логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Археологот Дончо Наумовски во Шпанија го презентирал начинот на кој се реконструирани куќите од првото неолитско село

 

Реконструкцијата на куќите во неолитско село Тумба Маџари во Скопје, кое минатата година под уставно име беше примено во меѓународната организација на археолошки музеи под отворено небо и експериментална археологија ЕХАРК – (EHARC), неодамна беше претставенa и на симпозиум во Каласел, Шпанија. Се' уште невработениот археолог Дончо Наумовски, кој е дел од тимот што го истражува и го презентира неолитското село, во таа пригода осознал низа новини поврзани со начините на реконструкција на објектите на археолошките локалитети во повеќе земји во странство и ја надополнил својата слика за нивото на кое денеска тие се презентираат. „На симпозиумот учествуваа претставници од Франција, Италија, Австрија, Германија, Шведска, Англија, Шкотска, Велс, САД, Полска и др. Германиците, на пример, презентираа искуство од својот локалитет Ксантен каде што реконструирале амфитеатар што таму го откриле според свои пресметки, без можност да ги пронајдат и потребните податоци за неговата височина, за бројот на некогашните седишта. Вложиле 20 милиони евра кои за 20 години и ги вратиле од туристичките посети“, посочи Наумовски.

Тој бил пријатно изненаден и од различните презентирани искуства за работа со деца од школска и претшколска возраст на локалитетите, од начините на кои се организираат работилници под отворено небо во кои децата добиваат можност да изработат и предмети од периодот од кој датира локалитетот.„Децата откриваат и предмети што претходно им ги закопуваат во земја за да можат на поавтентичен начин да ги доживеат археолошките ископувања. Имав можност да видам како се изработуваат и еднодневни програми преку кои историјата се доловува на повпечатлив начин од усното раскажување. Децата ги облекуваат и во средновековни костими, им даваат да гаѓаат со стрели, ги носат во средновековни ковачници. На еден локалитет во близина на Барселона, не пречекаа и презентери со иберски шлемови на главата, а за жал, кај нас сеуште на локалитетите презентацијата се сведува на раскажување и покажување. Она што го видов ми дава желба да продолжиме на Тумба Маџари да ја реализираме започнатата идеја за работилници за посетителите за да ги вклучиме и нив на одреден начин во презентацијата неолитските вредности“ Наумовски потенцираше дека за прв пат во Шпанија имал можност со помош на ајпод и ГПС, на одреден локалитет што изгледа како обична земјена површина, да види откриени објекти, цела населба. „Како да гледав филм“, рече и напомена дека средствата што за таквата услуга се плаќаат одат на сметка на авторите на апликацијата.

При презентацијата на реконструкцијата на неолитските куќи од Тумба Маџари, рече дека најмногу од прашањата што му ги упатувале другите учесници биле поврзани со етнолошките елементи и жртвениците што и се изложени во дел од нив.

„Претставници од Италија каде што исто така има неолитско село, ни се пожалија дека куќите почнале да им се распаѓаат, а ние им посочивме дека немаме таков проблем, бидејќи сеуште имаме практични искуства со куќи направени со лепеж од кал. И дел од шталите и амбарите во Македонија до 70-тите години на минатиот век се правеле на тој начин, со плетење на дрво и ставање на кал измеѓу. А тоа е дел од експерименталната археологија, но при градењето на куќите на Тумба Маџари се користени и некои модерни елементи. Не е се апсолутно неолитско, бидејќи немаме финансиски средства за таков вид на одржување“.

А деновиве кога ние го посетивме неолитското село отворено во 2008 година, ги сретнавме и учениците од средното скопско училиште „Арсениј Јовков“. Тоа беше една од ретките посети на скопските училишта годинава, а археологот Драгиша Здравковски, кој долги години работи на просторот, очекува нивниот број да се зголеми со оглед на неодамна донесената одлука за таков вид практична едукација од страна на градоначалникот на Град Скопје и на одлуката за задолжителна, 30-дневна практична настава на универзитетите, донесена од Министерството за наука и образование. „Ние сме отворени за соработка со нив. Тука можат да научат како функционираат музеите што низ пракса најдобро се учи. Студентите по археологија нормално постојано доаѓаат, имаше и една група од Природно-математичкиот факултет и толку. Можеби доаѓаат поединечно“.

Се' уште интерес за вложување во развој на овој локалитет кој неодамна доби и ноќно осветлување, вели тој, не покажале домашните бизнисмени. „Културното ниво не им е на такво ниво за да очекуваме да бидат донатори. Ги има во земјава, но се многу малку“. Тој потенцира дека неолитското село го посетуваат повеќе училиштата од другите градови а помалку од Скопје, но и дека посетата од туристичките агенции од земјава е исто така инцидентна, не организирана како што и би требало со оглед дека станува збор за првото неолитско село, музеј на отворено во земјава. При влегувањето во него се' уште не се наплаќаат билети, а се претпоставува дека досега го виделе околу 10 -15 илјади луѓе. Се' уште таму нема продавница за сувенири што се планира да биде отворена годинава, а се направени пет неолитски куќи и неколку придружни објекти: портирница, музејска продавница, натстрешница, пчеларник и др. Петтата најголемата куќа е планирано да биде училница со клупи и телевизор.

Во неа на посетителите ќе им бидат презентирани низа содржини поврзани со локалитетот, а ќе можат да се одржуваат и собири. Општината Гази Баба за 8 мај најавила одржување и на прва промоција на книга во селото.

Потребно е, според Драгиша Здравковски што поскоро да се работи и на решавање на статусот за постојано вработување на дел од луѓето кои таму работат, а и да се посвети поголемо внимание на поставувањето на ознаките кои посетителите ги водат до неолитското село. Археолозите годинава добиле 700 илјади денари од Министерството за култура, кои, вели Здравковски, најверојатно ќе бидат потрошени за одржување, опремување на музејот, за одржување и на локалитетот, но нема да има средства за археолошки истражувања.

 Катерина Богоева - Утрински весник

 http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A7110B7C3FCD947A3B6824C737F645A

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…
Септември 22, 2020
3.angeli.so.truba

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се соочи човештвото. Радува фактот дека и покрај ограничувањата поради пандемијата, фестивалот се одржува по петти пат. Целите на фестивалот, зачувувањето на моралните…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 190
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 707
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Апр 29, 2020 Литература 713
3.angeli.so.truba
Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

« »