те изгори, и во немоќ не плаши се, зашто Јас Сум со тебе!’’

И сега, слушни ја мојата молба, Господи, и излеј ја врз него (неа) Твојата голема милост!

Амин.


                                 МОЛИТВА ЗА ЛЕЧЕЊЕ И ИСЦЕЛУВАЊЕ НА БОЛНИ

Молитвата се кажува во среда, сабота и недела во 7 и 9 часот изутрина кога се произнесува и личното име на болниот.

Сеприсутен Себлаги Боже, во името на Господа, Кој говореше со Твојот слуга, да дојде Твоето исцеление преку нас- Твоите слуги, за слава на името Твое. Ти благодариме што не‘ послуша. Ти си само наш Господ и освен Тебе друг немаме. Ти си Кој секогаш можеш да исцелуваш и Твоето исцеление е здравје за душата и телото. Врати го меѓусебното дејство меѓу умот и душата, меѓу душата и телото. Сврти го изворот на срцето за добро и силите на телото за полезна работа. Нека овој наш брат (сестра)...(се изговара името), кој (која) страда, да ја прими Твојата милост, за да можеме ние сите да се радуваме во пројавувањето на Твојата Љубов, Благост и Сила.

Амин.

                                         МОЛИТВА ЗА ЗДРАВЈЕ НА БЛИЖНИТЕ


Господи на Љубовта, Боже на животот и здравјето, ние, Твоите чеда, собрани денес во името на Љубовта, одиме да Ти благодариме за големата Твоја милост кон нас.

Велик Господи, ние Ти се обраќаме за да ја испратиш Твојата милост за нашиот брат (сестра)...(се изговара името), кој (која) долго време  страда од тешко боледување. Господи, Ти се молиме излеј ја преку нас, Твоите слуги, Твојата благост за негово (нејзино) излекување и испрати ги,Те молиме, Твоите небесни служители да му (и‘) донесат крепост, здравје, обнова во животот, кои Ти ги чуваш за Твоите избраници.

Велик Господи, нека уште сега овој(оваа) наш брат (наша сестра) ја прими Твојата голема милост и да се почувствува здрав и радосен (здрава и радосна).

Господи, Ти благодариме што нé услиша Ние со радост ги примаме маките во животот и со радост ќе ја исполниме Твојата блага Волја.

Амин.

                                        МОЛИТВА ПРИ БОЛЕСТ- ДУХ СВЕТИ


Ако е некој во Христа, тој е создание ново.
И ќе дојдат и почиваат над тебе сите овие благослови.
Јас ќе те исцелам. Едно тело и еден Дух!
Јас сум Господ, Кој те исцелува. Биди очистен!
Боже, биди милостив кон мене грешниот. Исцели ја мојата душа и помилуј ме.
Молете се едни за други за да се исцелите!
Молитвата која е со вера ќе го избави страдалникот... (се изговара името).

Амин.

 

Подготвиле:

 

- презвитер Горан Стојчевски

- Снежана Корнет

Извор: http://petardanov.com/index.php/topic/9954-

6-ти февруари 2018 лето Господово

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1189
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1734
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1151
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…