логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Индекс на артикл

 
ПОРТРЕТОТ НА СЛИКАТА од СОФИЈА ГРАНДАКОВСКА
(Галикул, 2010)
 

 
korica_portretot_na_slikata.jpg „Портретот на сликата (книжевна и визуелна семиотика)“ од Софија Грандаковска е најновото издание на издавачката куќа „Галикул“, во рамките на едицијата: теорија. Како што истакнува проф. Елизабета Димитрова во својата рецензија, авторката Софија Грандаковска во „Портретот на сликата“ обединува дванаесет истражувања на различни, но меѓусебно блиски теми, поврзани со интерпретацијата на книжевните феномени, со формите на ликовната изразност, со процесот на креативната манифестација на индивидуата во сферите на канонски зададените референци, со духовната екпресија на книжевните и визуелните творечки модели од средновековната и од современата епоха и со социо-културолошкото значење на сакралната уметничка практика за разбирањето на македонската ризница на културно наследство. Припаѓајќи на сферата на интердисциплинарните културолошки студии и третирајќи различни и провокативни аспекти во истражувањето на книжевните дела и рефлексијата на нивните структурални референци во разновидните сфери на визуелното творештво, дванаесетте есеја претставуваат живописен и возбудлив придонес кон развојот на семиотичките методи во проучувањето на уметничката креација. Воедно, тие претставуваат автентично и несекојдневно патешествие низ раскошните хоризонти на културната стратиграфија на Македонија, напластена низ вековите на творечкиот непрегор и огреана од жарот на богословите, поетите, фрескописците и иконописните мајстори.

Во „Портретот на сликата“ од Софија Грандаковска се поместени следниве дванаесет студии: „Слика, текст или говор“, „Визуелната семиотика на расказот: фрескосказ“, „Умножена книжевна приказна: библиски текст, нерешки мајстор, италијанска ренесанса и македонска современа поезија“, „Mеморија и молитва“, „Библиските мотиви во македонската книжевност“, „Анонимното творештво во движниот археолошки материјал на територијата на Македонија“, „Карневалот во Струмица и неговата семиотика на универзалност“, „Народниот вез како глобален семиотички знак“, „Триптих: Нови сознанија за историскиот континуитет и идентитет на женското монаштво во Македонија (XIV-XVIII век)“, „Свештенството на жената – именител на духовното мајчинство“, „Митокритичко читање на визуелниот имагинарен симболизам на Владимир Георгиевски“ и „Муњоз и Сампајо. Стрип. Кортасар“. (Единство омаѓосано од сопствената доволност)

sofija_grandakovska.jpgСофија Грандаковска, доктор по општа и компаративна книжевност, се занимава со интердисциплинарни истражувања во областа на компаративната книжевност, византиските студии и визуелната семиотика. Таа е автор на научната книга „Говорот на молитвата“ (Премин, 2008), на двете поетски книги „Осмиот ден“ (The Eighth Day (Ikona, 2005) и „Препечено сонце“ (The Burning Sun (Templum, 2009), и ко-приредувач на book-zine изданието ДОМА (HOME, Kino oko, 2010). Д-р Грандаковска работи како асистент професор во Инстиутот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, каде предава современи теории на културата.
 
 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 110
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 254
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 376
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »