логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 apostol.Timotej.jpg

ПСИХОЛОГИЈА НА РОПСТВОТО

Стојте така во слободата, со која Христос нè ослободи и не се подавајте пак под ропски јарем!

Галатјаните 5:1

Во овој дел од нашите огледи накратко ќе ги разгледаме можните психопатолошки последици од влијанието на два фактора врз човекот коишто, може да се каже, имаат различно потекло: советската идеологија и телевизијата. Овие два фактора ги обединува крајниот резултат на влијанието  формирање зависен, плашлив, неодговорен и, згора на сето тоа, агресивен човек.
Една од страшните последици од падот во грев е дисхармонијата меѓу компонентите на човековото естество, коишто некогаш се потчинувале на една заедничка смисла. Кај современиот човек, освен тоа, расте и внатрешната душевна дисхармонија. Сосема е очигледно дека е тоа резултат на влијанието на разурнувачките информациски технологии, а исто така и на целосното отсуство на духовната контрола над животот.68
Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, настојувајќи притоа да чувствуваат и да посакуваат на начин кој е сосема спротивен на нивниот ум и на нивните дела. И сето тоа кај нив се случува истовремено! Обидот за дијалог со таквите луѓе води до состојба на збунетост: кој стои пред тебе  еден човек или неколку луѓе со исто лице?

Во една црковна општина запознавме група постари жени верници коишто нашле меѓусебно разбирање врз основа на таквото раздвојување внатре во нив самите. Нив ги карактеризира крајно благочестиво однесување во храмот, комсомолско-доброволен ентузијазам за работење во парохијата, и деспотско-тирански манири во општењето со своите блиски и, воопшто, со сите оние коишто зависат од нив. Нивниот удел во реставрацијата на храмот е толку голем што сметаат дека е нивно право да раководат со животот во парохијата, менувајќи ги дури и свештениците според своите желби. Работите стасале до таму што кај свештениците служењето во тој храм оддалечен само пет километри од градот, се сметало за „казна“.

Феноменот „бабички“ е особено карактеристичен за нашето време, зашто претставува резултат на активностите на семожни организации на територијата на Русија, од типот „млади ленинисти“, на идните пионери и на „школите на комунизмот“  средини во кои било сосема нормално да се „уништи“ својот пријател кој не се согласувал со постапките на организацијата. Проникнувањето во личниот живот се сметало за нешто што се подразбира само по себе. Организациите коишто воспитувале неверници и фанатични борци за светла иднина исчезнале без трага по прославата на 1000 годишнината од покрстувањето на Русија. Но, нивните воспитаници нашле прибежиште во храмовите што се отворале ширум Русија, заменувајќи ги комсомолските значки со крстови, „моралните кодекси“ со Добротољубието, и преврзувајќи ги црвените марами од вратот  на главата.
„Најстрашното наследство на бољшевизмот не е во разурнувањето на храмовите и не е во прогонот на религиозните мислители и проповедници. Се случи замена на образот на светото, замена на идеалот на праведникот. Денес праведници и обрасци на живот не се веќе соборјаните на Лесков, туку борците-дисиденти... Од страна на А. Галич и В. Висоцкиј, Гинзбург и В. Осипов се усвоени нови еталони на праведници. Отсега, праведник е оној кој умее правилно да одговори на прашањето: „Ќе можеш ли да излезеш на плоштад во договореното време?“ Таквиот идеал е  чист и висок. Но, тој е поинаков, не е „светоруски“. А животот на Црквата денес веќе се оценува според тој критериум. Што правел патријархот во август 1991? А во октомври 1993? Како Црквата се приближувала, во фамозните „седумдесет години“, кон „зората на долгоочекуваниот ден“? Како смеел Солжењицин да молчи во деновите на пучот? Народната совест веќе не може тивко да молчи и да се кае во шумата, како што тоа го правеле преп. Сергеј или преп. Серафим. Таа мора да грми во весниците и на плоштадите“  огорчено пишува еден современ апологет.69
Не треба да се заборави на огромното влијание коешто врз луѓето го извршило седумдесетгодишното царство на безбожност. Последиците од тоа влијание врз умовите и врз душите ќе се чувствуваат и во третото и во четвртото поколение, израснато по падот на тоа „царство“.
Денес голем број луѓе, воспитани во комунистичките вредности и идеали, активно ги критикуваат таквите многубројни современи проблеми, какви што се неморалот, комерцијализацијата, цинизмот. Притоа, тие укажуваат на оние очигледни позитивни црти на луѓето што живееле во советското време, како што се ентузијазмот, пожртвуваноста, едноставноста и многу други.  Меѓутоа, не треба да се заборави дека социологијата му дава големо значење на искуството и на влијанието на претходните поколенија врз формирањето на современите гледишта. Следствено, во нашето време ги гледаме резултатите од долгото влијание на атеистичката идеологија врз умовите на нашите луѓе. А луѓето коишто живееле во предвечерието на советската власт и учествувале во победата над фашизмот, со своите корени допирале до предреволуционерното време и, макар и мошне слабо, сепак биле воспитани врз основите на христијанскиот морал.
Всушност, тоталитарната држава, создадена во 1917 година, ги соединила во себе, од една страна, идолизираниот систем на власта којашто владее со сферата на распределбата на добрата, со апаратот на насилството, и којашто целосно ја контролира идеологијата и, од друга страна, огромната армија прости луѓе со робовска психологија.
Психологијата на изнудено ропство е блиска на психологијата на невротична личност. Во двата случаја, во нејзина основа лежат стравовите коишто во голема мера ги произвел огромниот и силен државен апарат. Како што е познато, „робот се плаши од казна, од бесмислените барања на господарот, но најмногу од сè се плаши да не ја изгуби неговата милост“.70
За да ги одржува и да ги култивира стравовите во умовите на поединците и во општеството во целина, државниот апарат постојано ги заплашувал луѓето: со физичко насилство, преку психолошки притисоци, преку потчинувањето на волјата на партијата, а исто така и создавајќи и поддржувајќи слики за непријател  надворешен и внатрешен.
Напоредо со тоа, како што укажува И. А. Иљин, за стекнување активна, творечка вера, нужна е, меѓу другото, и надворешна слобода. „Слобода не значи да се прави сè што ќе се посака, при што другите луѓе не би имале право на никого да му ја попречуваат таквата слобода; слобода значи слобода на верата, на гледиштата и на убедувањата, во која другите луѓе не би имале право да упаѓаат со насилни директиви и забрани  со други зборови, слобода од недуховен и противдуховен притисок, принудување и забрана, од груба сила, заканување и казнување“.71
Може да се приговори: а што е со мачениците, коишто во услови на апсолутна неслобода и груб физички притисок, се декларирале како христијани? Но мачеништвото е натприроден, натсветовен акт, дар Божји. Човек не може да стане маченик, ако не е повикан за тоа. Не случајно во Блаженствата, коишто голем број богослови ги нарекуваат степени на (духовен) раст,72 мачеништвото се однесува на највисоките дострели на човековиот дух.
Човек кој стои на пристапните скалила на лествицата на блаженствата, и кој ќе се најде во услови на груба неслобода, може да му подлегне на стравот и да ја изгуби активната, преобразувачката вера во својата душа. Како последица на тоа, тој ќе ги пренесе тие комплекси и во парохискиот живот, демонстрирајќи зависен однос, конформизам, нездраво барање авторитети.
Во тие времиња целиот систем работел врз сознанието на човекот од самото негово раѓање, обидувајќи се да ги замени христијанските вредности со свои ставови, копирајќи ги, изопачено, по форма истите тие вредност. Како резултат на тоа, гледаме неколку поколенија луѓе коишто не умеат да бидат одговорни за својот живот, коишто не умеат да живеат во услови на слобода на избор, зашто државата обезбедувала и образование, и вработување, и лечела, ако е потребно, и укажувала како треба да се постапува во тешки ситуации.
Но, својата улога не ја одиграле само заплашувањата и надворешните присилувања. Прифаќањето на искривоколчени морални и социјални ориентири се покажало како уште посериозно. Понекогаш е полесно да се одолее на притисокот за директно одрекување од своите убедувања, одошто да се издржи долгата психолошка офанзива поради која човекот постепено ги губи вистинските вредности, незабележливо усвојувајќи ги спротивните. Не вели напразно народната мудрост: „Во Црквата има многу маченици, а малку преподобни“. Мотивирачкиот синџир на човековите постапки може да стане премногу зависен од тоталитарната државна контрола, од општественото мнение, од економските и од личните врски. Тогаш нема да постапуваме онака како што налага Евангелието, туку како што вели партијата, онака како што е „прифатено од луѓето“, како што му одговара на бизнисот или, пак, „да не ја навредиме тетка Мања“. А апостол Павле поинаку се однесувал спрема општественото мнение: „За мене сосема малку значи што мислите вие за мене, или што мислат другите луѓе“ (1 Коринтјаните 4:3). Може да се претпостави дека, имено, погоре наброените механизми ќе бидат искористени во времето на антихристот за приклонување на волјата на луѓето кон одрекување од Христа. И само спрема најцврстите ќе бидат применувани мерки на груб, по потреба и физички притисок.
При разгледувањето различни прашања на психологијата, меѓу кои и прашањата за неврозите, за типологијата на карактерите и за акцентуацијата, а исто така и за социолошките феномени во рамките на православниот пристап, отсекогаш нè интересирал проблемот на восприемањето на времето од страна на одделни личности или група луѓе. Порано веќе пишувавме за некои аспекти на психологијата и на философијата на времето.  Сега ќе кажеме нешто за различните поимања на времето во православното сознание и во комунистичката идеологија.
Православната Црква го учи човекот да го живее денешниот ден, и секој миг, секој час да го прима како дар Божји.73 Тоа, фактички, значи човекот да му забрани на умот да талка по времето, да го смири животот, самиот тој да се „смири“. Тоа значи човекот да биде задоволен со својата надворешна положба, а да се стреми кон подобрување на својата внатрешна состојба преку стекнување христијански добродетели.
Но, и покрај тоа, сознанието на советскиот човек наликувало на впрегнат коњ: „Морам да го завршам училиштето... Кога ќе се запишам на факултет... Еве, ќе се пензионирам...“ Светлото утре, неговата напнатост, невротичното исчекување станале своевидна карикатура на очекувањето на Царството Небесно, присутно кај христијаните. Но разликата на тие поими е мошне длабока. „Царството Божјо е во вас внатре“ (Лука 17:21)  вели Христос, а не во конкретен историски простор и време. Христијаните се повикани да не се грижат за утрешниот ден (Матеј 6:34). Не е одвишно да се споменат и зборовите на апостол Јаков: „Слушајте сега вие, кои велите: Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме, вие, кои не знаете што ќе стане утре: оти, што е вашиот живот? Тој е пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува. Наместо тоа, треба да велите: Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“ (Јаков 4:13-15).
Личности невротизирани на сличен начин, носат во себе противречни чувства: желба за општење, барање истомисленици, заштитници, но истовремено и страв од луѓе, скриено непријателство, страв од одговорност спрема самиот себе, а уште повеќе од одговорност спрема другите.
„Забрана и принудување, закана и страв можат кај човекот да предизвикаат само лицемерна „љубов“ и лицемерна „вера“; а тие принудни, привидни, неискрени пројавувања кријат во себе или директно лукавство, или, пак, исплашено, безживотно срце...“74 Денес во храмовите има многу такви луѓе. Оној што искрено бара исцелување, го добива. Другите продолжуваат да живеат со своите стравови, пренесувајќи ги во парохискиот живот и не менувајќи се внатрешно.
А сега неколку збора за улогата на телевизијата во животот на воцрковениот човек. Дури и површниот поглед на овој проблем овозможува да се констатира дека со човекот во современото општество не управува моралниот закон или љубовта, па дури ни фамозната здрава смисла, туку феномените коишто се однесуваат на психологијата на толпата, феномени како што се групна сугестија, висок авторитет на средствата за масовно информирање, „инстинктот на стадото“ (да се биде ист како и другите), барање харизматичен лидер, способен да ги реши сите проблеми. Телевизорот во таа игра на живеење ја исполнува улогата на шаманот на првобитното племе, способен да ги доведе своите соплеменици во состојба на транс, давајќи им соодветни упатства. Толпата, пак, самата бара состојби на транс .

Авторите преку лично искуство го почувствуваа хипнотичкото влијание на телевизијата. Ќе се согласите дека човек што чека пред кабинетот на некој висок функционер се наоѓа во состојба на висока концентрација, во мислите ги повторува сите проблеми на својата организација, финализирајќи го до детали изложувањето на прашањето. Православниот христијанин, згора на тоа, сета таа состојба ја пронижува со кратки молитви. Во чекалните, за разонода на посетителите, обично е вклучен телевизор. И човекот треба само за миг да го пренасочи вниманието и да се заинтересира за она што се прикажува на телевизорот, за да забележи како по неколку минути напнатоста наеднаш попушта, проблемот бледнее, свеста, макар и незабележливо, се замаглува, а молитвата сосема исчезнува.

Издвојувањето ендорфини, за кои говоревме погоре, е особено интензивно во променети состојби на свеста. „Некои автори, во врска со тоа, говорат за природна маѓепсаност на човек со изменети состојби на свеста, поради што тој научил произволно да ги повикува (халуциногени супстанци, алкохол, ритмички движења).“75 На тој начин, телевизијата има забележливо трансогено дејство, предизвикувајќи зголемена хипнотичност. Човекот влегува во „пријатни пасивни состојби“.76
Како основен психопатолошки фактор на телевизискиот транс може да се смета намалувањето на нивото на критичност во однос на она што се одвива на екранот. Ако човек, кој е цврсто уверен дека прељубодејството е тежок грев, спокојно гледа во телевизорот како неговиот симпатичен јунак флертува со некоја дама, одвлекувајќи ја во постела  следствено, тој го смета тоа за прифатлив модел на однесување, па макар што самиот никогаш и да не постапил според него. Но, со што го соблазнил своето око? (Матеј 6:22-23). Да не заборавиме и на тоа дека при гледањето телевизија ние го оптоваруваме паметењето со споредни, но не и наивни слики коишто неизоставно ќе испливаат од потсвеста во најодговорниот миг, најчесто за време на молитва. Резултат на тоа е губењето „чувство“ за грев, за неправда. Зарем не се случува премногу често, во мигови на духовен избор, од војници на духот да се претвораме во бедни дезертери?
Навиката да се гледа телевизија исто така влијае врз поимањето на времето, зашто почнуваме да живееме во ритмот на „часовите на екранот“, коишто се разликуваат од реалните и од внатрешните часови.
Навиката на христијанинот да гледа телевизија „ги ослабнува односите, скратувајќи ги, а понекогаш и сосема елиминирајќи ги нормалните можности за разговор, за општење“77, а од нас ќе додадеме: и за молитва.
 Ние несвесно ги преместуваме нашите блиски, роднини, сите луѓе што ги среќаваме  во еден виртуелен свет што се наоѓа зад стаклото на телевизорот, преземајќи ја по навика улогата на пасивен гледач. Тоа му противречи на идеалот на христијанинот, кој за сите треба да стане сè (1 Коринтјаните 9:22).
Познато е дека телехипнозата може да предизвика крајно негативни последици кај луѓе со скриени недостатоци на психата, предизвикувајќи изблици на гнев, агресија и сл.78 Но, и за „здрав“ човек тоа не минува без последици. Веќе стана тривијална вистина тврдењето дека зголемувањето на бројот на престапи поврзани со насилство, особено меѓу децата и младината, е директно поврзано со гледањето соодветни телевизиски и видеофилмови. Кај човек кој не е склон кон надворешно пројавување на агресивност, отапува чувството за туѓата болка и способноста за разбирањето на проблемите на своите ближни. Седејќи покрај малите екрани, стануваме бесчувствителни. Тука треба да се спомене и процесот на формирањето слика кај телевизиските гледачи за надворешниот свет како мошне опасен, исполнет со страв и насилство.
