логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Не може Македонците да не бидат Македонци


Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство, вели свештеникот Димитрија од с. Огут во Кривопаланечко, во еден запис од 1865 г.


- Словенското писмо го научив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф свештеникот, а неговиот дедо Стоиман свештеник. И јас прекарот си го зедов Маќедонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме Словени од Македонија.

Ова е дел од "записите" на кривопаланечкиот учител Ѓорѓија Маќедонски од 1846 г., објавен во текстот на академик Блаже Ристовски. Тој објаснува дека многу подецидно е сведоштвото на свештеникот Димитрија од с. Огут во Кривопаланечко.

- Во еден запис од 1865 г., вели дека 12 години пастирувал во родното село и потоа "на 1848 лето Господово првенците на градот Крива Паланка ме главија за свештеник, против волјата на Неговото Високопреосвештенство грчкиот Кир Гаврил. За моето назначување најмногу се заложи г-н Михаил Маќедонски, зашто сум родум Маќедонец и службата си ја терам по словенски. Од Бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство. Ние сме имале наши словенски учители и просветители Кирил и Методија, кои ни го оставија нашето словенско писмо. Тие се родум Македонци од Солун, славната престолнина на Македонија. Тоа не ни го признава владиката Грк, па затоа ние не го сакаме да пастирува, туку си имаме наш архипастир Словен, во веки веков", пренесува академик Ристовски.

Во своето видување на развојот на македонската национална мисла, Ристовски пишува и за отворањето на Световното училиште на Јордан Хаџи Константинов-Џинот (во 1837 г.), и за сведоштвата на учителот Јован Нешковиќ, кој во 1846 г., напишал дека Велес почнал "да се буди од длабочината на сонот", дека е веќе посеано "она божествено чувство за просвета и наука што толку векови не било во Македонија, на чијшто пат му стоеше грчкото свештенство". Велешаните го игнорирале и барањето на грчкиот владика "во училиштето во Велес да се учи на грчки јазик, а не на македонски".

Уште едно сведоштво доаѓа од прилепчанецот Тоде Кусев во 1867 г., кој пишува дека Грците секојпат воделе борба за погрчување на Македонците, уништувајќи ја и Охридската архиепископија - "Искрата на нашата иднина. Но, колку и да се мачеа да не сопрат да одиме напред, не можеа да го искоренат сосем чувството Македонците да не бидат Македонци". Кусев јасно кажува: "Не само во Охрид, денеска се будат и ги бараат своите права и од цела Македонија. Сите гледаат да си отвораат училишта, да се воведе служба во црквите на старословенски јазик, да не ги оставаат училиштата и народните работи во рацете на еден-двајца што дошле од друго место... Насекаде почнуваат да се воведуваат трговски книги не на грчки, туку на мајчин јазик".

Во следните броеви ВЕЧЕР ексклузивно ќе пренесува делови од гласникот на Македонските духовни конаци, "Портал", посветени на македонскиот јазик.


Дејан ТРАЈКОСКИ- Вечер



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 06, 2020
3.angeli.so.truba

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид), се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на…
Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 628
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 683
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 741
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »