логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 21 февруари (МИА) - Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Јазиците претставуваат суштина за идентитетот на групи и поединци, но и за нивниот мирен соживот. Тие се стратешки фактор за напредокот кон оддржлив развој и претставуваат хармонична поврзаност меѓу глобалното и локалното, вели генералниот директор на УНЕСКО Коичиро Мацура во пораката по повод 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

- Јазиците се многу повеќе од поле за истражување на специјалистите, тие се срцето на целиот социјален, економски и културен живот. Токму тоа е и значењето на слоганот на УНЕСКО за Меѓународната година на јазиците: „Јазиците се важни!“, укажува Мацура.

Деветтото прославување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 21-ви февруари, истакнува првиот човек на УНЕСКО, е од посебно значење оваа 2008-ма година, токму поради фактот што е прогласена за Меѓународна година на јазиците од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

- Јазиците навистина се важни за постигнување на шесте цели на Образование за сите, како и за Милениумските цели за развој за кои Обединетите нации се договорија во 2000-та. Тие се важни кога станува збор за промовирање на културната разновидност, како и во борбата против неписменоста и во квалитетното образование кое вклучува предавања за мајчиниот јазик во почетните години на школувањето. Тие се важни во борбата за подобро социјално вклучување, за креативноста, за економскиот развој и за зачувување на знаењата на сопствените претци, истакнува Мацура.

Тој апелира да се почитува важноста на јазичната разновидност и на повеќејазичност, особено во системот на образованието, во администрацијата и судството, во културниот израз, како и во медиумите, во интернет-комуникацијата, во трговијата.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите" јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

Јазиците се силен инструмент за зачувување и развивање на културното наследство. Движењата за промоција и ширење на мајчиниот јазик не се само охрабрување на лингвистичката разноликост и милтилингвалното образование, туку и поттик за развивање на свеста за линвистичките и културни традиции во светот кои ги зацврстуваат разбирањето, толеранцијата и дијалогот.

Токму 2008-ма Владата на Република Македонија ја прогласи за година на македонскиот јазик. Акцијата минатата недела ја објави премиерот Никола Груевски.

- Убеден сум дека со успешната имплементација на овој проект, ќе успееме да ја подобриме употребата на македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо во јавната комуникација во Република Македонија, ќе придонесеме за популаризација на македонскиот јазик во Европа и во светот, ќе поттикнеме интерес кај светската и европската јавност за негово изучување, за запознавање со неговото место и посебност во рамките на словенското јазично семејство, но и за грижата на изучување на македонскиот јазик кај нашите сонародници во дијаспората, истакна Груевски во својот проглас.

Пред две недели, пак, Владата ја промовираше и иницијативата за објавување 130 тома македонска литература. На 30.000 страници ќе бидат претставени сто македонски писатели и делови од творештвото на уште двесте автори од Македонија, вклучувајќи ги и писателите од националните заедници.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста. хс/паг/9:20



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 522
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 592
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 546
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Наместо смирено да Му се заблагодари на Оној, од Кого е секое добро и секој совршен дар; наместо да Му благодари на Бога што му дал можност да ги изврши...

г. Јосиф, митрополит Тетовско - гостиварски: Темели за нов почеток

г. Јосиф, митрополит Тетовско - гостиварски: Темели за нов почеток

Сигурен сум дека со полагањето на камен-темелникот за изградба на овој конак на местото на стариот руиниран објект, како и  со веќе започнати проекти за обнова на стариот конак и...

« »