логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

(Обновено)

ЗА ОСУДУВАЊЕТО КОЕ СЕ ОПРАВДУВА КАКО РЕВНОСТ ЗА ВИСТИНАТА
Мај 18, 2013 at 3:46 pm

Старец Константин Абхазиски

Ревноста може да биде конструктивна и добродетелна, кога извира од чисто и љубовно срце, и од просветлен ум, но може да биде и деструктивна сила, кога извира од нечисто срце и ум, кога човек неопитен и незрел во верата, започнува да ја гледа раската во туѓите очи, и поради своето неискуство, мислејќи дека прави добро за Црквата, всушност запаѓа во страшна прелест. Тогаш започнува да ги осудува сите околу себе: монасите, свештенослужителите, епископите, сите околу себе ги смета за отпаднати од верата, а само тој се смета за некаков си „бранител и борец за верата“, „нов столпник“, „нов исповедник“ итн. Страшно е и погубно кога духовниците намерно предизвикуваат такви соблазни кај духовните чеда, и криејќи се зад нивните имиња, започнуваат негативна кампања против еден епископ или против Синодот, или против останатите монашки братства и свештенослужители во Црквата. Таквите тенденции неизбежно завршуваат во раскол или секта. Да не заборавиме, дека врвна добродетел е љубовта, а не зилотизмот. На Господ Му пееме: „Слава на Твоето снисходење, Христе“, а не „слава на Твојот зилотизам и строгост“. Навистина Господ со камшик ги изгонил продавачите од храмот, но истиот Тој Господ им простувал на митниците, блудниците, убијците, па дури и на оние кои Него го распнале на Крст. Онаму кај што има гнев, осудување, омраза, злонамера, гордост, суета, надменост, непростување, ситничарење, стерилен морализам, фарисејство – таму не може да има здрав зилотизам, ниту искрена љубов. Да ја извадиме најпрво гредата од своето око, па потоа да бараме раски во туѓите очи; да се излечиме себеси, па потоа да ги лечиме другите; најпрво да ги засакаме луѓето, па потоа да ги поправаме. Во продолжение го објавуваме ставот и искуството на старецот Константин Абхазиски за осудувањето кое се оправдува како ревност за вистината, за наша поука и растење во верата, та да ни биде ориентир во пронаоѓањето на царскиот пат, помеѓу зилотизмот и рамнодушноста.

***

ziloti2Би сакал да споделам со вас едно свое горко искуство. Имено, своевремено се занимавав со истражување на „миротворното“ движење во Црквата (Движењето за Мир), започнувајќи некаде од 80-те години. Од манастирот ни го испраќаа „Весникот на Московската Патријаршија“, официјални документи во кои е опишано сето дејствување, разни екуменистички контакти итн… Кога го читавме тој весник, душата ни тажеше и се појавуваа помисли на незадоволство и роптање кон нашите архиереи…

Во весникот беше напишана следната фраза „Да се застане на стража на светот – тоа е задачата на христијаните“. Да не се исполнуваат Христовите заповеди, а да се стои на стража на светот, иако е речено дека „светот во зло лежи“ (1.Јн. 5,19) и дека „оној кој е пријател на светот е непријател на Бога“ (Јак. 4,4). Се разбира, сето тоа беше болно за душата. Еднаш, по редовното читање на весникот, започнав да се молам, но ми доаѓаа збунувачки помисли за архиереите, Синодот, Патријархот. Се молев: „Господи, помогни ми!“ И ми дојде јасна помисла: „Погледај на себе и погледни на нив. Тие учествуваат во екуменистички движења, се занимаваат со тоа и со политика, се занимаваат и со други работи кои ги условуваат луѓето и околностите. А ти, се наоѓаш овде во ќелија и не трпиш никакви непријатности, ниту од луѓето, ни од околностите, па со кого ти разговараш? Започнуваш со обраќање кон Бога, а завршуваш со помисли, кои ти ги вметнува ѓаволот и завршуваш во разговор со него. Така што, кој е во полоша состојба: ти или тие?“ И кога станав свесен за тоа, од длабочините на својата душа извикав: „Господи помилуј!“ Заради тоа треба да се потсетуваме на зборовите на светиот Игнатиј (Брјанчанинов), кој пишувал дека е неопходно „да се запознае духот на времето и да се изучи, за да се избегне можноста за негово влијание“. И понатаму заклучува: „солзи за себе и за целото човештво“.

Најправилна реакција на вистинскиот христијанин за апостасијата е – молитва, пост и солзи, а не осуда, укорување, злословие итн… дури тогаш ќе бидеме вистински христијани. Во спротивно ќе правиме исто што прави и ѓаволот. Сметаш дека ползуваш ревност за Православието? Не. Општиш со сатаната. И ќе речеш дека тоа не е така? Така е. Поради тоа ние плачеме за себе и за целото човештво.

ziloti3
Уште повеќе „приземјен“ бев таа „ревност“ да ја држам под контрола, во рамките на здравиот разум, поточно – светоотечкото учење, кога дознав дека во видение на еден човек му било откриено следново, кога Господ му ги покажал рајот и пеколот: „Ги видов во пеколот оние, кои не сакав да ги видам таму. И во рајот ги видов оние, кои не очекував таму да ги видам“. Односно, луѓето кои ние ги осудуваме може да се најдат во рајот. А постојат луѓе за кои другите мислат дека се спасуваат, а тие тонат во пеколот. Покрај тоа, има уште еден доказ кој ме порази: „Сретнав во пеколот голем број на ревнители. Адот беше полн со ревнители“. Но, зошто? Затоа што осудувале и немале сочувство за другите луѓе. И заради тоа, според зборовите на Нил Мироточив, оној кој го осудува својот брат е полош и од демон. Осудувањето ја прогонува благодатта на Светиот Дух, па тој човек врши три пати повеќе зло. И на друго место е уште речено дека оној кој го осудува ближниот е антихрист, поради тоа што го зазема престолот на Христа Судијата, Кој е Единствен Праведен Судија и поради тоа, оној кој осудува, на овој начин расудува: „На овие им е потребно ова, а на оние – она. Овие треба да бидат предадени на анатема, а овие другите – на ова, а третите на нешто трето“. Поради тоа, тој веќе суди заземајќи го престолот на Христа, Кој е Единствен Вистински и Праведен Судија.

Поради тоа, ние не треба да судиме и да го осудуваме свештенството, кое можеби денеска ја чини оваа или онаа грешка, поради тоа што ќе дојде време кога тие ќе се покајат, а ние кои ги осудуваме нема да знаеме каде ќе завршиме.

Би сакал да завршам со следнава изјава, да вознесеме молитви за нашите пастири, архипастири, за сиот православен свет, поради тоа што навистина ќе биде војна и тоа навистина тешка војна, војна на смрт и живот. И неопходно е да имаме таков стремеж, за да сочувствуваме со луѓето и да се молиме. Поради тоа, треба да запомниме еден факт, оти по верникот оди „еден“ демон, по монахот „седум“ а, по јеромонахот „77“. Тогаш колку одат по архиерејот? Поразително! Поради тоа треба да разбереме и да се однесуваме кон тоа со сочувство.

Превод од српски јазик

Дејан Апостоловски,

Апсолвент на Теолошкиот факултет

Православна светлина бр. 25

Извор: Ортодоксија и ортопраксија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 735
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…