логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Што е погрешно во мозокот на тинејџерите?

Децата денес влегуваат во пубертет порано и созреваат подоцна. Резултатот е: многу чудно тинејџерско однесување. Алисон Гопник пишува како може да ја поправиме адолесценцијата

Волстрит Џурнал - Њујорк

31 јануари 2012

„Шти ли си мисли тој?“, ова е вообичаен плач на избезумените родители кои се обидуваат да сфатат зошто нивните деца-тинејџери се однесуваат онака како што делуваат.

И зошто се случува момче, на кое му се разумно објаснети причините зошто никогаш да не пие и да вози, да заврши во пијана сообраќајка? Зошто девојката која знае се за контрола на раѓање, ќе забремени со момче кое дури и не и се допаѓа? Што се случува со надарено интелигентно дете кое без никакви проблеми минало низ средното училиште, но потоа се откажало од факултет, влечкајќи се од работа до работа, и сега живее во подрумот кај неговите родители?

Адолесценцијата отсекогаш била проблематична, но од причини кои се сега некако мистеризони, пубертетот сега чука на се порана возраст. Најновите теории укажуваат на промени во енергетскиот баланс, затоа што децата јадат повеќе и помалку се движат.

Истовремено, прво со индустриската револуција, а подоцна и подраматично со информатичката револуција, децата доаѓаат до прифаќање на улогата на возрасни се подоцна и подоцна. Пред петстотини години, Шекспир знаеше дека емитивно интензивираната комбинација на тинејџерска сексуалност и ризиците предизвикани од односите, може да биде трагична - доказ за ова е приказната за Ромео и Јулија. Но од друга страна, ако не и заради судбината, 13-годишната Јулија можеше и да стане жена и мајка за една или две години.

Нашите „јулии“ (затоа што родителите копнеат по внучиња и ќе го признаат тоа со воздишка) треба да ја искусат силата на љубовта до 20-тата година, пред да се скрасат во мајчинство. А нашите „ромеовци“ можеби се романтични чудаци под влијание на кралицата Меб, пред да пораснат и матурираат на училиште.

Што се случува кога децата ќе го достигнат пубертетот порано и ќе созреат подоцна? Одговорот е: справување со чудното тинејџерско однесување. За среќа, психолозите за развој и невронаучнците почнуваат да ја објаснуваат основата на таа „чудност“.

Круцијалната нова идеја е дека постојат два различни неуро и психолошки системи, кои делуваат взаемно во претворањето на децата во возрасни. Во изминатите два века, и уште поочигледно во текот на изминатата генерација, развојниот тајминг на овие два системи се смени. Тоа за возврат длабоко ја промени адолесценцијата и создаде нови видови на адолесцентски „чуда“. Големото прашање за секој оној кој се справува со младите луѓе денес е како да направиме овој хаос во мозокот на тинејџерите пак да го синхронизираме.

Првиот од овие системи има врска со емоциите и мотивацијата. Тоа е блиско поврзано со биолошките и хемиските промени во пубертетот, и ги вклучува сите области од мозокот кои одговараат на наградувањето. Ова е системот кој ги претвора невините 10-годишници во немирни, динамични, емоционално интензивни тинејџери, очајни да ја остварат секоја цел, да ја исполнат секоја желба и да го доживеат секое искуство. Подоцна, тоа ги претвора во релативно помирни возрасни.

Неодамнешните истражувања на неуронаучниците од лабораториуте Б.Џ. Кејси на универзитетот Корнел, откриваат дека адолесцентите не се немирни затоа што го потценуваат ризикот, туку затоа што ги преценуваат наградувањата - или со поголемо задоволство ги прифаќаат наградите позадоволно отколку што го прават тоа возрасните. Центрите за наградување во мозокот на адолесцентите се поактивни отколку кај децата или кај возрасните. Земете го во предвид неспоредливиот интензитет на првата љубов, или пак шансата за слава која никогаш нема да се повтори од средношколскиот баскет шампионат.

Она што тинејџерите најмногу го сакаат се социјалните награди, посебно почитта од нивните врсници. Во една неодамнешна студија која ја спроведе развојнот психолог Лоренс Стејберг од универзитетот Темпл, тинејџерите зведувале симулирани ризични задачи со возење додека биле поврзани со МРИ машина за снимање на мозочните активности. Системот за наградувања светел посилно кога тие си замислувале дека друг тинејџер го гледа тоа што тие го прават - и затоа повеќе ризикуваат.

Од еволуциска гледна точка, сето ова има смисла. Една од најистакнатите еволуциски придобивки на човекот е нашето невообичаено долго, заштитено (безбедно) детство. Децата на човекот зависат од возрасните многу повеќе отколку кај било кој друг примат. Овој долг заштитнички период исто ни озвоможува да научиме многу повеќе отколку било кое друго животно. Но, наскоро ќе треба да го напуштиме безбедниот меур од семеен живот, да го земеме со нас сето она што сме го научиле како деца, и да го примениме во реалниот свет на возрасните.

