логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ЗА ПОСЕТУВАЊЕТО НА БОГОСЛУЖБИТЕ

triniti.jpg
Децата во нашата Црква се полноправни членови на Телото Христово. Ние немаме посебни богослужби за деца, затоа што согледуваме дека црковните богослужби не ги доживуваме само преку разумот. Дури ако детето сеуште не може да разбере сѐ што се случува, тоа може да види да слушне, помириса, вкуси и допре, и така да го доживее присуството на Светиот Дух. Ние не смееме да ги лишиме своите деца од ова искуство, мораме да ги подготвиме да го ценат, да му се радуваат, како и да учествуваат во него со молитва и на разни други начини.
Децата не треба да се преоптертат со премногу долга молитва дома, или со секојдневно носење на богослужби, затоа што родителите би сакале да присуствуваат. Ние не би сакале нашите деца да станат мрзливи за одење во Црква, но, ако богослужбата започнат да ја доживуваат како некоја досадна обврска, веројатно дека ќе се побунат.
 Тешко е упорно да се настојува секојдневните утрени и вечерни молитви во семејството да бидат со определена временска должина. Возрастите на децата може да бидат различни, а исто така и нивните карактери и нивното расположение од ден на ден. Она што е најнеопходно, тоа е родителите ненематливо да даваат пример на редовна молитва како природен дел на денот, и тоа децата да ја согледаат користа која тие (родителите) од неа ја црпат. Родителите треба да се советуваат со својот духовник за секоје дете посебно, но исто така и да го поделат своето искуство со другите родители. Кога ќе научат да читаат, децата понекогаш порадо сами ги изговараат молитвите пред своите икони или на местото кај што се семејните икони. Исто така, децата често сакаат да учестуваат во читање, кога семејството е заедно на молитва. Нивниот духовник може да им даде некои упатства-дури и кратко правило, ако можат да го исполнуваат. Искреноста и редовноста на молитвата е поважна од нејзината должина. Подобро е правилото да е многу кусо (дури неколку минути),  детето може и самото да го продолжи времето на молитвата зависно од вдахновението.  Доколку детето стекне навика на барање на Божјиот благослов, потсетувањето на молитва не би требало да биде неопходно. Сигурно додевањето нема да помогне. Редовната молитва на претшколските деца треба да претствавува цел но, родителите не треба да се грижат ако тоа не се оствари токму секој ден. Она што може да се постигне е кратка молитва пред одење  на спиење, како и молитва пред и по јадење.
 Невозможно е да се даде општо правило за бројот на црковните богослужби на кои треба децата да присуствуваат. Секој случај изискува расудување и молитва, како и упатство на духовникот. Најважно е да се разбере дека родителите Христијани не би требало да се чувствуваат виновни доколку, поради своите деца, кои ја немаат истата духовна мера која тие ја имаат, бидат принудени да ја посетуваат црквата поретко отколку што би сакале. Поради ова не смееме да ги осудиме или навредиме своите деца, таквата состојба мораме да ја прифатиме како да е за нивно долговечно добро-за нивно спасение. Во многу случаи, родителите кои го прифатиле ова, се почувтвувале поблиску до Бог, почесто ја вкусиле Неговата благодат, наместо неколку пати седмично да го занемаруваат своето семејство за да присуствуваат на црковните богослужби, или кога премногу често ги воделе своите деца со себе на служба. Животот на нашите деца станува саможртвено смирение на  нас родителите и тоа смирение нам ќе ни донесе благодат Божја.  Има време за сѐ, кога нашите деца ќе се осамосталат, ќе има, ако Бог даде, повеќе време да посетуваме богослужби. 
 На богослужбите ние „самите себе и сиот наш живот на Христа Бога му го предаваме„.  Доколку не можеме да постиме, или да читаме или да одиме во црква, колку што би сакале, мораме да има на ум дека молитвениот живот кој го водиме мора да биде природен ,а не извештачен.  Кога живееме реалистично и потполно го посветуваме својот живот на Бог, ни се дава да го почувствуваме божественото назначение на таа положба во која се наоѓаме. Времето кое го одвојуваме (а мораме „да најдеме време”) за лична молитва, како и за читање на Светото Писмо, не смее да биде одземено од времето кое би требало да го поминеме со своето семејство.
 Сѐ што правиме, го правиме со цел стекнување на Духот Свет. Тоа значи дека го чиниме она што се сообразува со вољата Божја за нас во дадената ситуација. Доколку сме родители, токму ова свештена задача на нашето родителство ќе не освети колку и нашиот пост, личната молитва и читањето. Потребно ни е расудување за да можеме избегнувајќи ги крајностите, да ја пронајдеме вистинската мера на времето за лична молитва. Нашето семејство не може да биде изговор што никогаш не сме насамо со Бог, но исто така, ниту нашата потреба за осамување не би смеела да биде изговор за избегнување на семејните обврски.
 Децата кои патат од досада во храмот Божји, полесно го надминуваат тоа, доколку не се плашат да разговараат за тоа. Досадата може да се спомене и како искушение кои влијае и на возрасните. (Децата исто така би можеле да се охрабрат да Му кажат на Христа за своите проблеми и радости за време на службата, доколку не може да ја следи-дури да го исповеда на Христа своето  чувство на досада и да го моли Бога да му помогне да ја разбере службата. Кога „не можеме да се молиме”, тоа пред сѐ треба да Му го кажеме на Бог, затоа што тоа е знак за духовна болест). Малите деца можеби треба се изнесат надвор на некое време, или да им се даде нешто да гледаат или држат, или да им се објаснува што се случува, или да им се покаже нешто во црквата. Можеме да ги донесеме дамо на еден дел на службата, ако таа трае долго. Возрасните кои пеат, или читаат, или прислужуваат, или заедничарат во молитвеното собрание, мораат да водат сметка својот дел да го извршат на начин достоен на Бог, за да дејствува поттикнувачки на присутните, особено да не ги одбијат децата и останатите присутни кои не се приврзани членови на црквата.
 „А кој соблазни едно од овие мали, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина” (Мт. 18.6)

 

Од книгата: Васпитајте своје дете од сестра Магдалена

Подготви: М.Б.

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)

 

Друго:

 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 723
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…