логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Под мотото „20 години слободни” култното музичко радио Канал 103 го прославува дваесетиот роденден.

Централниот настан ќе се одржи во сабота на 14 - ти мај во Младинскиот културен центар. Во име на живата македонска музичка сцена, која и по 20 години преку ова радио успева да допре до повеќе генерации скопјани кои упорно ја живеат сопствената потрага по слободата, Стотројка со гордост ќе ги претстави: Мизар, Т.Б. Трачери, Беј Д Фиш, Стринг Форсис, Легијата, Д` Џон и Вселенските бунтовници, Милко, Картер, Роботек, Дисфилхармонија, Девојка, Фонија, Канон и други.

Во галеријата и холот на МКЦ ќе биде поставена специјална изложба и аудио инсталација на тема „20 години слободни”, а предвидени се и повеќе пропратни перформанси и изненадувања, како и забава до доцна во ноќта.

Претходно, на 3-ти мај, симболично ќе биде прогласена 103 - слободна зона. На кејот на Вардар, веднаш до споменикот на Гемиџиите во живо ќе настапат Бернајс Пропаганда, Харт Строук и ХАХАХА - „острицата” на актуелната македонска независна музичка сцена. Уште една слободна зона на Стотројка ќе биде прогласена на 7-ми мај, овај пат во старата Скопска чаршија. Преку организиран упад во локалите Менада, Ла Кања и Дамар, стотројкашите ќе ги запоседнат ди-џеј кормилата и ќе нé одведат на патување низ музичките пространства на сто и третата фреквенција.

Во рамки на јубилејот, Канал 103 ќе подготви неколку тематски радио викенди во кои ќе учествуваат повеќе генерации стотројкаши и поддржувачи на радиото. Покрај музичкиот избор од најврединте парчиња музика емитувани на ова радио во изминатите две декади, програмата ќе понуди и пресек на 20 годишната историја на Стотројка како и дискусии за перспективите на овој единствен културен феномен.

Активностите поврзани со овој голем јубилеј ќе продолжат до крајот на годината.

Канал 103 почна да зрачи на 1- ви мај 1991 година. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската Радио-Телевизија, Стотројка прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.

Со почит,

Редакција на Музичко радио - Канал 103

 


Одговорен за комуникација со медиуми:

Ѓорѓи Јаневски

Контакт телефон:          077 76 81 91



Поуки од Светите Отци

krusevoexport