логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Реставрирани фасади од амбиенталната стара градска архитектура во Крушево
Петок, 02 Ноември 2012 11:19

01_Krusevo_-_320

Министерката за култура во присуство на директорот на НУ Историски музеј Крушево Зоран Богески и директорката на Прилепскиот музеј Гордана Данилоска-Спироска престојуваше во работна посета на Крушево

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска престојуваше во работна посета на Крушево и посети два објекта кои се дел од проектот за реставрација на стара градска архитектура - крушевска куќа од 19 век (на ул. „Партизанска“ бр. 38) и Музејот на Илинденското востание. За реставрацијата на фасадата на крушевската куќа Министерството одвои 2,5 милиони денари, а проектот го спроведе Завод и музеј Прилеп.

 

02_Krusevo-320- Задоволство ми е што можев да ја посетам реставрираната куќа во Крушево и семејството кое живее во неа. Посебно задоволство е што се среќни и сопствениците зашто им е обновен домот. Ова е значајно и за сите кои живеаат во централното подрачје на Крушево со автентични градби. Собранието донесе Закон за заштита на старото градско јадро на Крушево со оглед на големото културно наследство. Проектот за конзервација на фасадите на старите амбиентални куќи го промовираме од Крушево, а до крајот на годинава ќе продолжиме и во уште четири града - изјави Канческа-Милевска.

 

Целосна конзервација и реставрација на фасадата  и на покривот на Музејот на Илинденското востание, односно куќата каде е прогласена Крушевската република беше вториот  проект во Крушево кој го промовираше министерката за култура.

 

08_Krusevo-640

 

- Работите беа обемни за заштита на еден од најзначајните споменици на културата - Музејот на Илинденското востание каде се чуваат највредните документи за градот, за подготовките и текот на Илинденското востание, материјалите за прогласувањето на Крушевската Република, Манифестот, мапите, оружјето од тоа време, носиите униформите. Во оваа фаза, за покривот се одвоени 500.000 денари. В година ќе биде следната фаза, обнова на музејската поставка - изјави Канческа-Милевска. Обновената поставка ќе содржи и документи кои првпат ќе бидат покажани во јавност.

 

010_Krusevo

 

Проектот за фасадите на амбиенталните македонски куќи е обемен и опфаќа обнова на 250 амбиентални куќи во 15 општини  до 2015 година, во: Скопје, Кичево, Битола, Вевчани, Струга, Охрид, Прилеп, Штип, Свети Николе, Струмица, Дојран, Гевгелија, Гостивар, Куманово Кратово и Крушево.




Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…
Септември 22, 2020
3.angeli.so.truba

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се соочи човештвото. Радува фактот дека и покрај ограничувањата поради пандемијата, фестивалот се одржува по петти пат. Целите на фестивалот, зачувувањето на моралните…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 190
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 706
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Апр 29, 2020 Литература 713
3.angeli.so.truba
Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташко однесување во Црквата (17.10.2020)

 Богочовекот Исус Христос е единствената Глава на Црквата. Епископот на локалната Црква е икона Христова, седи на место Христово и претставува обличје Негово. Тој не е Самиот Христос, туку е...

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури...

  Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Јане Илиев: СЕДУМНАЕСЕТТА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

 Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски: БЕСЕДА

 Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните...

Митрополит Струмички Наум:  За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За судењето и осудувањето на другите (03.10.2020)

Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и...

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

СВЕТА СОФИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ЌЕРКИ,МАЧЕНИЧКИТЕ ВЕРА, НАДЕЖ И ЉУБОВ

Откако сите четири бестрашни маченички биле изведени пред царот, смирено и одлучно ја исповедале верата во Христа Господа и одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

« »