Да се стане возрасен значи да се остави зад себе светот на вашите родители и да се започне со вашиот пат кон иднината, кој ќе го споделите со вашите врсници. Пубертетот не само што ги вклучува мотивациските и емоционалните системи со нова сила, туку исто така и го одвраќа од семејството и го води кон светот на еднаквостите.

Вториот круцијален систем во нашиот мозок има врска со контролата: тоа ја канализира и усмерува сета движечка енергија. Или поедноставно, префронталниот кортекс започнува да ги води нашите други делови од мозокот, вклучувајќи ги и деловите кои управуваат со мотивацијата и со емоциите. Ова е систем кој инхибира импулси и управува со одлуките, кои поттикнуваат долгорочни планирања и го одложуваат наградувањето.

Овој контролен систем зависи најмногу од учењето. Тој станува се поефективен во детството и продолжува да се развива за време на адолесценцијата и зрелоста, како што се стекнуваме со се повеќе искуство. Ви доаѓа да донесувате се подобри одлуки по претходно и не така добрите одлуки, и потоа да ги исправате. Стремите да станете добар планер со правењето планови, да ги имплементирате, и повторно и повторно да ги согледувате резултатите. Еспертизата доаѓа со искуството. Како што кажува старата шега, одговорот на туристот кој прашува „Како да стигне до Карнеги хол?“, е „Со вежбање, вежбање, вежбање“.

Во минатото (но и не толку далечното минато), овие системи на мотивација и контрола биле воглавно синхронизирани. Во ловџиските и фармерските општества, образованието на децата вклучувало формално и неформално стажирање. Децата имале многу шанси да ги вежбаат вештините кои им требале да ги завршат нивните обврски како возрасни, и така да станат експерти планери и актери. Психологот на културата Барбара Рогоф, го проучувала овој вид на неформално образование во индијанска заедница во Гватемала, каде таа открила дека стажирањето дури и на помалите деца им овозможува да станат свесни за тешки и опасни задачи, како што е употребата на мачета.

Во минатото, да станете добар ловец, готвач или одгледувач на деца, требало да вежбате ловење, готвење и чување на деца за време на средното детство или во раната адолесценција - прилагодувајќи се однапред за она што ви требало како возрасен. Но тоа би го правеле под надзор на возрасни експерти и во заштитениот свет на детството, каде влијанието на вашите неизбежни грешки ќе биде грубо. Кога ќе пристигнел мотивацискиот сок на пубертетот, веќе сте биле подготвени да тргнете по вистинското наградување во надворешнио свет, со нов интензитет и возбуда, но исто така сте биле и обучени да го правите тоа ефективно и разумно безбедно.

Во современиот живот, односот помеѓу овие два системи драматично се смени. Денес пубертетот доаѓа порано, а и мотивацискиот систем порано надоаѓа.

Истовремено, современите деца имаат многу малку искуство со оној вид на задачи кои треба да ги изведуваат како возрасни. Децата имаат се помалку шасни да вежбаат, дури и основни вештини како што се готвење и грижа. Современите адолесценти и проадолесцентите, често не прават скоро ништо, освен да одат на училиште. Дури и разнесувањето весници и чувањето деца се повеќе изчезнуваат.

Искуството во обидите да се пстигнат реални цели во реално време во реален свет, се повеќе се одложува, и растот на контролнот систем зависи само од тие искуства. Педијатарот и развојниот психолог Роналд Дал од Беркли на универзитетот во Калифрнија, има добра метафора за резултатите: денешните адолесценти развиваат забрзување многу пред да научат за управуваат и да кочат.

Ова не значи дека денес адолесцентите се поглупави отколку претходно. На многу начини, тие се помудри (поумни). Дури и подолгиот период на незрелост и зависност - детството кое продолжува и за време на факултет - значи дека младите луѓе можат повеќе од претходно да учат. Ова е силен доказ дека коефициентот на интелигенција (ИЉ) драматично се зголемил додека децата минуваат повеќе време на училиште, па дури постојат и докази дека зголемениот ИЉ е во врска со одложениот фронтален развој на лобањата.

Сето тоа образование значи дека децата знаат повеќе за поразлични нешта, отколку што го знаеле тоа за време на стажирањето. Да се стане вистински експерт за готвење, не значи дека треба да се знае за природата на топлината или за хемискиот состав на солта - нешта кои денес се учат на училиште.

Но постои поинакив начин да се биде мудар. Знаењето по физика и хемија, нема да ви помогне во правењето суфле. Поразновидно и пошироко учење, односно она кое го подржуваме во средните училишта и на фалкултет, може всушност да биде во судир со способноста да се развие префинета, контролирана, фокусирана експертиза во одредена вештина, односно вид на учење кое некогаш рутински беше присутно во човековото општество. Низ поголемиот дел од историјата, децата започнуваа со своето образование кога имаа 7, а не 27 години.

