логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во  Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат нов том од „Житијата на Светиите“ за месец август во тврд повез. Изданието го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.


„Од сѐ срце се надеваме многу поголем број луѓе да се ползуваат од ова четиво. Да вкусат од неговите изобилни духовни плодови, да ги наситат своите души со таа добра храна, да се поткрепат во доброто, да се утврдат во верата и надежта во Бога, и да се исполнат со духовна радост и утеха, откако ќе ги видат големите и чудесни дела Божји.

И откако во душата и срцето ќе станат подобни на животот и подвизите на Божјите угодници, да се удостојат на вечна радост и блаженство во Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, Бога, Кому Му доликува секоја слава, чест и поклонение, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

“(извадок од воведот)

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
или: о. Боро Милчев, тел. 071-213-000

 

Извор : МПЦ-ОА

 

Друго:

Струмичката епархија со благослов на Митрополитот Струмички Наум од печат издаде уште едно капитално дело

[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=YihRzbXf3Uw[/youtube]

 Во издание на Струмичкара Епархија и со благослов на митрополитот струмички Наум од печат излезе уште едно капитално дело, новиот том од едицијата ,, Житија на светиите,,.  Новото издание ги содржи житијата на светиите за месец август. Се работи за многу значајно дело со кое  полека ама сигурно се компетира целата едиција која ќе содржи 12 тома, по еден за секој месец.  Од храмот Свети Григориј Палама и Свети Димитриј Мироточив во чие што издание е едицијата велат дека истата е посебно значајна бидејќи верниците   ќе имаат можност житијата за светците да читаат на македонски јазик.
,, Житијата се своеводна енциклопедија на православието. Тие се мелем за секоја христијанска душа, за секоја душа која е гладна ќе го најде токму Бога во житијата на светиите.,, вели отец Боро МилчевЗа разлика од другите православни  цркви кои оддамна ги имаат издадено житијата на светиите на нивните јазици  во Македонија тоа се случува за прв пат. Отец Боро Милчев кој веќе неколку години  работи на подготовката на едицијата  вели дека житијата покрај тоа што претставуваат своевидна православна енциклопедија тие во суштина се применета догматика зашто во нив се сите свети вечни вистини доживеани догматски во сите свои живототворни и творечки сили.
,, За секој светител животот, делата, биографијата, чудата се сместени токму во житијата на светиите. Но и покрај животот, делата и чудата на светиите имаме и голема историја затоа што  историски се поврзани светителите со тие настани.,, вели отец МилчевЗасега нема прецизен рок кога ќе бидат завршени останатите четири тома со кои ќе се комплетира целата едиција, но од храмот  Свети Григориј Палама и Свети Димитриј Мироточив најавуваат дека на истите веќе се работи и за кратко време дел од нив ќе бидат пуштени на печатење. Инаку за помалку од еден месец ,,Житијата на светиите,, за месец август е второто капитално дело во издание на струмичката епархија .Од таму пред дваесетина дена од печат излезе  Семејниот православен молитвеник , прв од таков вид во Македонија.

(Извор: ТВ Сител)

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…
Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1453
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 914
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1174
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…