Врз снова на постојаната желба на некои луѓе да си создаваат тешкотии, а потоа успешно да ги надминуваат, лежи феноменот којшто Е. Берн го нарекол „жед за конфликти“79 Па, ако толку години те учеле да се бориш, да бараш, да се фатиш за нешто и да не го испушташ, тогаш е тешко да ја престроиш својата психологија, макар и да ти е јасно дека „перестројката треба да ја започнеш од себе“ . Навистина, во човекот се соединети нешта коишто се дијалектички спротивни , но единствени по суштина: „сериска“ крутост и тешка тромост на мислата, и експлозии на агресивна активност коишто се случуваат периодично. Терминот „сериско мислење“ го воведовме за да нагласиме уште еден силен фактор кој учествува во формирањето инвалиди на духовниот труд. Сакајќи да го зголемат бројот на сериите на своите сапунски опери, режисерите намерно ги развлекуваат дијалозите, правејќи ги неинформативни и еднообразни по смисла. Едвам забележлива животна ситница станува причина за долги дискусии на екранот. Описите на пројавено чувство или доживување одземаат 510 минути од екранското време. Тоа гледачот го навикнува на особен, опсесивен  вид мислење, за кое се карактеристични крутост, задржување на ситници, губење на реалноста, кога животот може долго време да се врти околу субјективни доживувања. Како резултат на сето тоа, цела армија љубители на серијали почнува да мисли како што тоа го прават акцентуираните личности.
На фонот на забавените мисловни процеси се собира некаква критична маса на негативна психичка енергија, којашто излегува на површината преку конфликт. Слаткоречива побожност, постојани разговори за „духовни“ работи, украсени со побожни фрази, и во исто време френетична агресивност, насочена на избрани жртви  тоа е жалната еклектика  на тие души.
Човековите претстави за Бог често се посилни од евангелскиот образ на Христос. Тоа води кон неправилен поглед на самиот себе и на другите и, на крајот од краиштата, попречува во напредувањето на патот кон спасението. Човекот, како што е познато, „е повикан да тргне по патот. Патот, пак, е можен само ако постои некакво растојание од појдовната точка до целта. За да тргнам на пат, јас треба да знам и да чувствувам дека тука и сега го немам и, во принцип, неможам да го имам тоа што ме очекува на друго место, и дека меѓу „тука“ и „таму“ се протега пат што морам да го изминам.“80 Мора јасно да се знае насоката на претстојниот пат. Пред да се тргне на кој било пат, потребно е да се има „резерва на тишина“ и цврста решеност да се надминат сите тешкотии.
И  „да потрчаме во покајание“!


 - Израз на св. Григориј Богослов.

-  Ова особено е воочливо на примерите на триесеттите години, на Големата татковинска војна и на повоениот крах.

-  Погледнете го поглавјето „Времето и вечноста“ во нашата книга „За небесното и за земното“.

-  Верувајте ни, нашите размислувања во врска со телевизијата не се израз на ТВ-фобија. Во врска со телевизијата признаваме одредени позитивни моменти. Кажаното неспорно е потврдено од психолошката наука. Во врска со тој проблем опширно пишува Л. Гримак.

-  Сакрална фраза од времето на перестројка на Горбачов.
  Го имаме предвид законот за единството и за спротивставеноста на противречностите.
  Односно, мислење коешто се задржува на второстепени детали.
  Еклектика  неограничено, чисто надворешно соединување на неспоиви нешта.

 

(Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издавач : Преминпортал

(Превел од руски: Михајловиќ С. Драган)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

apostol.Timotej.jpg

http://preminportal.com.mk/content/view/5879/54/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1251
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1575
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная