логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Нешто ново на културниот фронт

Минатата недела почна јавната дебата за предлогот на новата стратегија на културниот развој, 2012-2017 г. Еден по многу вредности нов, неадминистративен, неконвенционален, инспиративен документ. Различен од другите секторски стратегии, што често се „штанцаат“ по примерот на плановите на некогашните социјалистички петолетки. Веќе првата дебата, со учество на стотина култур-фронтовци, творци, консументи и љубопитници, ја покажа таа различност и иновативен пристап. Прв пат се кажа и укажа дека документот не е само список со убави желби, дека по сите големи инвестиции и инфраструктурни вложувања последните години, по организациската и менаџерска консолидација на установите, фондовите, процедурите на финансирање, конечно во идните години треба да ги почувствуваме и резултатите. Прочитав и една реакција од опозициско-културниот блок. Реакција заради реакција. Чисто без аргументи и без идеи. А идеите и тезите се најважни ако сакаме придонес за заедништвото во културата; оваа е најмалку партиска или етничка категорија.

Што е поентата на стратегијата? Има неколку вредности, иновации и придобивки во пристапот. Прв пат ваква стратегија се гради на правото на култура секому, и на еднаквиот достап на секого во културната продукција и консумација. И второ, пристапот кон културата како фактор на развој на општеството. Ова се права и пристапи што ~ припаѓаат на новата генерација човекови права, установени и од ОН и УНЕСKО и колку што е познато, само неколку земји во светот ги имаат вградено во своите стратегии и законодавство. Практично, тоа значи - „никој, ниту еден граѓанин во културата - одзади или назад“. Се разбира тоа се засега само „преамбулски определби и цели“; заслужуваат допрецизирање и фиксација, но - кај нас сега прв пат се вградуваат во културно-развојната стратегија, а барем во нашиот регион - тоа е редок случај.

Ова, самото по себе го наметнува и пристапот кон т.н. диверсификација во поттикнувањето на културната продукција и консумација. Премавнување или барем значително урамнотежување на разликите меѓу т.н. елитна и масовна или популарна култура, меѓу творештвото и потрошувачката, меѓу понудата и побарувачката. На оваа точка, веројатно, на стратегијата треба понешто да и се додаде; на пр. да се допрецизира што е тоа- правото на култура секому! Водејќи сметка за нашата актуелна социјална и образовна структура, па и мултикултурна или мулти-етничка структура. Имено, над 85% од населението се со само завршена средна школа, добар дел од нив со завршено или незавршено основно училиште, 5% неписмени а дваесетина проценти- функционално неписмени; третина од населението му припаѓа на етничките заедници од кои некои се вистински депривилегирани и депривирани.

Во основа, стратегијата го има тој пристап. Третата поента беше - културата како развоен фактор. Kако никојпат досега, во документот, културата се третира како фактор на општествен развој. Паралелен и еднаков со факторите на економијата, вработувањето, инвестициите, индустриското и земјоделско производство, со туризмот со кој, инаку имаат многу допирни точки. Ова досега не беше ниту покренувано ниту разбрано. Што значи тоа? Едноставно, ниту една владина или невладина политика, проект, програма, мерка, инвестициски зафат итн. не треба да се усвојува, ако не содржи аспект или образложение и од аспект на културата; истото, како од аспект на екологијата или, да кажеме од аспект на еднаквоста на родовите, етникумите итн. Стратегијата дава добри изгледи за таков пристап. Документот воопшто, има еден логичен и успешно изведен редослед на стратешките цели, приоритети, мерки на државата за тие цели да се постигнат.

Можеби, во него треба поизразено да се вградат уште две компоненти. Имено, документот воспоставува добра и пожелна комуникација со образовниот сектор, кој пак, инаку, не смета многу на образованието за култура. Но, треба да ја прошири понешто дефиницијата на културата во една интегрална и интегративна смисла: имено, во поимот „култура“ спаѓаат и нашата политичка култура, нашата еколошка култура, културата на просторот и живеењето, нашата физичка и рекреативна култура, итн. Значи комуникација со другите, т.н. секторски владини, државни, меѓународни политики, стратегии, мерки, институции. И потем, недостасуваат проекциите на средствата за културата, зголемувањето на средствата за култура во буџетот, во националниот доход, во општествениот бруто-производ. Kолку, во кој обем, до кога, од кои извори? Сме во време на рецесија, меѓународна и европска финансиска и должничка криза. Земјите и државите во такви периоди, најчесто воведуваат рестрикции во оваа област.

Документот поставува амбициозни цели за следната петолетка. Дали се реалистични или не? Од аспект на финансиските проекции? Ќе ни се зголемува ли бруто-производот, националниот доход, буџетот, па и нивните делови за културата? За колку реално? Kолку и во која мерка сметаме на државниот буџет, колку на вложувањата на комерцијалниот и бизнис-секторот, колку на јавно-приватното партнерство, колку на меѓународни фондации и финансирање? И колку с` ова ќе придонесе за секторот на култура да го добие сега заслуженото место во нашата општа репродукција и во нашиот акцесиски процес кон Европската Унија? Kолку оваа земја ќе се вклучува ефикасно, резултатно, творечки, во европскиот културен простор?

Ние започнавме неколку и глобални проекти во таа насока, кои досега имаа голем одзив во светот па и во ООН и УНЕСKО. Да ги споменеме само двете светски конференции за дијалог на религиите, културите и цивилизациите во Охрид. Третата претстои в година. Организираме редица фестивали и манифестации од европски и светски ранг. Нашата културна продукција интензивно се пробива во светот, неспоредливо со величината на нашата држава и нација. Сега претседаваме со процесот на соработка во Југоисточна Европа. Претстојат и други големи предизвици во областа на културата. Да ги поместиме во редот на амбициите на оваа стратегија.

Димитар МИРЧЕВ

Извор: Дневник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1460
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1788
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1663
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная