логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Денес сакам да го запаметите зборот “прикриен благослов“. Односно, благослов кој е скриен под нешто што изгледа како тага, мака, казна, проблем, трагедија итн. Во позадина на секој феномен во животот знае да се крие некој благослов, позади било која животна ситуација.Не постои ништо што се случува во твојот живот, од утрото кога ќе се разбудиш до моментот додека заспиеш, а да нема висока цел која делува за твое добро, твој интерес и во твоја корист. Сигурно не е сè пријатно, идилично, не креира сè задоволство и уживање, но сè е сигурно корисно. Тоа е она што го говори Св. Апостол Павле: „А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро “(Рим.8,28) Кога човекот има љубов спрема Бога и гледа на животот со такви Божествени очи, Христови очи и со вера дека се она што се случува е за негово добро, тогаш сè му помага кон добро, сето тоа постанува наша помош. Проблемите стануваат наши соработници, катастрофите постануваат наши соработници, препреките кои нè сопнуваат всушност нè тераат да трчаме уште повеќе, затоа што кога ќе се сопнеш, се залетуваш и трчаш уште побрзо, и ништо во животот не се случува за да те уништи.Таа слика која се вкоренила во нашите глави, тоа уверување кое се врежало во нашата душа после некои воспитни мерки, во облик на казни кои некогаш сме ги примиле, за Бога дека не е поддршка во нашите животи, туку Оној кој го казнува нашиот живот, дека Тој е препрека за нашиот успех и секогаш ни вели „не“, и дека нам, што и да посакаме да постигнеме ни доаѓа препрека од Бога, огромна рака и железен ѕид кој говори „не, нема тоа да го направиш, Јас (Бог) ќе те спречам“, токму ова уверување кое е врежано во нашата душа е потполно погрешно.
Една од помислите која Христос ја создаде во нашата душа е пријателската помисла кон Бога. Сè што се случува во твојот живот има добра цел. И зад секоја трагедија се крие скриен благослов. Поради тоа и оваа мала тема денес ја започнав со фразата „прикриен благослов“.
Сте слушнале за Св. Јован Кавсокаливит кој ги палеше своите колиби на Света Гора затоа што не сакаше да има никаков личен имот и кога неговата душа би се закачила за нешто, ја палеше и заминуваше во друга. Читав во една книга која го опишува преку роман неговиот живот, вака: “Зошто тоа го правиш?“ а тој одговара: „Палејќи ја мојата колиба имам подобар поглед кон небото.“Така, за она што некому му изгледа како катастрофа, тој вели, ја палам мојата колиба и кога таа ќе изгори, се отвара над мене небо и подобро гледам. Немам препреки, немам плафон, немам нешто што би ме ограничувало и така се отворам.Проблемот кој го преживуваш всушност те отвара. Се отвораш, се шири и твоето срце. Расте твојата совест и пространството на твојот ум, сместуваш во себе нови нешта, стануваш флексибилен.За да дојде новото во твојот живот, треба да замине старото. А за да замине тоа – старото, понекогаш навистина заминувањето, повлекувањето на тоа старото предизвикува вознемиреност. Кога ќе го исфрлиш троседот од твојот дневен престој настанува проблем. Но, сè додека гледаш, велиш, остави го, не поместувај го, да не правиме сега неред, остави тука како што е. Сакаш да го промениш својот живот, а велиш да го остави така како што е. Е, не може така – да го оставиш како што е.За да се промени нашиот живот и за да дојде друг различен ден во нашиот живот треба да се случат преуредувања. Тоа преуредување често доаѓа преку многу динамични случувања, многу тешки, ќе се осудам да кажам и многу трагични, кои нанесуваат и болка.Одвојувањето нанесува болка, остава трагови, но не, поинаку не оди. Она што ќе те спаси во тие моменти на промена е да твојата душа биде флексибилна, односно, да не се противиш на волјата Божја и текот на работите.
Како што животот ги носи работите, така течи и ти, течи, продолжи да течеш, да чекориш, како што водата во реката тече и не оди на друга страна и токму поради тоа што не оди во спротивен правец, не постои ни проблем. Поради тоа постои такво комотно чекорење. Проблемот настанува кога некој контрира, кога сака да оди против Бога, против животот, против случувањата.Така, прво е да чекориш со животот, а следно е да имаш вера. Да гледаш на работите (случувањата) со вера. А верата значи да гледаш на случувањата кои сеуште не стигнале, како да се веќе тука. И тоа што го гледаш да биде оптимистично. Да ја гледаш Светлоста Христова и да говориш „Да, Господи Исусе Христе, дојди“. Чекам, низ оваа мака светлост Христова, а не мрак, не пекол, не безнадежност, не очајание. Ќе инвестираш и ги ставиш сите свои пари – мислам на инвестицијата на твојата душа – во светлината. Ќе инвестираш во светлина, на тоа ќе се потпреш и ќе кажеш: „Од ова ќе излезе нешто добро“. Тоа ми го говореше еден мој пријател, кој има многу деца, кога се најде во проблем за време на раѓањето на новото дете, некои болести итн.  „Ни дојде повторно еден поклон, спакован секако во тажна опаковка, но чекам да го видам благословот кој наскоро ќе дојде“. Нешто добро ќе дојде.Гледав еден филм на кој се прикажуваше некој човек во Америка, на кој му гореше куќата, а таму куќите, знаете се изградени од гипс-картон, а не од бетон како овде во Грција. И додека другите безнадежно гледаа, тој ја имаше склоноста да гледа оптимистички на сите работи, велејќи му на пријателот: „Ова е нешто најдобро што можеше да ми се случи. Единствено така ќе можам да отпатувам каде што сакав, во тропските шуми и да направам некои истражувања… никогаш не се одвојував од овде“. Односно никогаш не се мрднав од удобноста на мојата куќа, сега со овој пожар е прилика да одам таму каде што сакав. Ја виде трагедијата како една голема прилика да направи нешто ново. И секоја трагедија во нашиот живот, ќе видиш, после некое време може да се развие многу поволно за твојот живот, многу благословено за работите кои се однесуваат на твојот живот и да донесе нешто многу добро за твојата душа, за тебе, за твоја радост, за другите…
Заради тоа, научи и ти да гледаш позади запалените колиби како Св. Јован Кавсокаливит, да видиш како се отвара подобар поглед на небото, поголема радост во твојата душа, поголема снага во твоето срце.Нека не те кршат проблемите, туку нека те оснажуваат и биди спремен за подоброто кое доаѓа и кое веќе сега е присутно во твојот живот. Имај очи да го видиш тоа. Добра вам сила!

ВИДЕО

Превод: Елена Стојановски

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 823
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…