Повозрасните отсекогаш се жалеле од младите, се разбира. Но ова ново објаснување базирано на тајмингот на развој елегантно оди во прилог на парадоксите на нашата одредена жетва на адолесценти.

Изгледа дека има толку млади возрасни кои се неверојатно умни и запознаени, но се без правец; има онакви кои се ентузијастични и динамични, но неспособни да извршат одредена задача или да доживеат одредена љубов, се додека не навлезат во своите 20-ти или 30-те години. И има и се повеќе случаи на деца кои се соочени со некомпромисната реалност за возење заради секс, моќ или почит, без експертиза или контрола на импулсите, која е потребна за да ги чува од несакана бременост или насилство.

Ова ново објаснување исто така илустрира два навистина важни и често занемарени факти во врска со мозокот и умот. Прво, искуството го обликува мозокот. Луѓето често мислат дека ако некоја способност е лоцирана во одреден дел од мозокот, дека тоа мора да значи дека е „закатанчена“ и нефлексибилна. Но всушност мозокот е толку моќно прецизен затоа што е чувствителен на искуства. Тоа е исто вистина како да се кажува дека префронталниот развој не прави подобри во контрола на нашите импулси. Нашиот социјален и културен живот ја обликува нашата биологија.

Второ, развојот игра суштествена улога во објаснувањето на човековата природа. Старата слика за „еволуциската психологија“ беше дека гените беа директно одговорни за некои одредени матрици на однесување кај возрасните - „модул“. Всушност, постојат се повеќе докази дека гените се само првиот чекор во комплексниот секвенциски развој, кој ги премостува интеракциите меѓу организмот и околината, и дека тие развојни процеси го обликуваат мозокот кај возрасните. Дури и малите промени во развојниот тајминг, можат да доведат до големи промени во она кои сме.

За среќа, овие карактеристики на мозокот значат дека справувањето со современата адолесценција не е безнадежно како што можеби звучи. Иако нема изгледи дека ќе се вратиме кон земјоделскиот живот или дека ќе престанеме добро да ги храниме нашите деца и да ги праќаме на училиште, самата флексибилност на мозокот во развој ни укажува на решенијата.

Истражувањата на мозокот најчесто се прават за да се докаже дека адолесцентите се навистина само недоразвиени возрасни - возрасни со фалични делови. Дебатите за јавните политики во врска со тинејџерите, оттука често се вртат кон прашањето кога точно извесни области од развојот на мозокот - а со тоа и на која возраст - на децата треба да им се дозволува да возат или да се мажат/женат или да гласаат - или да бидат целосно одговорни за сторени криминални дела. Но новите согледувања за мозокот на адолесцентите не значи дека префронталната лобања не се појавила; тоа значи дека тие не се исправно упатени и обучени.

Едноставното зголемуваење на возраста за возење за година или две, нема да има големо влијание врз стапката на несреќи, на пример. Она што прави разлика е да се има степенест систем во кој тинејџерите полека ќе се здобиваат со повеќе вештини и со повеќе слобода - стажирање во возењето.

Наместо на адолесцентите да им се дава се повеќе школско искуство - оние плус часови по училиштето и домашните задачи - може да им организираме повеќе можности за стажирање. АмериКорпс, федералната служба за помош во заедиците за млади, е одличен пример затоа што обезбедува и предизвици за искства од реалниот живот, и степен на заштита и надгледување.

„Однесете го вашето дете на работа“ може да стане рутинска пракса повеќе отколку на да го однесете на некој еднодневен или празничен настан, а студентите на факултет можат да минат повеќе време во гледање и помагање на научниците и наставнииците на работата, што може да биде покорисно отколку само да ги слушаат нивните предавања. Летните практични активности како што се кампувањата или патувањата, кои се сега вообичаени за деца чии родители се опседнати со обврски, можат да бидат корисни во дополнување со летна работа, односно со реални одговорности.

Накратко, добрите вести се дека не треба само да ги прифатиме развојните матрици на адолесцентскиот мозок. Ние всушност можеме нив да ги обликуваме и промениме.

Гопник е професор по психологија на Беркли универзиетот во Калифорнија, а автор на неодамна издадената „Психолошко бебе: Што ни кажува детскиот ум за вистината, љубовта и за смислата на животот“. Текстот е адаптиран од есејот која таа го објави на њњњ.едге.цом како одговор на годишното прашање на веб страна за 2012: „Кое е вашето омилено длабоко, елегантно или прекрасно објаснување?“ ат/11:41



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1282
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1606
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

26/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Артемон; Светиот маченик Крискент; Светата маченичка Томаида;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная