логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „НА ПАТ СО ВРЕМЕТО“ ОД ПЕТРЕ НАКОВСКИ ВО КУМАНОВО
 
17 април 2011 година, Куманово, Македонија (СМК) - Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Наше огниште“ од Куманово, а пред бројни почитувачи на пишаниот збор и на македонската голгота во Егејскиот дел на Македонија, минатата недела, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово се одржа промоција на романот „На пат со времето“ на амбасадорот Петре Наковски. Во романот, авторот ја опишува голготата на насилно прогонетите Македонци за време на Граѓанската војна во Грција во 1949 година, која лично ја доживеал. Промотор на романот беше претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
 
Петре Наковски е романсиер и преведувач. Роден е на 17 јули 1937 година во село Крчишта, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија. Педагошки ликеј завршил во Полска, а Филолошки факултет во Македонија. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а работел во Министерството за надворешни работи. Петре Наковски е прв амбасадор на Македонија како самостојна и суверена држава во Полска. Oд 1989 година член е на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на повеќе раскази објавени во македонската периодика, како и на романите: „Постела за чемерните“ издаден во 1985 година, „И каменот е земја“ издаден во 1988 година, „Големата удолница“ издаден во 2003 година, „Големата измама“ издаден во 2007 година и романот „На пат во времето“. Значаен е неговиот докторски труд „Македонските деца во Полска 1948-1968 година“ објавен во 1985 година и секако капиталниот труд за насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Полска од 1948 до 1975 година како заедничко издание на државните архиви на Македонија и Полска, на македонски и полски јазик, со избор на 227 документи од приватната архива на авторот, збирката документи „Македонските бегалци во Полска 1948-1975 година“ објавен 2008 година.
 
Од полски на македонски има преведено и објавено 40 литературни дела и поголем број на песни и раскази од македонски автори, како и драмата „Црнила“ на Коле Чашуле. Добитник е на наградите „Златно перо“ и „Кирил Пејчивиќ“ за преведувачки опус, наградата на полските автори, а одликуван е со Златен медал за заслуги за полската култура и Златен орден на командоријата во Полска.
 
На промоцијата на романот „На пат со времето“, генералниот секретар на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН Александар Ѓорѓиев го претстави Сојузот МАКЕДОН, неговата организација, цели и задачи, печатеното гласило на Сојузот МАКЕДОН „Глас на Егејците“ и електронското издание на интернет страницата www.makedonmagazin.mk.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 218
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 667
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 873
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »