логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Октомври е месецот во знак на книгата. Најзначајниот светски настан во областа на издаваштвото и литературата – Саемот на книга и годинава од 11 до 15 октомври повторно на едно место ќе ги спои издавачите, авторите и љубителите на книгата, а меѓу земјите-учесници е и Македонија. Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а е финансиски поддржано од Министерството за култура на РМ.

Малите јазици на големата литературна сцена

Македонскиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници, каде што, под мотото „Магијата на македонската литература“, на посетителите во Франкфурт ќе им бидат претставени 400 наслови од над 250 македонски автори, наградувани и преведувани, а меѓу изложените книги ќе бидат и 70 наслови од македонски автори преведени на европски јазици, како резултат на поддршката на Министерството за култура на РМ преку фондот за преводи.

Предвидени се повеќе промотивни настани. Главниот настан е во сабота на 14.10. во 12 часот. Во саемската промотивна сала, во рамките на Македонскиот ден, ќе се одржи дебата на тема: „Преку границите: Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност на ’малите јазици’“. За напорите на издавачките компании и авторите во освојување на меѓународната книжевна сцена ќе говорат еден од најпреведуваните македонски автори и добитник на повеќе награди, меѓу кои и Европската награда за литература во 2013 година, Лидија Димковска, потоа Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Темпи иреголари“ (Tempi Irregolari), Рената Замида од Словенечката агенција за книга, Гвантса Јобава, потпретседател на Здружението на грузиските издавачи и координатор на проектот „Грузија – земја гостин на франкфуртскиот саем во 2018 година“, како и претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Целта на овој настан е да се споделат искуствата околу предизвиците за успешна меѓународна промоција на дела и автори од помали земји што не се толку познати на светската сцена.

На настанот ќе бидат поканети издавачки куќи, литературни агенти и професионалци кои учествуваат на саемот, а ќе бидат присутни и претставници од Министерството за култура на РМ.

Во рамките на придружните активности предвидени се повеќе настани на самиот штанд, меѓу кои промоција на детската македонска литература, како и интернационалната промоција на младата авторка Јана Мишо и нејзините два романи на англиски јазик – „Almost Parisian“ и „Anais from Monmartre“, претставување на делата на Дејан Дуковски и на Сашо Димоски, а ќе бидат промовирани и креативните интерактивни планери „ПланУМ“ и „Планум Приказна“.

Франкфурт е најзначајниот светски настан од областа на издаваштвото и литературата, каде што издавачи од цел свет се во трка по нови автори и овој саем е вистинското место за деловни средби и соработка меѓу македонските и интернационалните издавачки куќи со цел презентација на македонската литература. Досегашното искуство на македонските издавачи е позитивно и резултира во голем број договори за соработка, а тие очекуваат овој позитивен тренд да продолжи.

Франција – земја почесен гостин

Под мотото „Francfort en français“ или „Франкфурт на француски“, Франција ќе се претстави како земја почесен гостин. Во фокусот на нивната презентација е францускиот јазик, што го зборуваат 247 милиони луѓе на пет континенти. Над 180 француски автори ќе ги промовираат своите дела на над 300 настани на разни саемски локации.

Саемот официјално ќе го отворат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. „Присуството на Меркел и Макрон треба да ја симболизира поврзаноста на Франција и Германија и нивната посветеност за силна и обединета Европа“, вели Јирген Бос, директор на Саемот за книга.

Франкфуртскиот саем на книгата се смета за најголем и најпосетен во светот. Тој е вистинското место за средба на експертите од оваа бранша, најголем пазар за книги, преговори за права и лиценци, каде што се разменуваат искуства, се склучуваат договори, место каде што секоја година, без разлика дали се работи за издавачи, автори, книжари, агенти, сите тие се заедно во Франкфурт во октомври и ги креираат новите трендови.

Инаку, Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со 7.300 излагачи од повеќе од 100 земји, околу 275.000 посетители, има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.400 блогери.

 

Извор: https://blog.literatura.mk/2017/10/06/%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b0-%d0%b2%d0%be/



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 266
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 200
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 307
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »